GoPro™ Be a Hero® камери

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Здраво дечки. Ме зачуди што досега нема отворено тема за GoPro™ камерите со оглед на тоа колку се познати.
Доколку сепак има отворена тема иста како оваа, модераторите нека ја спојат или избришат соодветната и истовремено доколку мислите дека е отворена во погрешен подфорум - преместете ја.

Темава нека биде секаква дискусија поврзана со GoPro™ камерите, од најразлични препораки за додатоци за камерата па се до локации низ Македонија и идеи за тоа каде би препорачале да се снима материјал - и каков. :) Па да почнеме.

GoPro™ камерите веќе се присутни подолго време, поточно првата е веќе достапна од 2005-та година (GoPro™ HERO 35mm).

Во темава ќе дискутираме за последните три, бидејки од истите има многу верзии и едиции и според мене 99% од денешните корисници имаат една од овие камери - станува збор за GoPro™ HD HERO2, GoPro™ HD HERO3 и GoPro™ HD HERO3+.

КАМЕРИ

Ќе почнеме со HD Hero 2-ката. Беше пуштена во продажба на 24ти Октомври 2011-та година. Има 11 мегапикселен сензор, подобрени услови за снимање во околини со слабо светло и може да снима се до 120 фрејмови во секунда (Standard Definiton), 1080p (full HD) со 30fps, 960p со 48fps и 720p со 60fps. Се продава во три различни пакувања (едиции) и тоа: Outdoor Edition, Motorsports Edition, и Surf Edition.


-------------------------------

При крајот на 2012-та, GoPro™ ги објавија серијата Hero 3 камери. GoPro™ HD Hero3 доаѓа исто така во три едиции: Black, Silver и White.

Сите 3 едиции се 30% помали и доаѓаат во 25% помало пакување и имаат вградено Wi-Fi функционалност. Освен очигледните подобрувања на 3-тата верзија на камерите кои во најдобрата, Black Edition вклучуваат дури 4K digital video снимање со 15 fps, 2.7K video со 30 fps, 1440p со 48 fps, 1080p со 60fps, 960p со 100fps, 720p со 120 fps и WVGA со 240 fps.

Silver едицијата го има истиот 11MP сензор како Hero2, додека White edition има 5MP сензор како Hero1.

Еден недостаток на HD Hero3 во споредба со HD Hero2 е тоа што батериите им траат помалку :)



-------------------------------

Во Октомври минатата година, GoPro™ ги пушти во продажба HD Hero3+, достапни во Black & Silver Edition кои ги заменија своите претходници. White едицијата остана како low-end уред.

HD Hero3+ е уште помала од претходната, има драматично подобрување на снимање во простории со слабо осветлување. Black Edition може да снима видеа со 1440p48, 1080p60, 960p100 и 720p120, исто така 4Kp15 и 2.7Kp30 и може да слика 12MP фотки на 30fps видео.
White Edition има малце послаби перформанси односно 1080p60 и 720p120 и може да слика 10MP фотки на 10 fps видео.


-------------------------------

ДОДАТОЦИ

Во продолжение ќе зборувам за некои од моите омилени додатоци (mounts) за камерата кои всушност се и неизбежни за да правите видеа. Има прилично мноогу додатоци, но јас ќе ги набројам побитните и уште поважно - доста ефтини и со прифатливи цени :) Да напоменам дека скоро сите додатоци се компатибилни со секоја серија на GoPro™ камери. Слободно во темата постирајте ваши омилени додатоци или додатоци кои сакате да ги набавите.

1. GoPro™ Head Strap



Head Strap-от е една од најглавните додатоци и според мене најкорисна. Очигледно се монтира на глава и изгледа како да правите first-person видеа :) Must have додаток за секој сопственик.

2. GoPro™ Monopod



Исто така важен додаток, најчесто користен за сликање селфија :) Може да се користи во секоја пригода, најчесто се издолжува дури и до растојание на едно метро и може да се сликаат прекрасни селфи фотографии.

3. GoPro™ Octopus Tripod



Едно од моите омилени додатоци, може да се монтира и зацврсти буквално секаде, може да послужуи за снимање многу добри видеа и фаќање многу јаки кадри.:)

4. GoPro™ Chest Strap



Мислам дека е самообјаснувачки, се монтира на телото, прилично безбедно.

-------------------------------

Тоа е тоа за додатоците, ајде малце ќе позборуваме за софтверот од GoPro™ со име
GoPro Studio Edit Software кој е наменет за едитирање на видеата. Истиот може да се превземе од ТУКА, прилично е user-friendly и многу лесен за учење и користње.

Да, има далеку подобри софтвери за едитирање на видеа како што е After Effects и слично, но и ова е добар почеток ако знаете да го работите.

Секако, може да се снимаат многу подобри кадри и компилации доколку поседувате повеќе камери или снимате заедно со камера на другар, но доколку ги усовршите вештините на едитирање видеа, може да спајате снимки од многу агли и различни места, како видеото би изгледало по-професионално и снимано со повеќе камери :)

За крај, неколку видеа, па се надевам дека темава ќе живне :)



 
Последно уредено:
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157
Одамна планирам да купам Го Про 3ка, колку се цените кај нас и дали воопшто може да се најде?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Одамна планирам да купам Го Про 3ка, колку се цените кај нас и дали воопшто може да се најде?
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=f01cb0c9-f2f3-42cb-a0a0-ac0da498d5f2 Доста скапи се тројките на ново, особено кај нас :) Можеш да земеш нешто на старо, или да порачаш од друга земја.... Или преку некој роднина..
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.737
Поени од реакции
30.553
Една ваква и еден летачки дрон и мераци :drk:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ај видете ја и оваа JVC Adixxion. Исти можности, иста намена, само многу поефтина, ГОПРО е 20000 и кусур, оваа е 15000. Плус брендот ЈВЦ е докажан бренд за вакви работи.
 

Foxboro

Red Army-General
Член од
11 јули 2012
Мислења
90
Поени од реакции
59
јас мислам дека GoPro е прескупа работа, сето тоа бидејќи е пререкламирана и луѓето кои ја имаат летаат високо, а постојат и многу добри камери кои иста така се action cams на пример мене ми се бендисува онаа од sony......
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
јас мислам дека GoPro е прескупа работа, сето тоа бидејќи е пререкламирана и луѓето кои ја имаат летаат високо, а постојат и многу добри камери кои иста така се action cams на пример мене ми се бендисува онаа од sony......
Има и Sony, има и Prestigio, ама не е тоа тоа, не е ист квалитетот, сум гледал многу видеа, слики, споредби итн итн.
Башка немаш толку додатоци за другиве ко шо имаш за GoPro-то.
Околу 200 евра ме фати GoPro 2-ката, и вреди за парите, верувај!
 
П

Паган-др

Гостин
Го гледав видеово за споредба на Sony HDR-AS100V со GoPro Hero3+, и искрено, повеќе се заинтересирав за Sony-то, добар квалитет на слика, аудио, стабилизација, со оглед на тоа што GoPro-то е каде-каде поскапо.

 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Каде во Скопје има hard shell case за GoPro да се купи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom