- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
Грчката криза е закана за целата ЕУ
Граѓаните на ЕУ повеќе сакаат да ги спасуваат своите држави отколку другите членки на евроклубот. Дури и Грција да излезе од бездната, Унијата ја чека нова криза, зашто долговите стрмоглаво се зголемуваат
Грчката криза не е закана само за еврозоната, туку за целата ЕУ. Во прашање е доведена основата на европското единство, кое се градеше во изминативе 60 години. Ако Унијата не направи чекор напред и не интервенира политички во Грција, таа ќе оди наназад и долгиот процес на европска интеграција ќе биде ставен на огромен тест, нагласува „Фајненшл тајмс“.
Жак Делор, претседателот на Европската комисија што го предводеше создавањето на единствениот пазар во 1980-тите, тогаш нагласи: „Не создаваме само единствен пазар, туку и политичка унија“. Создавањето на единствениот пазар значеше проширување на европското право и намалување на националниот суверенитет. Истите политички идеи важат и при создавањето на единствената европска валута во 1990-тите. „Татковците“ на еврото валутата ја сметаат за чекор напред кон политичка унија.
Ваквите идеи зедоа сé поголем замав по завршувањето на Студената војна. Франција стравуваше оти Германија повторно ќе завладее со Европа, па сакаше да ја обврзе земјата преку единствена валута. Берлин ја прифати понудата во замена за ветување за јакнење на политичкото единство во Европа. Германските граѓани никогаш директно не беа прашани за ова и тоа може да му се врати на еврото како бумеранг.
ОД МОНЕТАРНА ДО ПОЛИТИЧКА УНИЈА
Герхард Шредер, германски канцелар во времето кога првите евра излегоа од банкоматите, веруваше дека монетарната унија се движи кон политичка унија. Романо Проди, наследникот на Делор на претседателската функција во Европската комисија, дури и се надеваше на криза во еврозоната, која, според него, ќе предизвика поголемо политичко единство.
Сега кризата зема сé поголем замав и очигледно се потребни големи политички чекори, какви што предвидуваа „татковците“ на еврозоната и на ЕУ. Логичен политички одговор на кризата во Грција (а и во Шпанија, Португалија и во Италија) можеби е создавање заеднички европски даноци и механизам за големи фискални трансфери меѓу земјите на ЕУ.
Засега нема знаци за создавање вакви механизми. Европа е заглавена. Проблемот е што принципот „прво економија, па потоа политика“ претпоставува дека економијата ќе диктира одреден политички одговор. Но демократската политика вклучува избор, нагласува „Фајненшл тајмс“.
Традиционалниот метод на ЕУ би функционирал во случај кога политичките промени, предизвикани од претходно донесените економски одлуки, не би им изгледале неправедни и контроверзни на обичните гласачи. Но политичкиот одговор што е потребен за надминување на еврокризата ги засега сите граѓани, бидејќи вклучува одлуки за оданочување и за трошење пари.
НЕМА ЕВРОПСКА СОЛИДАРНОСТ
Ваквата ситуација ја разоткрива вистината што сакаат да ја прикријат тврдокорните „проевропејци“ - дека граѓаните на ЕУ сé уште се многу поприврзани кон своите држави отколку кон Унијата. „Европејците“ повеќе сакаат да ги спасат своите сограѓани отколку граѓаните на други држави на ЕУ. Западна Германија потроши милијарди евра за развој на Источна Германија, но Германците не сакаат да трошат многу на Грција или на Шпанија и Италија. Германците можеби себеси се сметаат за Европејци, но кога од нив се бара да напишат голем чек за Грците, тие повеќе се чувствуваат како Германци.
Што во ваква ситуација? Грција можеби ќе се извлече од бездната, но во период кога националните долгови стрмоглаво се зголемуваат, наредната еврокриза можеби ќе се случи за само неколку месеци. Државите на еврозоната тогаш повторно ќе бидат прашани дали сакаат да и помогнат на некоја членка. Ако одговорот биде „па, не баш“, тогаш еврозоната можеби ќе треба да исфрли некои од најслабите алки.
Но последиците се поголеми од иднината на единствената европска валута. ЕУ ќе ја зафати нова криза на доверба, при што ќе бидат доведени во прашање сите придобивки што беа остварени во изминативе децении - од доселеничката до социјалната политика.
Германски економист ќе тужи ако некој и помогне на Атина
Германски професор по економија и голем противник на еврото најави тужба ако Германија или други земји од ЕУ и доделат финансиска помош на Грција.
Вилхелм Ханкел (81), кој со тројца свои колеги во 1998 година неуспешно го оспоруваше воведувањето на еврото пред германскиот Уставен суд, во интервју за „Ханделсблат“ нагласил дека е подготвен да го стори истото ако некој и помогне на Грција.
- Правната забрана за финансиска помош на Грција е јасна - изјавил тој.
Некои правни експерти велат дека евентуална помош за Грција на ниво на ЕУ би била нелегална, додека други сметаат дека одлуката е политичка.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=224101035453&id=11&prilog=0&setIzdanie=21918