Говор на омраза на интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Тапа хумор еј, ептен тапа.

Него човекот праша за друго. Не верувам дека до тоа ниво се иде да се прават досиеја и тоа да ти влијае понатака за ствари ко вработување, али на форумите низ државата сигурно се набљудуваат постовите, барем у оние теми кај што може да постојат можности за договарање меѓу членовите со цел да се наштети на државата надвор од форумот на било кој начин, организирање на некакви противзаконски настани или слично. Секако, такви постови сигурно се спречуваат и од администрацијата веднаш штом се забележи. Али според мене тоа би бил надзорот за кој прашуваш, а какви мерки се спроведуваат во такви случаи не можам да кажам, али најверојатно не е до тоа ниво ко што ти опиша, може само превентивно. А тоа за набљудувањето секако не е до форумот и оние кои го управуваат, туку јасно е дека секој може како гостин да набљудува што се пишува без никој да дознае за тоа, и ако дојде до некаква си потреба, да интервенира, што не верувам дека некогаш дошло до таква работа.

*Сето ова е мое лично мислење и шпекулација, и во никој случај не тврдам ништо со сигурност* :)

Како и да е, за вакви работи повеќе внимание се обраќа на фејсбук, имам познаничка која за таков "говор на омраза" и било јавено дома да го избрише статусот, такада само за тоа сум сигурен.
 
Последно уредено:
Се шпионира на велико друже и тоа ниту е тајна ниту е од вчера кажано. Во цела Европа, Америка провајдерите чуваат податоци за тебе 12-24 месеци. За оваа тема може до утре да се дискутира.[DOUBLEPOST=1400817509][/DOUBLEPOST]П.С Пошпионска алатка од фејсбук воопшто и не ти треба. Сами луѓето на велико си ставаат приватни податоци нит да се помачат тајниве служби ни ништо.
 
Последно уредено:
Дувајте га демони!
maxresdefault.jpg
Никој бе не се замрат шо си пишал, да беше така сите досега в апсана ќе лежевме, вака ко шо кажвате:)
 
Не верувам дека некој не следи што меѓусебно си пишуваме.
Ни јас не успевам да ги прочитам сите постови, а камо ли некој од надвор.
Но ако следат, еве ги известувам , да ме имаат во евиденција:
Јас мразам зонско и пајаци + топлификација + регулаторна. А ги мразам и тие што ги подржуваат зонашите и беговите.
Значи јас сум полн со омраза
 
Петиција: На Kајганџиите со смисла за хумор ко на @scary да им се дозволи да паркираат на местата кои се обележани за инвалиди.

еве типичен говор на омраза од човек @Forrest Gump без смисла за хумор,ги молам надлежните да реагираат
 
Последно уредено:
Тоа дека има омраза има. Ама јака нација сме на тастатура, диодата на capslock-от на многу тастатури е прегорена.
Можеби треба да почнат да апсат и за неписменост.
Да апсат за неписменост, форумите, улиците, кафетериите ќе бидат празни. :D
 
Пошпионска алатка од фејсбук воопшто и не ти треба. Сами луѓето на велико си ставаат приватни податоци нит да се помачат тајниве служби ни ништо.
Ова јас кога го зборев уште пред неколку години, сите ми се смееја.

Не следат баш се што ќе се напише. Гледај да немаш муабет околу атомски бомби, ЦИА, КГБ/НКВД, Мосад, Бин Ладен (грешка ова е поминато веќе), тероризам и слично. Нивниот софтвер ги детектира овие зборови прво, па оди на понатамошна анализа целиот муабет. Не се плаши, нема да и кажат на жена ти дека имаш швалерка (освен ако си некој влијателен во политика, па да им биде од корист тоа) :cool:
 
Нека се прашаат сопствениците на форумот шо е нивни , ни заштитено од лични податоци ни ништо,другар мој кој превезувал такси,патници од Скопје Солун , пишал дека шо прави како прави , му дошло закана утредента ,се пожалил кај главниве на форумов ,они со одговор дека не е така и го банираа после на форумов, аксес забранет ,значи искрено до сите предупредување , еден мој совет , не оставајте лични работи на форумот , дистанцирајте се од тука ,случајно ја забележав темата и сакав да ви објаснам , ни заштитено од страна на модераториве ни ништо , не е безбеден форумот
 
Не е којзнае колку комплицирано да може да следат каде се спомнуваат нивни имиња или општо имињата на институциите, не во оваа време во кое живееме. Дека следат све и свашта - не, ама ако нешто привлече големо внимание, како на пример, повикување на насилство и слично, скоро одма реагираат. Инаку, законски провајдерите се обврзани да чуваат податоци за нас во последните 2 години (мислам дека се 2, не ми текнува точно сега, а и ме мрзи да барам) :D

btw За тие што не се запознаени, во Македонија пред една година е откриен систем за шпионирање на све и свашта. Кој го поседува, нема точни информации.
http://it.com.mk/shto-e-finfisher-z...ri-vo-makedonija-i-dali-treba-da-se-plashime/
 
Не е само на овој форум. Секаде се оградуваат од било какво пишување/делување администраторите. Само важното е дали ќе дадат твое инфо по судска наредба или од прва.[DOUBLEPOST=1400850898][/DOUBLEPOST]
Не е којзнае колку комплицирано да може да следат каде се спомнуваат нивни имиња или општо имињата на институциите, не во оваа време во кое живееме. Дека следат све и свашта - не, ама ако нешто привлече големо внимание, како на пример, повикување на насилство и слично, скоро одма реагираат. Инаку, законски провајдерите се обврзани да чуваат податоци за нас во последните 2 години (мислам дека се 2, не ми текнува точно сега, а и ме мрзи да барам) :D

btw За тие што не се запознаени, во Македонија пред една година е откриен систем за шпионирање на све и свашта. Кој го поседува, нема точни информации.
http://it.com.mk/shto-e-finfisher-z...ri-vo-makedonija-i-dali-treba-da-se-plashime/
Затоа постојат VPN и виртуелни машини ;)
 
Не е само на овој форум. Секаде се оградуваат од било какво пишување/делување администраторите. Само важното е дали ќе дадат твое инфо по судска наредба или од прва.
како и да е ,важно е дека сопствениците на форумов не се цветко за мирисање , напротив лошо момци се , делуваат паметни , но баш им е гајле,намерно ви дадов совет зошто мојот другар си јадеше голема казна пари и тоа со само забележување шо пишал а ни да се престави ни кој и како е , како го нашле е прашањето ?! кој им доверил пристап ,влез ?! единствено или нелегален влез ИЛИ со амин од супер-администраторите а и што е најлогично,администраторите , не се светци а ги читав на друга тема изиграваат моралисти дека полицијата ,државата не чинела ,ако не чинела , зошто и помагаат ,значи они се соработници,соучесници,дел од Владата која толку ја пљукаат , еј кои дволични се ,ми се згади тотално :facepalm:
 
Druze, MVR ne mora da pravi monitoring na forumov i da sorabotuva so sopstvenicite za da dojde do odredena informacija.
Tie si gi crpat informaciite direktno od medot, odnosno so spliter zakacen na glavniot root od telekom.
 
Последно уредено:
како и да е ,важно е дека сопствениците на форумов не се цветко за мирисање , напротив лошо момци се , делуваат паметни , но баш им е гајле,намерно ви дадов совет зошто мојот другар си јадеше голема казна пари и тоа со само забележување шо пишал а ни да се престави ни кој и како е , како го нашле е прашањето ?! кој им доверил пристап ,влез ?! единствено или нелегален влез ИЛИ со амин од супер-администраторите а и што е најлогично,администраторите , не се светци а ги читав на друга тема изиграваат моралисти дека полицијата ,државата не чинела ,ако не чинела , зошто и помагаат ,значи они се соработници,соучесници,дел од Владата која толку ја пљукаат , еј кои дволични се ,ми се згади тотално :facepalm:
Чекај чекај. За да најдат некој не е голема филозофија. Имаш едно Ало, дајте IP адреса од тој и тој...и толку е. Проблемот е дали ќе дадат на секое "Ало" или кога ќе им се нацрта некој со судска наредба. Инаку треба да си морон било каде на нет да ставиш точни податоци. За да провалиш на форум е најлесна работа, ама дека некој баш се замарал на тој начин не верувам. Во секој случај те разбирам што пишуваш (y)
 
internet-tough.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom