asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Грција навива Груевски да победи на изборите и потоа да коалицира со ДУИ
Државниот врв на Грција се надева на победа на партијата на Никола Груевски на предвремените избори во Македонија, и потоа негово коалицирање со ДУИ на Али Ахмети.
Ова во своето денешно издание го пишува грчкиот весник Та Неа. Во текстот се вели дека Атина претчуствува дека еден позитивен изборен резултат во Скопје е единствена можност за еден фер компромис во спорот со името.
“Како позитивен изборен резултат во моментов Атина го смета засилувањето на позициите на Никола Груевски, така што тој нема да се плаши да направи компромис за името. Грција се надева дека новата македонска Влада ќе ја состават партијата на Груевски и Али Ахмети со неговата Демократска унија за интеграција, оти во спротивно ќе биде сигурно оти ќе има постојано инциденти во Тетово и дестаблизирање на државата“, објавува Та Неа, повикувајќи се на дипломатски извори, со искуство од Балканот.
Според весникот, првенствено Грција, исто како и САД, била негативно расположена во однос на предвремените парламентарни избори во Македонија, сметајќи оти тоа ќе ја забави процедурата за решавње на спорот со името.