Голема љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Љубов е именка која не е подложна на компарација.
Или го сакаш, или не го сакаш. Можеш да го/ја сакаш повеќе од некој/а друг/а, но голема/поголема/најголема љубов нема. Има само љубов.

Или воопшто нема и се користи како заменка.
 
big love?
well....big love nevAr did
:pos::pos::pos:

ко што имаше еден графит :pos2: закон
 
Викаат благослов е да ја доживееш вистинската љубов, да патиш, да знаеш што е да изгубиш некој, да знаеш како е да ти го скршат срцето и слично, отколку никогаш да не се заљубиш и да останеш празен во душата....
Се согласувам со мислата тотално така е, треба да ја доживееш да знаеш да ја препознаеш и следниот пат кога ќе почне да ти се случува, за да не ја избегнеш и не ја доживееш пак...
А има уште една мисла........викаат..........после многуте порази и грешни луѓе кога ќе налетате на вистинскиот и ќе ја доживеете правата љубов
е знаете тоа да го цените и никогаш нема да го оставите!
Значи....за тие што не ја доживеале се уште, не губете надеж, навистина кога ќе ви се случи ќе ја цените и негувате љубовта и ќе знаете дека вашето барање по вистинската личност конечно завршила со голема љубов!:back:
 
Или на кратко секое искуство е добредојдено во животот, поготово кога се работи за толку силна емоција :) Викаат дека: најубавото нешто во животот е да доживееш љубов која ќе трае вечно, да "победиш" во истата.

Но да сакаш и да загубиш е второ на листата, и е далеку од негативно искуство. Многумина ги црпат само негативните страни од таквото искуство, што е сосема погрешно...
 
Токму така, не треба да се црпи негативното, само треба да ни послужи за понатака да не ги правиме истите грешки и да се усовршуваме и да не се откажуваме од барањето на сродна душа која сепак постои некаде...
 
Но да сакаш и да загубиш е второ на листата, и е далеку од негативно искуство. Многумина ги црпат само негативните страни од таквото искуство, што е сосема погрешно...

Апсолутно се согласувам, постојано го кажувам истото. Ако сака човек и изгуби, не значи дека љубовта разочарала, затоа што љубовта никогаш не разочарува, не се гасне... едноставно некогаш човековиот карактер е преслаб за да може да издржи да поднесе преголем товар. Не значи дека ако изгубиме некого треба да ја обвинуваме љубовта...
 
Да, штета што повеќе од луѓево што заради комплекси, што заради завист, посесивност и се разбира љубомора не гледаат реално на работите. Што е најважно забораваат дека во истата таа љубов (ако била вистинска) големо место завзема и простувањето.
 
Да, но на повеќето им е полесно да го напумпаат своето его и заради гордост да се откажат од љубов, само за да не кажат извини и да признаат дека грешат, затоа што мислат дека така се понижуваат себе. Тоа под а). А под б) Први се да се налутат и надурлат и да чекаат некој да им побара прошка.

Ама тоа е, секој си го бира својот начин на живеење. Ама во љубовта you only get what you give. Некогаш нема да е возвратено, ама секогаш љубовта што ја даваш се исплати. А не ко што гледам во ова веќе се повеќе и повеќе апатично општество, сите чекаат да бидат сакани, никој не сака да даде љубов. И после љубовта им била крива.
 
Мојата голема и единствена љубов сеуште трае и ќе трае. Нема поубаво нешто кога ќе ја најдете љубовта, ама онаа вистинската. Јас имав многу среќа што не се помачив ич во нејзината потрага:)
 
Голема љубов, мала љубов, шарена, вистинска.. Епа богами и не правам некоја разлика меѓу овие. За мене и голема и вистинска љубов е искрената љубов што и ја даваме на личноста со која што сме. Потреба од личноста ќе чувствуваме и за време на едната и за време на другата љубов, исто како што ќе се трудиме да постигнеме компромис или ќе мислиме дека тој е тој вистинскиот за нас се додека не дај боже не пукне врската поради било каква причина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom