Големи очекувања - големи разочарувања

Зависно од тоа колку очекувањата се во склоп со реалностa. Разочарувањето е големо затоа што сме предметот или лицето кое сме си го поставиле за цел, сме го сфатиле пресериозно.

Кога поставуваме некоја цел најчесто во своите глави ја разработуваме до ситница и ја форсираме до степен во посакуваниот момент да се оствари, иако немаме расположливи средства за остварување. Па се разочаруваме кога нема да испадне по наше или воопшто нема да испадне. Ако не се идеализираат нештата и не се истрошуваат предвреме тогаш и разочарувањата ќе бидат помали.
 
Нормално дека е така.

Чекам ја 14 дена да дојде од одмор да ја легнам, кој таа дента има добиено. Преголемо разочарување!
 
Јас скоро никогаш, од никого и од ништо не очекувам многу, па затоа и не се разочарувам и можеби токму поради тоа често пријатно се изненадувам дури и од обични ситници. За да се успее во тоа треба да се верува само во себе, а кога станува збор за некоја работа во која немате удел, едноставно да не очекувате успех.
 
Зависи кои се моите приоритети, ќе знам колку да очекувам а во зависност од тоа колку колкава е тежината на моите очекувања ќе знам колку големо ќе биде моето разочарување од самиот себе си или некоја втора личност или состојба.
 
А на кој му се нема случено!? Тапа филинг.
Затоа не очекувам многу. Знам потајно да се надевам ама во секој случај го имам и тоа на ум дека може и нема да биде така како што изгледа.
Така да, не доаѓа до преголемо разочарување.
А за она непланираното, она неочекуваното е најубаво, се разбира :).
- само што поретко се случува.
 
Порано беше ептен зачестено, ама па помлада сум била, што сум разбирала. Се случуваше да очекувам нереални работи, да им припишувам особини од бајки на другите... секако дека сето ова неминовно води до чести разочарувања. И по бројните случаи секако дека ќе си ја научиш лекцијата.
Сега не очекувам од другите ништо, и искрено... многу подобро ми е. Единствено може од себе да очекувам, зашто знам колку можам, знам што можам. Си поставувам реални цели и се посветувам целосно на нивното исполнување. И...се немам разочарано одамна себеси, пу-пу :)
 
И шо сеа не треба да очекувам нешто, само за да не се разочарам на крајот?
Ти сигурно кога очекуваш нешто, го очекуваш со некоја причина, нешто те поттикнало да го очекуваш тоа.
И неможеш да се истренираш да не очекуваш ништо.
Интуицијата ни е таква, да кога ќе земеш керамичка шолја и ќе ја фрлиш на подот, очекуваш да се скрши.
Ако не очекуваш да се скрши, тогаш сигурно или си ненормален, или никогаш порано не си фрлил шолја на подот.
 
My philosophy of life:

Секогаш очекувај го најлошото. Така никад нема да се разочараш а често пријатно ќе се изненадиш.
 
My philosophy of life:

Секогаш очекувај го најлошото. Така никад нема да се разочараш а често пријатно ќе се изненадиш.

Најкукавичка реченица икад.
Откај знаеш дека ќе се изненадиш пријатно?
Демек, ако не очекуваш да се искрши шољата ко ќе ја пуштиш, нема да се искрши и пријатно ќе се изненадиш?
C'mon, don't be a wuss.
Нема ништо да ти се деси ако се разочараш 109347325 пати во животот. Баш напротив, ќе станеш јачи.
 
Најкукавичка реченица икад.
Откај знаеш дека ќе се изненадиш пријатно?
Демек, ако не очекуваш да се искрши шољата ко ќе ја пуштиш, нема да се искрши и пријатно ќе се изненадиш?
C'mon, don't be a wuss.
Нема ништо да ти се деси ако се разочараш 109347325 пати во животот. Баш напротив, ќе станеш јачи.

Има разлика меѓу очекување и факт.

Очекување е како ќе се скрши шољата дали на 3 дела или на милион мали паричиња а факт е дека ќе се скрши.
 
My philosophy of life:

Секогаш очекувај го најлошото. Така никад нема да се разочараш а често пријатно ќе се изненадиш.
Ми звучи премногу песимистички а и тешко изводливо, кога очекуваш нешто добро може да се преправаш дека не е така но длабоко во себе ќе копнееш да се случи тоа а доколку не се случи резултатот е јасен - разочарување.
 
Ми се има случено да.Многу често кога нешто очекуваме на крајот се разочаруваме.Затоа подобро е секогаш да бидеме спремни на се.Не за ѓабе рекле дека најубавите работи се случуваат кога најмалку човек се надева на нив.
 
Прилично заебана работа. Секој обид да се правиме паметни на темава е излишен зошто сме желни за повеќе и подобро по природа а и зошто не е добро да се имаат ни премали ни преголеми очекувања, па сѐ си зависи од ситуацијата и трудот на индивидуата. Дополнителен проблем е што очекувањата за исти ствари може да варираат со текот на времето. Чаре, аш. :unsure:
 
Ми се има случено. Можеби не премногу често, но тоа било вистински удар, а воедно и пад. Затоа најдобро е човек и да нема некои преголеми очекувања.
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom