Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да, тие долго време функционираа по принципот раздели, па владеј, ама ги прочитавме. Јас ја почитувам намерата на Груевски да не обедини со позитивно практикување на власта, за промена. Не велам, ниту па мислам дека не прави пропусти, ама едно е сигурно, тој е единствен искрен патриот кој бил на чело на државата, и јас го поддржувам како човек кој искрено ја сака нашава татковина и работи во нејзина корист, сите други работеа во полза на нејзината штета.СДСМ својата шанса ја гледаат исклучиво во поделби.
А груевски се исклучува од таа класа на луге?????
Нека почне со него и неговата партија, и како знак на добра воља нека дозволи да се вработат не партиски и квалификувани луге во јавната администрација. Нека спороведе тендер во кој нема однапред да се знае дека нема да го добие компанија блиска до фамилијата.
Па тогаш ке почне 'обединувањето' на Македонците
А да започнеме ние како народ прво со обединувањето , па тогаш да немаат друг излез ниту Груевски ниту Црвенковски ниту кој и да нивен предходник или следбеник,а ?
Зборувам за народот, кој не тера мене и тебе да се делиме партиски , да се вреѓаме и напаѓаме и да си ги уништуваме домовите и иднината, оти така намислиле шефовите на некои партии ?
Ајде нема проблем и јас сум за!!!
Само знаеш рибата смрди од главата, штом главата има следбеници.... дур не добијат наредба и одобрение џабе ние се сплотуваме :smir::smir::smir:
СДСМ својата шанса ја гледаат исклучиво во поделби.Како и да е бидејки античкото минато беше намерно загушувано цели 60 години во последно време се повеке добива на популарност бидејки она што е криено и непознато е поинтересно за јавноста.Археолозите и научниците преку средствата за информирање ги кажуваат своите најнови резултати.Тука СДСБЦ ја виде својата шанса да ја вмеша историската наука во дневнополитички цели.Се потиснувало славјанството што апсолутно не е точно владата ни го нишала идентитетот(оној створениот од време комунизма) и сл.СДСБЦ скапо ке плати за тоа вулгазирање на нашето минато бидејки нивна задача е да се бават со актуелни политички збиднувања.Се дрзнаа да им се мешаат на стручњаците за историја во работата па да ни кажуваат која компонента преовладува кај нас што е недопустливо
Еве ти си жив пример за поделеност кај народот на леви и десни:costumed2За тој Б.Ц. што постојано го критикувате самите ДПМНЕ тврдевте дека доколку Б.Ц. бил од ДПМНЕ никогаш немало да падните од власт.
Да престанат делбите во Македонија на антички или словенски Македонци, побара денеска премиерот Груевски.
На граѓаните им е премногу што се делат и партиски, премиерот пораката ја насочи кон опозицијата.
„Македонија има само Македонци и мислам дека е крајно време политичарите да престанат да го делат народот на антички, на словенски или на не знам какви“, рече премиерот Груевски.
„Сите ние сме Македонци и сите ние треба заеднички да продолжиме да ја градиме Македонија без такви поделби. Малку му е на народот што длабоко е поделен партиски и уште како ли не, па сега уште да ги делиме на антички или на словенски Македонци“, додаде Никола Груевски.