L
.Lost Angel.
Гостин
Погледнете како сега се загрева некогаш најтоплата сала – „Градски парк“
Изминативе 15-тина години кошаркарскиот храм „Градски парк“ важеше за пример за тоа какви услови треба да имаат спортистите особено во зимскиот период. Приклученоста на централното градско греење на Работнички му овозможуваше нормални температури и во најстудените денови. Но тие времиња веќе се заборавени.
Радијаторите што беа крај теренот веќе ги нема, а кошаркарите наместо во нормална опрема, тренинзите и загревањата ги извршуваат со што е можно повеќе облека на себе. Студот веќе станува голем непријател за кошаркарските вљубеници на трибините во „Граски парк“. Приказната е спадната на едно грејно тело – тајфун и тоа од марката „направи сам“. Вечерва, пред мечот на Работнички со Вардар, тој успеа да ја обезбеди потребната температура барем на паркетот. Но самиот поглед кон него носи тага во очите на сите искрени љубители на кошарката, особено кај тие што добро ги паметат славните денови на кошаркарскиот храм, кој веќе навлегува во шестата деценија од своето постоење.