Доколку оваа информација е точна, четиринаесетгодишен дечко по име Ентони пронајде критичен сигурносен пропуст во Gmail.
Тој пропуст им овозможува на корисниците на многу едноставен начин да го подигнат јаваскрипт кодот, внесувајќи го во телото на пораката. Да, добро прочитавте: испратите e-mail порака со било кој наслов (subject), малку текст, и својот јаваскрипт код внесете го во полето за пишување порака, и тој автоматски ќе се подигне.
Овој сигурносен пропуст е потврден од неколку страни, иако службено известување од Google сеуште нема, но според пишувањата на некои блогови, Ентони рекол тврди дека момците од Google во експресен рок го фиксирале овој пропуст. Сепак ваков сигурносен пропуст е многу интересен бидејќи потребно е само мало програмерско знаење за да можеме да го злоупотребиме истиот.