Вечна ти слава, Гоце Делчев.
Иначе:
На денешен ден загинува Димитар Н. Делчев
на 4 февруари 1901 год. загинува Димитар Мицо Делчев - братот на Гоце Делчев
Димитар Делчев е роден 1879 година во Кукуш, Окупирана Македонија тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Се родил како втор син на Никола Делчев и Султана Делчева, а негови браќа се Гоце, Милан и Христо Делчев.
Димитар Делчев, основно обрзование завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се приклучил во Организацијата, учествувал во неколку терористички акции, а исто така и во бунтот на учениците против самоволието на директорот и на некои професори од егзархиската гимназија кои им вршеле присилна бугаризација. Поради тоа бил исклучен од неа во 1896 година. Во Дупница, каде што го продолжил образованието, во домот на Никола Малешевски, кај кого престојувал, се запознал со повеќе членови на ВМРО и комити.[1][2] Летото 1900 година се вклучил во четата на Манданата и Христо Чернопеев и бил еден од најмладите комити во неа. На 4 февруари 1901 загинува во првата поголема борба, која ја имала четата против турскиот аскер кај селото Бајалци, Бојмија - Беломорска Македонија близу до Гевгелиско.[1]
Загинува на своите 22 години.
Вечна ти слава Македонецу.
Кога на Гоце Делчев му соопштиле за смртта на Мице, тој само запрашал: „Се држеше ли херојски брати ми?“ Бил горд од одговорот за храброста на брат му Димитар (Мицо) Делчев