„Голема Албанија” е спас за Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Рунчев
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.268
Поени од реакции
210
Локација
Кочани
„Голема Албанија” е спас за Македонија, со тоа што Албанците ќе добијат Тетово, Гостивар, и Дебар со дополнителна трампа за македонско и албанско население, предлага Љубчо Георгиевски.
Немам коментари.... Човеков е „патриот” гледа да си ја продаде државата:tapp:
 
Што можеш да очекуваш од бивши премиер со Бугарски пасош и лидер на партија
 
CyberBop напиша:
Немам коментари.... Човеков е „патриот” гледа да си ја продаде државата:tapp:
Znam deka toa go ima receno kratko posle vojnata,majkata da mu ja e*em bugarska
 
Едно не ми е јасно со сите овие теории дека Македонија ќе се албанизира, ако не се подели...

1. Ние одиме во ЕУ (барем се надевам)
2. Нема да има граници
3. Странци ќе можат да купуваат имоти тука

Како ќе спречат албанизација во тој случај?

Се ми се чини дека поделбата ја готви само за да го припои остатокот кон Бугарија. Но, со оглед како се празни Бугарија кој ќе спречи Албанизација на Бугарија, со овај наталитет на Албанците.
 
Covekot znae sto ke se sluci godini napred...moze zatoa vika vaka na miren pat okolku pak da ima vojna. Istoto bese i 2001...samo sto togas idejaa ja istakna akademikot Gorgi Eftimov. I drug pat koga davate komentari koj sto kazal, kopirajte go cel tekst. Kade sto go potkrepuva toa sto go rekol. A ne vaka samo da pljukate. I komentirajte ona sto go rekol, dali realno izgleda ili ne....a ne deka Ljubco sakal da ja pripoi Makedonija kon Bugarija.
„Сакам да потенцирам дека секое одложување на создавање голема Албанија е продолжување на агонијата и на дестабилизацијата се до остварување на таа цел. Независно Косово ќе има силно влијание врз исламски фанатизираните Албанци од западна Македонија, јужна Србија и Црна Гора. Нагласувам дека мултиетничкиот принцип за решавање на сложените проблеми на Балканот дефинитивно е пропаднат”, пишува Георгиевски во колумната.
Тој тврди дека има неколку можни сценарија за иднината на Македонија, која неминовно ќе станела трета албанска република. „Ако Русите се откажат од правото на вето, Косово ќе стане широко признаена држава. Со тоа веднаш ќе настапи период на иселување на преостанатите Срби. Тој период ќе трае 3-5 години, а потоа ќе бидеме сведоци на финалниот удар врз Македонија, односно нејзино претворање во трета албанска република. Доколку Русија, пак, стави вето, ќе следуваат самопрогласување на независно Косово, отцепување на српските општини и трајна дестабилизација на регионот. Кризата ќе се префрли во Македонија, јужна Србија и Црна Гора, по што може да се очекува формирање некаков тип автономии”.
Поранешниот премиер нагласува дека за Македонија немало никакви шанси бидејќи кај македонската страна не постоела никаква сила што ќе може да ги спречи ваквите дејства, а меѓународната заедница оправдување ќе најде во неиспочитуваниот охридски договор.
 
Tetovcanec напиша:
Znam deka toa go ima receno kratko posle vojnata,majkata da mu ja e*em bugarska
Ne se raboti za starata izjava, ova e nova izjava od pred 2-3 dena

eve so drugo veli:

„Сакам да потенцирам дека секое одложување на создавање голема Албанија е продолжување на агонијата и на дестабилизацијата се до остварување на таа цел. Независно Косово ќе има силно влијание врз исламски фанатизираните Албанци од западна Македонија, јужна Србија и Црна Гора. Нагласувам дека мултиетничкиот принцип за решавање на сложените проблеми на Балканот дефинитивно е пропаднат”, пишува Георгиевски во колумната.

Тој тврди дека има неколку можни сценарија за иднината на Македонија, која неминовно ќе станела трета албанска република.

Поранешниот премиер нагласува дека за Македонија немало никакви шанси бидејќи кај македонската страна не постоела никаква сила што ќе може да ги спречи ваквите дејства, а меѓународната заедница оправдување ќе најде во неиспочитуваниот охридски договор.
 
За таа идеја вреди да се размислува.Факт е дека Албанците веќе ја контролираат западна Македонија и дека со нивниот наталитет ќе ги истиснат Македонците и од местата каде до ден денес опстојуваат.Тетово , Гостивар и Дебар се едвај 8% од вкупната територија.Ќе ги задржиме Куманово, Скопје, Кичево, Струга и ќе живееме во етнички чиста држава со 90% македонско население при што ќе ни се отвори можноста да се посветиме на други актуелни проблеми.
 
ako vekje tresi gluposti toj bugarinot so krivata usta shto ne predlozi kompenzacija koja kje opfati i istochni teritorii i juzni kade ziveat makedonci? i na kraj i 500 kompenzacii da ima pak eden do drug kje ziveeme sakale ili ne.
 
Мислам дека единствено решение кое би контрирало на ЛуБчовиот (Бугарски) став е брза интеграција во ЕУ на Македонија и Албанија или цел Западен Балкан (уште подобро) во пакет,итоа свесно без да се исполнат одредени критериуми и стандарди,слично како за Романија и Бугарија посебно доколку се знае дека ретко која земја членка на ЕУ и денес ги исполнува сите критериуми за членство во НАТО и ЕУ иако се таму веќе со децении.:(
 
Марс напиша:
За таа идеја вреди да се размислува.Факт е дека Албанците веќе ја контролираат западна Македонија и дека со нивниот наталитет ќе ги истиснат Македонците и од местата каде до ден денес опстојуваат.Тетово , Гостивар и Дебар се едвај 8% од вкупната територија.Ќе ги задржиме Куманово, Скопје, Кичево, Струга и ќе живееме во етнички чиста држава со 90% македонско население при што ќе ни се отвори можноста да се посветиме на други актуелни проблеми.
Точно. Лошо звучи идејава на прв поглед но сосема реална е. Поделбата во 2001 не им успеа од причина што се чека прво Косово да се затвори па после на ред ќе дојде Македонија.
 
:|
Браво бе Љубчо!
На овој човек треба да му се суди за велепредавство... или можеби не.
 
БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски повторна ја шокира македонската јавност. Тој спасот за Македонија го бара во тоа на Албанците со меѓународна конференција да им се даде можноста за формирање на голема Албанија. Гергиевски ги актуализираше неговите тези за поделба на државава и размена на населението. Во колумна објавена во неделникот „Фокус“, Георгиевски прогнозира дека Македонија ќе стане трета албанска република како резултат на независноста на Косово.

Експремиерот оди и чекор понатаму, па освен поделбата на Македонија, на Србија и на Црна Гора им препорачува и тие да се откажат од дел од своите територии во замена за формирање етнички чисти држави, кои, вели тој, се единственото трајно решение на Балканот.

„Мултиетничкиот пристап за решение на сложените проблеми на Балканот е дефинитивно пропаднат... Единствено трајно решение е етничкиот принцип“, пишува Георгиевски.

Според Георгиевски, косовската независност не само што ќе ја промени регионалната геополитика, туку и ќе ја определи иднината на Македонија. Некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ предвидува две можни сценарија во врска со косовската независност. Доколку Русија се откаже од ветото во Советот за безбедност на ОН, Георгиевски предвидува дека прв приоритет на Косовците ќе биде чистење на преостанатите Срби од Косово, што би траело помеѓу 3 и 5 години.
Потоа, Македонија би се претворила во трета албанска република. Според втората теза, доколку Русија не се откаже од ветото, ќе дојде до трајна дестабилизација на регионот, бидејќи самопрогласувањето на независноста на покраината би повлекло отцепување на српските општини, а Албанците во околните држави - Србија, Црна Гора и Македонија, би контрирале со сопствени барања за автономија или независност. Георгиевски тврди оти во земјава, „албанските општини би можеле да го сторат тоа во секој момент“, а меѓународната заедница, според него, би ги поддржала таквите аспирации.

Без разлика кое од сценаријата ќе биде реализирано, Георгиевски тврди дека Македонија на крајот ќе ја плати најголемата сметка, па затоа тој ја обновува идејата стара четири години, која ја обелодени во април 2003 во колумна во „Дневник“.

„Во овој момент на Балканот постојат две хрватски држави, две српски држави, две и пол албански држави, три протекторати: Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и три големи договори кои повеќе претставуваат договори за прекин на пукањето, отколку трајни решенија: Дејтонскиот, Кумановскиот и Охридскиот. Затоа, илузорно е донесувањето решение само за Косово, без затворање на сите други горливи прашања. Затоа, уште пред четири години предложив дека на Балканот му е потребно одржување на нова балканска конференција, се разбира под покровителство на САД, ЕУ и Русија, на која ќе учествуваат сите балкански држави за дефинитивно затворање на сите отворени проблеми, движејќи се по следната насока: на Албанците да им се даде можност за формирање на голема Албанија каде што би влегле делови од Косово, без српските енклави кои би останале во Србија. Србите, пак, кои се во Косово, би направиле трампа на своите имоти со оние од Бујановац и Прешево. На тој начин и Србија ќе се ослободи од албанскиот проблем и Косовците од српскиот проблем. Во Македонија ќе се направи разграничување, при што Албанците би ги добиле Дебар, Гостивар и Тетово со дополнителна трампа на македонското и албанското население. Албанците би добиле територијална компензација, а Македонија би дошла до единствениот начин за спас и опстанок на сопствената држава. Доколку Црногорците се мудри и тие можат навреме безусловно да им ги подарат Плав и Гусиње“, препорачува Љупчо Георгиевски.

Дополнително, некогашниот вмровски премиер оценува дека најсоодветно решение за Босна и Херцеговина би било српскиот дел да се присоедини кон Србија, хрватскиот кон Хрватска, а на бошњаците да им се даде држава со „Сребреница како симбол“.

Голем дел од тезите кои ги наведува Георгиевски се повторување на неговата колумна од 2003 кога првпат јавно ги призна идеите за поделба на Македонија и размена на територии и население со Албанија. Единствената разлика меѓу текстовите во април 2003 и јуни 2007, е во излезното решение за Македонците.

Имено, пред четири години, Георгиевски, по разграничувањето со Албанците „по примерот на Израел“, заговараше изградба на „една нова самостојна, независна и вистински суверена Република Македонија“. „Новиот почеток треба да го направи со враќање на асномскиот устав, односно Македонија како држава на македонскиот народ и другите рамноправни граѓани“.

За разлика од тогашната колумна, Георгиевски овој пат не кажува каква би била иднината на државава: дали повторно би се воспоставувал асномскиот принцип, или би се одело на некое друго решение?
 
Се извинувам за јазикот ама

Што го ебете Љубчо!...
 
Марс напиша:
Факт е дека Албанците веќе ја контролираат западна Македонија и дека со нивниот наталитет ќе ги истиснат Македонците и од местата каде до ден денес опстојуваат.Тетово , Гостивар и Дебар се едвај 8% од вкупната територија.Ќе ги задржиме Куманово, Скопје, Кичево, Струга и ќе живееме во етнички чиста држава со 90% македонско население при што ќе ни се отвори можноста да се посветиме на други актуелни проблеми.
Pa fala bogu ce ja kontroliraa oni gledaat da se pomognat megu sebe i taka uspevaat za razlika od nas koj gledamo samo na komsijata da mu umre kozata.Gord sum sto sum makedonec ama mrzim sto take se gazimo megu sebe
 
ВМРО напиша:
Covekot znae sto ke se sluci godini napred...moze zatoa vika vaka na miren pat okolku pak da ima vojna. Istoto bese i 2001...samo sto togas idejaa ja istakna akademikot Gorgi Eftimov. I drug pat koga davate komentari koj sto kazal, kopirajte go cel tekst. Kade sto go potkrepuva toa sto go rekol. A ne vaka samo da pljukate. I komentirajte ona sto go rekol, dali realno izgleda ili ne....a ne deka Ljubco sakal da ja pripoi Makedonija kon Bugarija.
„Сакам да потенцирам дека секое одложување на создавање голема Албанија е продолжување на агонијата и на дестабилизацијата се до остварување на таа цел. Независно Косово ќе има силно влијание врз исламски фанатизираните Албанци од западна Македонија, јужна Србија и Црна Гора. Нагласувам дека мултиетничкиот принцип за решавање на сложените проблеми на Балканот дефинитивно е пропаднат”, пишува Георгиевски во колумната.
Тој тврди дека има неколку можни сценарија за иднината на Македонија, која неминовно ќе станела трета албанска република. „Ако Русите се откажат од правото на вето, Косово ќе стане широко признаена држава. Со тоа веднаш ќе настапи период на иселување на преостанатите Срби. Тој период ќе трае 3-5 години, а потоа ќе бидеме сведоци на финалниот удар врз Македонија, односно нејзино претворање во трета албанска република. Доколку Русија, пак, стави вето, ќе следуваат самопрогласување на независно Косово, отцепување на српските општини и трајна дестабилизација на регионот. Кризата ќе се префрли во Македонија, јужна Србија и Црна Гора, по што може да се очекува формирање некаков тип автономии”.
Поранешниот премиер нагласува дека за Македонија немало никакви шанси бидејќи кај македонската страна не постоела никаква сила што ќе може да ги спречи ваквите дејства, а меѓународната заедница оправдување ќе најде во неиспочитуваниот охридски договор.

И поради тоа што е многу ПАМЕТЕН и знае однапред што ќе се случи значи, ние треба уште сеа онака да им ја дадеме пола Македонија, да си направат ГОЛЕМА АЛБАНИЈА :tapp:
Алоооооо, знаеш колку Македонци живеат таму, или што тие не се битни а? Да ги заебеме, да ги пратмие у ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, така?
Бравос патриоти....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom