@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Историчарите против заедничко славење на празниците со Бугарија
Бугарските европратеници преку амандман побараа и промоција на заеднички прослави на културните и историските наследства со соседите.
- Македонија и Бугарија треба заедно да го слават заедничкото културно и историско наследство. Ако Германија и Франција, кои се бореа една против друга во двете светски војни, можат да го направат тоа, зашто ние би можеле - вели бугарскиот европратеник Младенов.
Македонските историчари се против заедничко одбележување на празниците со Бугарија.
- Ако ги прашате бугарските историчари да дефинираат кои се заеднички празници, ќе ви одговорат - сите, зашто сметаат дека целата македонска историја е бугарска. Ние како Македонци си имаме наши празници и нема зошто да ги славиме заедно. Илинден е македонски празник, а не бугарски - вели Александар Литовски, историчар. Според академикот Блаже Ристевски, зад ваквата идеја што Бугарија ја турка во институциите на ЕУ се крие намерата на Софија да ја поддржи Атина во нејзините настојувања да ја снема Македонија.
Идејата за заедничко чествување на Илинден и други празници пред три години прв ја промовира Владо Бучковски, како тогашен премиер, заедно со неговиот бугарски колега, Сергеј Станишев. Бучковски беше убеден дека заедничката балканска историја може да значи европска иднина.
- Некои погрешно сфаќаат дека на Илинден ако дојде кој било заедно да чествува, со тоа би приграбил дел од нашата историја. Не, напротив, би ја потврдил самобитноста на македонскиот народ - изјавуваше тогаш Бучковски. Претседателот Бранко Црвенковски тогаш се изјасни против ваквата иницијатива, иако Бучковски тврдеше дека тој и Станишев ќе се приклучат кон идејата на претседателите на двете земји за заедничко чествување на празниците. Историчарите стравуваат дека зад ваквата иницијатива се кријат големобугарските интереси.