Good Guy Randoms

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Локација
Скопје
Бидејќи многу ми е досадно, ми дојде интересна идеја за темава, а тоа е - тука пишувајте некои искуства што ви се десиле со тотални странци но сепак ви го “направиле денот“ поради добрината што ја приредиле.... Еве јас ќе почнам.

Пред некој ден купив карта во автобус на ЈСП но не ја куцнав бидејќи сакав да поминам со истата карта за 2 возења (напред-назад), и решив ако во случај влезе контрола, ќе бидам стациониран блиску автоматот кој ги куца картите и ќе се праам наудрен и ќе ја куцнам ако влезе контрола(ептен цигански, ама ич не сакам да им давам 70 денари за пат). И јас купив карта кај што се качив на станицата, и на претпоследната станица (после 6-7 станци) влегоа контролори.. И јас се правев на тошо и сакав да ја куцнам картата како и сите други ама кога дојдов на ред, контролорот само мене ме запре и ми рече: „Дечко, кога ја купи картава?“. И му реков „Сега“. Ме гледаше едно 5 секунди и се сврте накај возачот и го праша “Кога ја купи детево картата?“. И возачот погледна во ретровизорот за да ме види, ме заглеа неколку секунди и му рече на контролорот: “Сега, сега ја купи“. :)

Друга дешавка, имаше ептен гужва на паркингот во лептокарија и немаше ама баш ич место. Пред мене и позади мене имаше многу коли кои бараа паркинг место. И јас едвај се бутам таму низ колите и еден дечко се спремаше да искочи со паркираната кола и пред да влезе внатре ми даде некои знаци со рацете во смисла дека “Јас сеа ќе излагам, па ти влези во местово наместо мене“. Си разменивме палци и по некоја свирка и си отидовме. Штета што не беше некоја цура, баш беше "Get her number" момент :)

Ваши искуства?
 
Ехехе на мене ме потсети со ЈСП ситуацијата .... татко ми работи во ЈСП ... и јас така правам со билетот , не го ни куцам ,го чувам во џеб,многу ретко ми се случило контрола да влезе ,откако започнаа Пензионерскиве денови, шанса да ти влезе контрола на ич паднаа , ако пак го куцнам , се трудам да ги бришам бројките ,бидејќи напишано е број на Автобусот, не линија , како 773 , дата и час итн , ги бришам до непрепознатливост ,а така ми успеа еднаш со контрола , само ми го ѕирна,нишо и помина ... :) ете уше еден трик од син на ЈсП вработен ... ехехе
 
Пред една година седнав во автобус до една згодна женска. Обично не седнувам до женски ама во случајов немав избор. Седејки си така до неа она ме праша: Дечко ти од Ново лисиче си , ја и одговорив дека сум. Имаш учено во Лазо Ангеловски? Ја и одговорив -ДА.
Oткако ме испраша она ми кажа дека е всушност едно девојче од основно со кого што јас учев заедно и се изненадив колку се разубавила во последниве 8 години. Така си муабетевме и после тој сусрет се осекав супер едно 3-4 дена :D
 
И ја легна ли? :D
 
Мојот велосипед е малце дефектен во смисол, скршен ми е потпирачот. Така еден ден отидов на бензинска да си ја напумпам гумата и малку е комплицирано пошто треба да го потпрам на нешто за да стои исправен. Секако, сама го правам тоа но тој ден таму имаше еден дечко што се понуди да ми помогне. Баш ми го направи денот :)
 
Пред некој месец ми снема бензин in the middle of nowhere, у сред ноќ. Калкулирав дека ќе ми стигне до бензиска али згрешив :) Додека чекав да дојде другаров со боца бензин, 3 (три) коли застанаа да ме прашат дали е све у ред, дали треба помош.
 
мене ми се има случено кај обиколницата-Скопје ... се враќам од Ченто накај Ѓорче , онаму кај угорницата ,ми се угаси колата , а тоа ти било бензинот ,течноста да се преместила наназад ... и тоа во 2/3 часот ноќе .... сам нема никој , среќа имаше едни Албанци шо поминуваа , ќе помислите хорор сега ми се случува , тиру тиру , не ... ми помогнаа ко нормални луѓе да ја бутнеме колата нагоре ,се додека не поминеме да се врати назад течноста ... :D
 
и јас да се надоврзам со приказните во автобус. пред неколку недели едно сабајле бев да пречекам голема торбица (во неа триста чуда, пратена од тетка ми) од автобуска и требаше кај баба да ја однесам. ама значи претешка беше. во исто време во другата рака го држев лаптопот во неговта торба. пешки одев до некаде па после ај со автобус и тоа во 2ка во 8.30 саат сабајле :unsure: внатре немаше место кај да се завртиш, значи буквално немаше место едвај се пикнав. знам дека е забрането со торби во автобус ама 200 ден за такси не давам. стојам јас со торбите, сите ме туркаат, јас испотен од нервози, немаше шо да правам и наеднаш почувствував како некој ми ја зема торбата од рака. јас во гужвите ништо не гледав си реков уште да ми ја земе некој сеа треба, ама кога видов девојката што седеше тука под мене ја зела и ми вика еве дечко тука дај има место, јас ќе ја чувам.....
4126852255_cryingvoteysmiley_xlarge.jpeg
(не и зедов број, само и се заблагодарив)

и уште една случка пак нешто како и по обичај влечев торби, ама овој пат излегував од автобус и на истата станица слезе една повозрасна жена. беше ноќе, а надвор врнеше тураше. јас со трчање, а таа по мене ми вика чекај и јас одам натака, дај една торба и идај под чадор :cuc: испадна дека зграда до зграда сме седеле. повеќе не ја сретнав ама како и да е, не го заборавам ова.
уште постои човечност во некои луѓе :cuc:
 
Ми недостасуваше многу мала сума на пејпал за да купам нешто и да ги искористам тие што ги имам, сакав да му платам некому да ми префрли, ми требаше услуга. Рандом странец самиот ми пиша и се нафати, ми прати едно евро и потоа одби одби надоместок. Не е голема сума ама :cuc: за гестот.
 
во њу јорк, брзам на работа, трчам по тоа смрдливите метроа, купувам карта, глеам на саат и се нервирам дека каснам. доаѓа метрото, се отвараат вратите, излага еден дечко, симпатичен ама не некој лепотан. ама симпатичен ептен :pipi: значи се отвараат вратите, излага дечкото, ме фаќа со двете раце за главата ми дава страствен бакнеж и си оди! o_O луѓето си влагаат во метрото, вратите се затвараат, а ја си останав со чудно блажена насмевка на лицето....да си го чекам следното метро
али затоа денот како ми тргнааааа....
 
BallsOfSteel.jpg
 
Диар Кеј.

Денес на една женска и вратив 50 евра шо и излетаа од џебот. I didn't do it for God, само ме интересира дали да бев јас на нејзино место она ќе ми ги вратеше парите. Оh wait, I don't have that much money right now. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom