Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Албанија го ковала лавот на монети уште пред 90 години

Лав опкружен со дабови лисја

Така, први од ковачницата на пари излегле монетите со вредност од четврт лек на која централно е прикажан лав кој оди, а под него ја пишува годината на ковање - 1926. Над лавот со големи латински букви пишува SHQIPNI. На аверсот, односно, на предната страна, е напишана вредноста на монетата во форма 1/4 и извиено дабово гранче.

Дебилизам од новинарство....
Венецијанска Република

venezia4.jpg


Значи шипците се Италијани...или италијани те се шипци...
Или оваа врска нема врска едно су друго како што македонскиот лав НЕМА ВРСКА со другите лавови...
Македонскиот е Македонски...
 
СТИЛИЗИРАН МАКЕДОНСКИ ГРБ НАЈДЕН ВО ГРБОВНИКОТ ВО ГРАЦ ОД 1620 ГОДИНА. МАКЕДОНСКИ ГРБ.jpg . ИДЕАЛЕН ЗА ДРЖАВЕН ГРБ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА![DOUBLEPOST=1422455607][/DOUBLEPOST]СТИЛИЗИРАН МАКЕДОНСКИ ГРБ=Македонскиот грб во Оловскиот Грбовник во Болоња од 1689 година lav1.jpg
 
Последно уредено:
@jonovski

можеш ли да ја споделиш литературата врз која е предложена таа круна за новиот грб?

Несомнено денеска преовладуваат примерите со градови кои користат мурална круна, но јас лично не најдов никакво хералдичко упатство ниту дадени правила за употребата на круни.

Во тоа што го најдов генерално, се вели дека муралната круна требало да ја симболизира поновата историја, во која земјата добила суверенитет и претставува земја на слободни граѓани.
Муралната круна е симболот на Цивитас Романа, симболизирајќи го погоре кажаното врз основа на правото кое им било дадено т.н. Иус Италикум, според кое римските колонии и градови кои се наоѓале надвор од италијанскиот полуостров , меѓу кои е спомнато и нашето Стоби, биле признаени за рамноправни римски градови и живееле според римските закони.

Другиот пример со Втората Шпанска Република, употребата на муралната круна се поврзува со превземање на власта од страна на анти-монархистите. Ова означува повторно владеење на широки граѓански слободи, кои им биле дадени на луѓето со новиот Устав, кој истовремено го лишил кралското семејство и благородничката класа од било какви посебни правни привилегии.

А според некои други извори симболиката на муралната круна се поврзува со “освојување/заземање на тврдина“, односно симболизирајќи победа.
Квадратестите врвови на тврдините исто така претставуваат “подготвеност за борба“.

Според објаснувањето во шкотскиот прирачник за хералдичките принципи, во кое се вели дека муралната круна им била доделувана само на истакнати војници/водачи.
Scots Heraldry: A Practical Handbook on the Historical Principles and Modern Application of the Art and Science - By Sir Thomas Innes of Learney

@jonovski

Не добив реплика, но доколку си во можност сеуште ме интересира одговорот.

Кога ќе излезе новиот број на Хералдот?
 
Не ми е јасно зошто не го искористивме примерот на Сан Марино како круна за грбот. Факт е дека Сан Марино е најстарата република на светот, а сепак ја користи затворената круна.
 
@jonovski

Не добив реплика, но доколку си во можност сеуште ме интересира одговорот.

Кога ќе излезе новиот број на Хералдот?

@jonovski се надевам ќе ја продолжиме дискусијава?
 
Поздрав,
Чекајќи ја разрешницата за грбот, решив да пишувам книга за симболите на Македонија.

еве нешто непубликувано до сега. Грбот е познат, но изворот не е спомнат до сега. Станува Збор за капиталното дело од хералдиката на Силвестро Петра Санкта (по кого се нарекува и преставување на боите со хералдичкото шрафирање) од 1638 година.

https://archive.org/stream/tesseraegentilit00piet#page/4/mode/2up

Се надевам следниот број на гласникот да излезе на 10 јуни, меѓународниот ден на хералдиката.
 
http://heraldika.org.mk/?p=16

Симболите на Македонија

Издавачката куќа Силсон во октомври 2015, ја објави книгата Симболите на Македонија, каде на 376 страни со преку 600 илустрации се претставени симболите на Македонија и нивниот развој.
Познавањето на симболите е од неизмерно значење за секоја земја. Ова најлесно се согледува во фактот што практично нема земја во светот без знаме, грб и химна. Изучувањето на хералдиката и вексилологијата е од државно значење во целиот цивилизиран свет. Македонија има огромно историско и културно богатство преплавено од најразлични симболи. Делото Симболите на Македонија од Јован Јоновски несомнено претставува камен темелник на современото истражување и проучување на македонските симболи како низ историјата така и денес. Во него се разработени речиси сите аспекти од развојот и примената на симболите во Македонија. Делото опфаќа семиотика – теоријата на симболите, хералдика – наука за грбовите, вексилологија – наука за знамињата, химнологија – за химната и фалеристика – за медалите и ордените.
Она што особено го прави ова дело значајно е неговиот сериозен, сеопфатен и строго научен пристап кон хералдиката и вексилологијата. Во таа смисла делово претставува прво дело во македонската наука од овој обем кое се занимава со хералдиката не како некаква помошна историска дисциплина туку онака како што е исправно, имено, како самостојна мултидисциплинарна наука која во себе опфаќа историски, културолошки, социјални и правни односи меѓу грбовите со нивните грбоносци и грбовите меѓу себе. За ова сведочи делот на живата хералдика претставен од месно – хералдичкиот систем на Македонското хералдичко здружение и личната хералдика и секако, обидот сериозно да се обработи и пообемен терминолошки материјал.
Јоновски со своето дело прави сериозен придонес во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија со што на најдостоен начин го продолжува она што беше започнато од Александар Матковски во втората половина на минатиот век. Особен интерес за македонсктата наука претставуваат грбовите на кралот на Македонија како и грбовите на Александар Македонски чије овдешно претставување е резултат на голгогодино истражување.
Делото е напишано на научно – популарен стил и изобилува со илустративен материјал што го прави пристапно и исклучително интересно четиво. Во него се наоѓаат многу одговори во врска со симболите на Македонија, но истото покренува и нови со што создава основа за нови понатамошни научни истражувања.
 
Последно уредено:
Да се држи во рака книгата Симболите на Македонија е како да се држи грбовникот Корениќ- Неориќ од1595 во рака.


 
Македонски хералд број 9 за жал се уште не е излезен па еве сликат акоја што ја ветив од мојата книга Симболите на Македонија.

Анализа на грбовите на Македонија од опфатени во Книгата Грбовите на Македонија од Матковски, според бојата на штитот и на лавот.

crveniot-lav-kaj-matkovskixlsx.png
 
Beric, тоа не е „вентилаторот на Грчев“, тоа е знамето на Република Македонија.

:oeoeoe:[DOUBLEPOST=1449330768][/DOUBLEPOST]Да ја сумирам табелата на jonovski:

• златен лав на црвен штит - 11 пати
• црвен лав на златен штит - 13 пати

:unsure:
 
Beric, тоа не е „вентилаторот на Грчев“, тоа е знамето на Република Македонија.
Тоа навистина за наша несреќа е знамето на република Македонија, кое наместо национални симбол(и) го има вентилаторот на Грчев.
 
Знамето на Република Македонија има токму еден од националните симболи - златно сонце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom