Уште нешто за Коине јазикот - 
   Коине (Кини), претставува прв службен јазик во светот кој го создале Македонците.[FONT="][/FONT]
[FONT="][/FONT][FONT="]Потребата од еден унифициран јазик се наметнала поради понекогаш големите разлики во дијалектизмите на одделните македонски наречја од различните македонски племиња кои покрај другото учествувале во воените походи  и градењето на македонската империја. Македонците  не го создавале таканаречениот Коине јазик за да се разбираат со туѓите народи (вклучувајќи ги и Грците) од едноставна причина што тие биле победници и не морале да се трудат да ги разбираат туѓинците, туку тие туѓинци 
морале да ги разбираат Македонците. А бидејќи постојат и денес наречја во Р. Македонија кои тешко би ги разбрале самите ние, а камо ли некој странец кој во таков случај треба да научи 5-6 
македонски јазици,ние денес си имаме службен јазик.  [/FONT][FONT="]Никој не прави јазик за туѓите народи  да се разбираат меѓусебно, дури многу е тешко на некого да му наметнеш измислен јазик, побрзо ќе научи туѓ јазик. Дека Коине бил своевиден Есперанто е само измислица. Името 
Коине (се изговара како 
Којне) е слично со дијалектизмот 
којне (ковење, заковување) и може да се претпостави дека како што при ковењето се составуваат различни делови во една целина, така и новиот јазик е составен (скован) од различни составни делови - зборови. Затоа и денес, кога имаме нов збор составен од два засебни зборови, велиме дека новиот збор е 
кованица. 
[/FONT]
[FONT="]Иако, според некои извори, во новиот јазик имало зборови на повеќе од 40  тогашни јазици, сепак мислам дека тоа во основа бил 
македонски службен јазик, а зборовите од другите јзици (доколку имало такви) не верувам дека биле во забележително количество. Доколку се прифати таквиот став за 40-тина јазици, на прашањето - а кој јазик е тој што го говориш?, слободно може да се одговори - а КОЈ НЕ е!  [/FONT]

[FONT="] Ајде и вака да размислиме - дали во тогаш освоениот свет, од страна на Македонците, 
имало толку многу  различни јазици? [/FONT]
  [FONT="]Во грчкиот јазик зборот 
коине значи и 
спогодба, 
договор, но и 
нов, нешто 
ново, па ако така се толкува овој збор, името којне би значело : или 
нов јазик, или 
спогодбен јазик, 
договорен јазик, за разлика од мајчиниот јазик.  [/FONT][FONT="]Заради сличност овде ќе го анализирам и следното име познато од Библијата : [/FONT]
  [FONT="][/FONT]
Каинос[FONT="]исто така значи нов, или ако баш сакаме  да споредуваме, ова име на македонски се преведува како 
Нове. Именката Коине е најверојатно импорт од грчкиот јазик (или тие така го викале македонскиот јазик) затоа што формата и значењето на овој збор и името 
Каин се исти за двата збора. [/FONT][FONT="][/FONT]Apropo,името 
Каин(
ос) е дополнителен факт кој го насочува мислењето кон тезата дека Грците се Семитски народ (
темна бела раса) или пак се народ близок на таа раса. [FONT="][/FONT][FONT="]Со доселувањето во Европа тие со себе го донесле и својот јазик, но и својата митологија  која  вешто ја вклопиле (всушност искомбинирале) со веќе постојната митологија на 
Пелазгите (нашите предци).  Следствено на тоа и Библиското име на адамовиот син Каин  значи : 
Нов, или во современиот македонски ономастикон 
Каин би се викал 
Нове.   
[/FONT]
[FONT="]Во Библиската генеологија се наоѓаат и некои имиња кои потсетуваат на оние поврзани со Македонија. Така, се споменува дека после раѓањето на Каиновиот прв син 
Хенок, Бог му допуштил на 
Каин да се одмори од скитањето и да го подигне градот 
Хенок во чест на таа случка. 
Каин после тоа подигнал уште 6 градови : 
Маули, 
Леет, 
Теце, 
Јеска, 
Келет и 
Теббат;  а неговата жена 
Темех му родила уште три сина : 
Олад, 
Лизаф, и 
Фосал и му родила уште и две ќерки : 
Кита и 
Маак. Имињата на овие две ќерки на Каин, потсетуваат на името Китим (со кое во Библијата : Макабејската книга), се нарекува македонската земја, а пак името на другата ќерка не треба ни да го коментирам (освен ако не му побараат копирајт на Страшо Ангеловски и неговата партија ако уште постои[/FONT]

[FONT="]). [/FONT]
  [FONT="]Но, да ја разгледаме  работата и од малку понаков агол.  Имено, Грците е можно само да ја прилагодиле легендата за Каин и Абел (не бел) на онаа со митските јунаци 
Агенор и 
Бел.  
Агенор е имено, грчки облик на именката 
Канаан, а 
Бел е истото тоа за Богот 
Баал. Тие синови близнаци на 
Посејдон и 
Ламија се родиле наводно во 
Египет, откаде што 
Бал го изгонил 
Агенор. После тоа, 
Бел раѓа други близнаци : 
Данаја и 
Египет, чиј што спор продолжил тогаш кога 
Данајевите ќерки ги убиле 
синовите на 
Египет. Од изнесеново се гледа колку вешто се дотерувани митовите и прилагодувани според потребите на некого, нешто што го споменав на почетокот. [/FONT]
  [FONT="]Веројатно постои историска врска помеѓу 
Каин братоубиецот и племето на 
Кенијците ([/FONT]
Qeni[FONT="]) кои се нарекуваат и со збирното име 
Кајин (Броеви 24 : 22 ; Судии : 4:11) кои што биле пустинска етничка заедница која што живеела јужно од 
Израелците. [/FONT][FONT="]
Кенијците или 
Каинитите, се споменуваат за првпат како еден од десетте народи кои ја населувале 
Палестина во 
Авраамово време (Постанок : 15:19).   
Билеам, месопотамски гатар  (бајач), ги вбројувал 
Кенијците меѓу непријателите на 
Израелците, кои што живееле на југ и исток од нив (Броеви : 24 : 17-22), односно помеѓу племињата 
Моаб, 
Шет, 
Едом, 
Сеир и 
Амалек.  [/FONT]
Малку забегав, а? :smir:. Нејсе, чувствувам дека некако сето е поврзано, а вистината како да се крие тука некаде... 
 
[FONT="][/FONT]
  [FONT="]А, да. Истиот збор 
Коинос може да значи и 
нечист, 
нееднороден, нешто што има 
примеси, што сепак не го оддалечува од основното значење.[/FONT][FONT="][/FONT][FONT="][/FONT]