Го дрогирала синот за да личи дека е болен

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Американката Керол Лин Шнапфејз од градот Роузвил во сојузната држава Мичиген, неколку месеци намерно го дрогирала својот 12-годишен син за да личи дека е болен од тешка болест, со цел да може да добива парична помош од локални бизнисмени и верски заедници за негово наводно лечење.

Покрај тоа што му ставала дрога во храната, 47-годишната Шнапфејз му ја бричела главата на својот син Кристофер за да изгледа дека е болен од леукемија.

Со оваа измама таа успеала да „заработи“ 7.000 долари како помош од поединци, фирми и организации.

- Кристофер сега знае дека умира, напишала Шнапфејз на својот профил на Фејсбук, за потoа, неколку дена подоцна да објави дека нејзиниот син починал. На роднините им рекла дека нејзиниот син и подлегнал на болеста.

Измамата ја открила нејзината сестра и пријавила во полиција, која го нашла момчето во куќата. Со лекарски преглед е утврдено дека малиот Кристофер е сосема здрав.

Портпаролот на полицијата во Роузвил изјави дека мајката ги мамела пријателите и роднините неколку месеци и оти парите ги добивала од црковните здруженија, локалните бизнисмени и другите поединци кои биле потресени од нејзината приказна.

Со истрагата е утврдено дека момчето не знаело ништо за измамата бидејќи речиси секојдневно бил под дејство на дрогите кои мајка му ги ставала во неговата храна и пијалоци.

Шнапфејз се товари за злоставување на детето и примање пари врз основа на измама и би можела да биде осудена на 14 години затвор.

 
Kill-a-bitch.gif
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Го дрогирала синот за да личи дека е болен, а уствари таа била болна (во главата). Секакви будали има по светов, што ли прават само за пари.:nesvest:
 
како можеле да ја обвинат жената она небила заправо крива, синот се дрогирал и ја тепал неа и и рекол да каже дека он е болен за да земат пари и он и ги земе после парите, зашто ја обвиниле без потреба и тоа сестраи од страф ја пријавила неа како виновна за да синот не ја тепа....
 
е сега нека скапе во затвор, маме и е*ам :jaj:
 
хахахахахахах ме скина стомак од смеење.... хахаха лоооол х))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom