theMac3donian
Мак3донецот
Епа сега и двете земји се во НАТО и двете земји ќе си соработуваат. Нивна работа. Ние само може да гледаме и си седиме, додека они си се јакнат. Нека си вежбат во својот политички потег, ама да не заплашат нема.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Грција купува оружје од моќни европски земји
По набавката на француските авиони „Мираж“, Грција од неодамна почнала разговори за купување оружје и техника од компании од Германија, Шпанија, Италија, земји кои беа меѓу повоздржаните на Самитот во Букурешт, кога се одлучуваше за поканата за Македонија за НАТО.
Планот, според дипломатски извори, е вкупната сума за набавки на Грција оваа година да се зголеми на 8 милијарди евра.
Грчкиот државен врв веднаш по самитот инсистирал на склучување договори со Франција, која беше најголем прогрчки лобист. Набавени се 15 борбени авиони „Мираж“. Тендерите Франција ги добила во битка со американскиот „Боинг“, чија понуда била отфрлена.
Во план е купување и подморници и фрегати. Најголеми фаворити за добивање на тендерот се фирми од Германија, Италија и Шпанија.
Дипломатски извори велат дека ваквото забрзано купување оружје може да се толкува како еден вид благодарност од Атина до земјите кои во Букурешт не покажаа наклонетост кон Македонија. Ова особено било изразено кон Германија како моќна земја членка на НАТО. Се планира од оваа земја наместо од Русија да бидат купени и борбени оклопни возила, тврдат дипломатите.
Инаку, Грција има 10-годишен план за набавка на оружје од 27 милијарди евра од 2006-2015 година. Воениот буџет на оваа земја е 3% од БНП и е еден од највисоките во ЕУ. Поради ова Брисел веќе ја предупреди Грција да го намали воениот буџет.
Јас сум шокирана!!!Прашање до вас.
Се надевам дека некој ќе знае да ми одговори, на што се однесува следново.
Грција на 17 јули оваа година ги задолжи сите жители да си го пререгистрираат имотот.
За таа цел обезбедила 76 пункта, во 107 области и сета таа процедура ќе ги чини 35€ , а за паркинг место плус 20€ .
Се прашувам дали ова е поврзано со писмото на премиерот Груевски упатено до караманлис http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=25811 .
Исто така рокот за пререгистрација на имотите им е до
30 септември.
Ви значат ли нешто овие дати????