Груевски бара единство од дијаспората

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Бројната македонска заедница во Австралија годинава се стекнува со две значајни придобивки. Правото на учество на парламентарни избори во Македонија, и можноста пензијата да се добива во татковината.
Добар повод за срдечен пречек на македонскиот премиер Груевски во Сиднеј, од каде започнува неговата неколкудневна официјална посета на Австралија.
Македонската заедница во Австралија, според официјалната статистика брои околу 85.000 луѓе. Големи патриоти по прашањето за името, но не единствени по многу други прашања. Најраскарани за црквата. Со години неможе да се реши спорот за имотите.
Потрошија многу пари по судови, но црковниот проблем е се подлабок. Премиерот Груевски ги запозна иселениците со состојбите во матичната земја, и со приоритетите на неговата влада. Побара сплотеност.
„Не можеме да ја оствариме нашата цел ако сме разединети. Мора да постојат разлики, но кога станува збор за стратешките и националните интереси, мора да постои обединување и сплотеност“, изјави Груевски.
Помладата генерација иселеници се обидува да се тргне настрана од споровите што ги водат нивните повозрасни сонародници. Добро етаблирани во австралиското општество, младите Македонци бараат повод да се вратат во татковината.
Договорот за социјално осигурување, не е доволна причина, но е многу важен, како за македонската дијаспора во Австралија, така и за Македонија како прилив за девизи, ќе биде потпишан утре во Камбера, на средбата на Груевски со австралискиот премиер Кевин Рат.

извор а1

покрај овој договор исто мислам е потпишан со Канада , за УСА не сум сигурен.
плус најавеното гласање на дијаспората се потези кои одат во прилог.

јас дури би предложил во МНР нели имаше секција која треба амбасадорите да ловат инвестиции и слично која не дава резултат, да на тоа поле се стават луѓе од дијаспората кои во своите земји мислам би си ја завршиле подобро работата.
 
Ќе го добие.

Но дијаспората бара од Груевски и од екипата да не се менува името!
 
Сега читам во исто време Борисов и Парванов го обвинуваат за територијални претензии за таа изјава (дека независно од кој дел на Македонија се иселиле се Македонци) во Австралија, а Божо лае ли лае никој не реагира. Се мислам дали бугарите ни спремаат сопки за во случај да се најде решение на спорот со грците.
 
Тие и не престанаа да јадат трици против нас, а сопките се подразбираат, но нереагирањето од наша страна е подобро отколку да им се дава на значење. Множење со нула.
 
Сега читам во исто време Борисов и Парванов го обвинуваат за територијални претензии за таа изјава (дека независно од кој дел на Македонија се иселиле се Македонци) во Австралија, а Божо лае ли лае никој не реагира. Се мислам дали бугарите ни спремаат сопки за во случај да се најде решение на спорот со грците.

Да ова ќе е ама телохранителот кој по некој случај залутал во политиката ако е паметен не би ја бркал мувата од капата.

Сега читам во исто време Борисов и Парванов го обвинуваат за територијални претензии за таа изјава (дека независно од кој дел на Македонија се иселиле се Македонци) во Австралија, а Божо лае ли лае никој не реагира. Се мислам дали бугарите ни спремаат сопки за во случај да се најде решение на спорот со грците.
И уште нешто:Кога би се решил проблемот со Грците па и Татарите тогаш можеш да очекуваш удар и од другите соседи.Тогаш ќе се бараат права и слободи за религиозните убедувања итн итн.....
 
Единство од дијаспората?Зошто?
Дијаспората со ништо не помага на Македонија,освен што ќе му помага на Груевски во наредните избори!Не ми е јасно Груевски игра на сосема погрешна карта,или па кога подобро ќе размислам дијаспората е клучот за неговото одржување на власт!:toe:
 
чија е бе таа дијаспора?
колку фамилии преживуваат од дијаспората знаеш?
каде во изминатие години од 45 до 90 највеќе се негуваше и одржаваше идеалот за независна Македонија?
срамота си еј, постави вака тезите дијаспората може да подржи и опозиција не е венчана за груевски..,а ако мислиш дека е позади груевски е тогаш пак прашај се зошто е тоа ТАКА????
 
Единство од дијаспората?Зошто?
Дијаспората со ништо не помага на Македонија,освен што ќе му помага на Груевски во наредните избори!Не ми е јасно Груевски игра на сосема погрешна карта,или па кога подобро ќе размислам дијаспората е клучот за неговото одржување на власт!:toe:

Ај скриј се.
 
Нормално е луѓето кои се во странство да ги помагаат семејствата во Македонија!Зошто дијаспората не вложи во македонската економија?
Не знам како функционира политиката во Австралија,или на било кое место каде има македонцки,ама кај нас политиката е гнасна игра!Груевски гледа во дијаспората гласови на наредните избори,ништо друго!
а дали нашата дијаспора од која се бара помош , треба да ја амнестираме од политичкиот живот во матицата а??/
или само пушти е битно...како тие и нивните потомци ќе се идентификуваат какао Македонци ако ние нив ги маргинализираме???
давањето на право на глас на некој начин е и поделба на одговорност за судбината на Македонија чии чеда и потомци несомнено се и тие!!!
 
Пак ќе прашам!
Колку дијаспората инвестирала во македонската економија?
И ќе констатирам дека Груевски игра со дијаспората само заради избирачки гласови!:wink:
 
Пак ќе прашам!
Колку дијаспората инвестирала во македонската економија?
И ќе констатирам дека Груевски игра со дијаспората само заради избирачки гласови!:wink:
Naturlich,тие се единствените луѓе врз кои не влијае неговата ретардирана политика и полесно се лажат-неговиот народ свати дека не е ништо поразличен од тие што ги симна од власт и сега по туѓина ќе бара поддржувачи пошто пола од нив не се вратени овде 10години и не знаат како е кај нас...
 
Пак ќе прашам!
Колку дијаспората инвестирала во македонската економија?
И ќе констатирам дека Груевски игра со дијаспората само заради избирачки гласови!:wink:

Па како беше,милијарда долари годишно идеа.
 
Па како беше,милијарда долари годишно идеа.

Не знам можеби тие пари оделе за политички кампањи,иначе досега ќе се видеше некој ефект од нив.
Пази,јас имам многу роднини во дијаспората меѓутоа тие мене не ми помогнале,а и јас и моите не сакаме помош и жалење.Колку толку способни сме за леб да извадиме.
Дијаспората го има тоа право да партиципира политички во матицата,тоа јас не го одреков,ама зар не гледате дека има игра во сето ова?!
Грчките инвеститори во јужна македонија(вакви,такви) ги има повеќе од колку цела дијаспора која вложила на цела територија.
Од "чукачи" в гради прегу глава ни е дојдено,време е за резултати!

поздрав
 
Единство од дијаспората?Зошто?
Дијаспората со ништо не помага на Македонија,освен што ќе му помага на Груевски во наредните избори!Не ми е јасно Груевски игра на сосема погрешна карта,или па кога подобро ќе размислам дијаспората е клучот за неговото одржување на власт!:toe:

Kako mozi da se odrzi so 4 ili 6 mesta vo parlamentot? Kolku godini i da ne se vrateni vo red e toa sto razgovara so dijasporata zatoa sto i pokraj se dijasporata e najgolemiot lobist za Makedonija. Priznavanjeto od SAD bese izlobirano tokmu od dijasporata i dijasporata ne e za zanemaruvanje vo toj pogled, dodeka pak investiciite poleka no sigurno ce dojdat. Treba sigurnost, a Makedonija bas toa go nemase no rabotite se podobruvaat ce bide i toa.
 
Не знам можеби тие пари оделе за политички кампањи,иначе досега ќе се видеше некој ефект од нив.
Пази,јас имам многу роднини во дијаспората меѓутоа тие мене не ми помогнале,а и јас и моите не сакаме помош и жалење.Колку толку способни сме за леб да извадиме.
Дијаспората го има тоа право да партиципира политички во матицата,тоа јас не го одреков,ама зар не гледате дека има игра во сето ова?!
Грчките инвеститори во јужна македонија(вакви,такви) ги има повеќе од колку цела дијаспора која вложила на цела територија.
Од "чукачи" в гради прегу глава ни е дојдено,време е за резултати!

поздрав
ова од шо ја сакаат Македонија и македонците...кои инвеститори бе, да не беше окта во промили и тие ќе беа.

впрочем, поданички менталитет бе ете..вакви такви арни биле грците.....проблемот со еден број македонци со мало м, е тоа што вие не сакате слобода вие саката сигурност некоја, егоисти....

во иднина можеби и ќе се живее подобро тоа не го знаеме, ама ако сега се клецниме со името генерации за векови ќе го живеат нашиот срам!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom