И претходно отворив слична тема со наслов Падот на Неолиберализмот
па сега еве и друга,но малце поопширна а и троа постара.Имено би напоменал дека податоците ми се од 2000 година.
Последните триесетина години сведоци сме на интензивирани транснационалните интеракции, од глобализацијата на производните системи и финансиските трансфери до медиумското распространување на информациите и сликите ширум светот или масовните движења на луѓето, без разлика дали се работи за туристи, работници-мигранти или бегалци. Извонредниот обем и длабочина на тие транснационални интеракции наведоа некои автори во нив да видат раскин со претходните форми на меѓугранични интеракции и новата појава да ја наречат „глобализација” “глобален процес” (Фридман, 1994)
дефиниција глобализацијата како “јакнење на општествените односи ширум светот со кои се поврзуваат меѓусебно оддалечени места така што локалните случувања се обликувани од случувањата кои се случуваат на голема оддалеченост и обратно”; тој ги обвинува социолозите за неоправданата приврзаност кон идејата за општеството како затворен систем (1994: 64). Слично на тоа, Федерстон ги повикува социолозите “истовремено теориски да го осмислат и спроведат системското истражување кое ќе ги објасни процесите на глобализацијата и деструктивните форми на општествениот живот чие дејствување го доведува во прашање тоа што долго време се сметало за основна тема на социологијата: општеството разбрано речиси само како ограничена национална држава” Според мислењето на Лисабонската група(ова од 94-та), глобализацијата е фаза која логично следи по фазата на интернационализација и мултинационализација бидејќи, за разлика од нив, го најавува крајот на националниот систем како централно јадро на организираните човечки активности и стратегии .
Истражувањата на процесот на глобализацијата откриваат дека се соочуваме со појава која има повеќе димензии - економска, општествена, политичка, културна, верска и правна - и дека сите тие се поврзани специфично. Овазначи дека еднозначните толкувања и објаснувања кои имаат предвид само една страна на проблемот ирелевантни. Освен тоа, наместо да се приспособи на модерниот западен модел на глобализација - т.е. моделот на хомогена и еднолична глобализација кој, и во теориите на модернизацијата и во теориите на развојот, непоколебливо го поддржуваат како приврзаниците на Лајбниц, така и приврзаниците на Маркс - последните триесетина години процесот на глобализација ја комбинира универзалноста и укинувањето на националните граници, од една страна, со посебноста, локалната различност, етничкиот идентитет и враќањето на вредноста на заедницата, од друга страна. Покрај тоа, таквиот модел на глобализација подразбира разновиден интерактивен однос со другите, напоредни процеси на трансформација на светскиот систем како што се драматичниот пораст на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните земји, меѓу богатите и сиромашните во секоја земја посебно, пренаселеноста, еколошките катастрофи, етничките судири, масовните миграции на меѓународен план, појавата на нови држави и пропаста или опаѓањето на старите, сè поголемиот број граѓански војни, организираниот криминал на глобално ниво, формалната демократија како политички услов за добивање меѓународна помош итн.
Пред да дадам мислење за современата глобализација накусо би се обидел да ги опишам нејзините главни особини - од економскии политички аспект односно гледна точка. Патем ќе ги спомнам и трите прашања: 1) дали глобализацијата е нова или стара појава? 2) дали е има и позитивни и негативни видови? 3) која е целта....на се поголемиот интензитет на глобализацијата? .Не би се осмелил + значењето на економијата....да ја игнорирам културата како и социолошкиот аспект, верувам дека е потребно да се посвети исто внимание и на општествените и културните димензии на глобализацијата.
Укажувањето на главните карактеристики на глобализацијата може да делува како пропагирање на идејата дека таа е не само еднолиниски процес, туку и процес зад кој стои консензус. Но очигледно не е точно(или барем треба некое време за да се докаже спротивното-не да се форсира истата без притоа да има јаз меѓу богатите и сиромашните земји). Сепак, иако погрешна, таа идеја преовладува. И, иако погрешна, таа содржи и малку вистина. Никако не може да се рече дека глобализацијата не се заснова на консензус; напротив ќе видиме дека таа отвора широко поле за жестоки судири меѓу различни општествени групи, држави и хегемонистички интереси, од една страна, и општествени групи, држави и подредените интереси, од друга страна. јас лично лично сметатам дека дури и внатре во хегемонистичкиот табор постојат помали или поголеми поделби во таа смисла. Но и покрај сите тие внатрешни поделби, хегемонистичкиот табор дејствува врз основа на консензус на своите највлијателни членови. Токму тој консензус ги одредува не само доминантните одлики на глобализацијата туку и ги легитимизира како единствено можни и соодветни.
Слично на поимите кои му претходеле, како што се модернизација и развој, поимот глобализација содржи дескриптивна и прескриптивна компонента.
ако го земеме предвид обемот на процесот кој е во тек, прескрипцијата е всушност долг список на прописи кои се сите засновани на хегемонистичкиот консензус. Тој консензус е познат како “неолиберален” или “Вашингтонски консензус” (бидејќи кон средината на осумдесеттите години на 20-иот век во Вашингтон го потпишале државите кои го чинат јадрото на светскиот систем тој се однесува на иднината на светската економија, развојната политика и, посебно, на улогата на државите во таквата економија.
Консензусот не ги одредил сите димензии на глобализацијата на ист начин, но влијаел врз сите нив. Самиот неолиберален консензус е збир на четири консензуси од кои настануваат други консензуси Тој консензус денеска е релативно ослабнат како поради сè почестите судири внатре во хегемонистичкиот табор, така и поради отпорот кој го дава подредениот или антихегемонистичкиот табор; тие судири и отпорот се толку силни што периодот во кој сега живееме е можам да речам пост неолибералистички. или барем мод на истиоотс. Инаку, баш неолибералниот консензус нè доведе до состојбата во која денеска се наоѓаме, што значи дека токму тој ги создал доминантните белези на сегашната глобализација.
На различните консензуси содржани во неолибералниот консензус заедничка им е една главна идеја на која се заснова метаконсензусот. Таа идеја се сведува на тврдењето дека влегуваме во период во кој исчезнуваат длабоките политички расцепи. Нема веќе империјалистички соперништва меѓу хегемонистичките земји кои во 20-иот век предизвикале две светски војнимеѓусебната зависност на големите сили овозможила развој на соработка и регионална интеграција. Денеска се водат само мали војни, од кои повеќето се со слаб интензитет и речиси секогаш се случуваат на периферијата на светскиот систем. Во секој случај, иако применуваат различни механизми (селективна интервенција, манипулација на меѓународната помош, контрола со посредување на надворешниот долг), земјите кои го чинат јадрото на светскиот систем имаат средства тие центри на нестабилност да ги држат под контрола(контрола...за непослушните денес...). По Втората светска војна судирите меѓу капиталот и работата, кои поради слабата институционализација придонесле за појавата на фашизмот и нацизмот, потполно се институционализирани во тие земји. Денеска во постфордовската ера, таквите судири не се веќе во таа мера институционализирани, но тоа не предизвикува нестабилност бидејќи, во меѓувреме, работничката класа се расцепи, а новата класа склопува спогодби кои се помалку институционализирани и се применуваат во помалку корпоративни контексти.
Идејата дека настануваат расцепи меѓу различните модели на општествената трансформација исто така е дел од метаконсензусот. Првите три четвртини на 20-иот век се одликувале со соперништво меѓу двата антагонистички модели: револуцијата и реформизмот.Нејсе ако е точно дека распаѓањето на Совјетскиот Сојуз и паѓањето на Берлинскиот ѕид го означиле крајот на револуциоијата, тогаш кризата во државите со развиена социјална грижа, како во централните, така и во периферните делови на светскиот систем, покажува дека и реформистичката парадигма е осудена на пропаст. Ноу мор американците или русите туку разгоре судирот меѓу Северот и Југот, иако се тврди дека тоа никогаш и не бил вистински судир и дека нивниот однос е плодно тло за развој на меѓусебна зависност и соработка. Значи, од сега натаму, општествената трансформација нема да биде политичко туку техничко прашање. Таа не е ништо друго туку забрзано повторување на односите на соработка кои постојат меѓу општествените групи и држави.
Фукујама (1992) и неговата идеја за крајот на историјата го искажале тој концепт на метаконсензус. Потоа следела Хантингтоновата (1993) идеја за “судирот на цивилизациите”, според која расцепите не се веќе политички, туку цивилизациски. Токму отсуството на политички расцепи на модерниот Запад го навело Хантингтон повторно да ги измисли во вид на расцеп меѓу Западот, сега сфатен како еден тип на цивилизација, и тоа што тој од нејасни причини го нарекува “исламско-конфучијанска врска”. Тој метаконсензус и консензусите произлезени од него лежат во основата на доминантните одлики на повеќедимензионалната глобализација.Од тоа што до сега е кажано и врз основа на анализата која следи ќе стане јасно дека доминантните карактеристики на глобализацијата се всушност карактеристики на доминантната или хегемонистичката глобализација. Подоцна ќе укажам на клучната разлика меѓу хегемонистичката и антихегемонистичката глобализација.
ЕКОНОМСКАТА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ
Во почетокот на осумдесетите години на 20-иот век, Фребел, Хајнрикс и Креје (1980) веројатно први проговориле за настанувањето на новата меѓународна поделба на трудот заснована во глобализацијата на производството, чии создавачи биле мултинационалните компании кои постапно прераснале во главни фактори на новата светска економија. Би ги набројал оние кои сметам дека се главните карактеристики на новата светска економија: доминација на финансискиот систем и инвестициите на глобално ниво, флексибилни и мултилокални производни процеси, ниски цени на транспорт, револуција во комуникациската и информациската технологија, укинување на регулативата на националните економии, давање предност на мултилатерални финансиски агенции и создавање на трите главни транснационални економии: американската, потпрена на САД и специјалните односи кои таа земја ги има со Канада, Мексико и Латинска Америка; јапонската, потпрена на Јапонија и специјалните односи со “четирите тигриња” и остатокот од Азија; и европската, потпрена на Европската унија и нејзините посебни односи со Источна Европа и Северна Африка.
Иако со нееднаков интензитет и во согласност со различните позиции кои спомнатите земји ги имаат внатре во светскиот систем, трансформациите се ентропирале во целиот тој систем.Имено-они мораат да ги удоволат следниве настојувања и барања: националните економии мораат да се отворат кон светскиот пазар и домашните цени мораат да се усогласат со меѓународните; предност треба да се даде за економијата на извозот; напорите на монетарната и фискалната политика мораат да бидат насочени кон намалување на инфлацијата и националниот долг и одржување рамнотежа меѓу увозните и извозните цениправата на приватните сопственици мораат да бидат јасно дефинирани и неповредливи претприемачкиот државен сектор мора да биде приватизиран приватното одлучување поткрепено со стабилни цени, треба да има пресудна улога во одредувањето на националните модели на специјализација; нужна е мобилност на ресурсите, инвестициите и профитите; државната регулатива на економијата мора да биде намалена на најмала можна мера државниот буџет не смее да и дава приоритет на социјалната политика - износот на социјалните давачки треба да се намали, т.е. тој не може да се однесува на сите жители, туку мораат да се применуваат мерки за надокнада на припадниците на општествените слоеви кои поради дејствувањето на пазарот станале очигледно загрозени.1 Истражувајќи ги последиците на економската глобализација во градските средини Саскиа Сасен открива длабоки промени во географијата, составот и институционалната структура на глобалната економија ѓВо врска со новата географија таа вели : “Ако ги споредиме педесеттите и осумдесеттите години, ќе видиме дека во вториов период географскиот простор на глобалната економија се стеснувал и дека јакнела оската Исток-Запад. Тоа се гледа во исклучителниот пораст на инвестициите и трговијата внатре во тн. тријада: САД, Западна Европа и Јапонија” . Новата географија се карактеризира и со тоа што директните странски инвестиции, кои едно време најмногу ги користела Латинска Америка, се пренасочени кон источна, јужна и југоисточна Азија, каде меѓу 1985 и '86 г. просечната годишна стапка на пораст сè зголемила за повеќе од 37%. Покрај тоа, додека во педесеттите години најголемиот меѓународен проток бил врзан за светската трговија, пред сè со суровини, но и со друга стока и произведени ресурси, по осумдесеттите разликата меѓу стапката на пораст на извозот и стапката на пораст на протокот на финансии драстично се зголемила: по кризата во 1981-'82 г., па сè до 1990 г., директното странско вложување на глобално ниво во просек пораснало за 29% годишно, што дотогаш во историјата не било забележано.
Значи ако збориме за институционална структура-тогаш- се соочуваме најверојатно со новиот меѓународен режим заснован врз доминација на банкарските и меѓународните сервиси. Мултинационалните компании сега се битен елемент во институционалната структура, заедно со глобалните финансиски пазари и транснационалните комерцијални блокови. Според Сасен, сите тие промени придонесле за создавање на нови стратешки локации во светската економија: надворешнотрговски зони, оф-шор финансиски центри и глобални градови .
Една од најзабележливите трансформации настанати под влијание на неолибералната економска глобализација е огромната концентрација на економска моќ во рацете на мултинационалните компании: од 100 економски најјаки системи во светот, 47 се мултинационални компании, 500 мултинационални компании контролираат 70% од вкупната светска трговија, а околу 20% од мултинационалните компании држат 50% од директните странски инвестиции .
Накусо, економската глобализација е поддржана од страна на неолибералниот економски консензус, кој содржи три институционални новости: драстично ограничување на државната регулатива во економијата, нови права за меѓународна сопственост на странските инвеститори, :pos2: и создавачи на иновации како и подреденост на националните држави кон мултилатералните агенции како што се Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската трговска организација. Земајќи го предвид воопштениот карактер на консензусот, неговите прописи се применуваат или со строгост ( Ирон Фист) или со одреден степен на флексибилност . .
Интересно.... почитувањето на неолибералните прописи најмногу им се наметнува на периферните и полупериферните земји, бидејќи по пат на преработени програми, мултилатералните финансиски организации можат тие прописи да ги трансформираат во услови за повторни преговори за надворешниот долг. Сепак, земајќи ја предвид сè поголемата превласт на финансиската логика над реалната економија, дури и (ова значи дека наредните генерации ќе треба да го исплаќаат истиот) ги трпат последиците од одлуките на агенциите за финансиски рејтинг, т.е. компаниите кои имаат меѓународно овластување да ја проценуваат финансиската состојба на државите и ризиците и шансите на кои, во согласност со тоа, се изложуваат меѓународните инвеститори. На пример, кон средината на деведесеттите компанијата Мудис неповолно ја оценила должничката состојба на Шведска и Канада, што пресудно влијаело врз одлуката на тие земји за намалувањето на социјалните давачки ?????
3. ОПШТЕСТВЕНАТА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И НЕЕДНАКВОСТА
Во врска со општественополитичките би рекол-иако модерниот светски систем е структуриран од класниот систем, сега се појави транснационалната капиталистичка класа чие поле на репродукција е целата планета, бидејќи таа лесно може да ги заобиколи националните работнички организации и во надворешна смисла слабите периферни и полупериферни држави во светскиот систем.
Главниот институционален вид на транснационалната капиталистичка класа се мултинационалните компании; огромните трансформации во светската економија кои тие ги поттикнуваат се огледаат во фактот што тие се создавачи на повеќе од една половина од светскиот индустриски производ и дека уште поголем процент на трговија се одвива меѓу нив. Иако може да се постави прашање дали нивната структура е навистина нешто ново, очигледно е дека се разликуваат од поранешните форми на меѓународни компании и по распространетоста и по степенот и по ефикасноста на централизираното управување кое го имаат воспоставено
Последните години наголемо се расправа за влијанието на мултинационалните компании врз создавањето на новата класа и на нееднаквоста во светски рамки. Тргнувајќи од теоријата на зависност, Еванс бил еден од првите аналитичари на “трикратниот сојуз” меѓу мултинационалните компании, локалната капиталистичка елита како основа на забрзаната индустријализација и економскиот развој на полупериферните земји - на пр. Бразил. Создавачите на теоријата за постимперијализмот Бекер и Склар укажувале на појавата на буржоазијата која наводно има извршна власт:pos2:, наводно на новата општествена класа која потекнува од односите меѓу административниот сектор на државата и големите приватни или приватизирани компании. Таа нова класа има локален и меѓународен огранок. Локалната, националната буржоазија, е широка општествена категорија, која ја опфаќа претприемачката елита, директорите на компаниите, високите општествени функционери, влијателните политички лидери и истакнатите стручњаци. И покрај својата хетерогеност, тие групи прават класа, бидејќи, како што велат авторите, “независно од разновидните групни интереси нејзините членови ги делат општествено-економските привилегии и тежнеења кон воспоставување врски со центрите на политичката моќ и општествената контрола кои се својствени на капиталистичкиот начин на производство”. Во меѓународниот огранок, интернационалната буржоазија, спаѓаат менаџерите на мултинационалните компании и директорите на меѓународните финансиски институции
Истите мултинационални агенции кои биле лидери во спроведувањето на тој модел на глобализација, како што се Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд, во потполност признаваат дека споменатата класна структура произведува нови општествени нееднаквости. моделот на индустријализација и развој, заснован на “трикратниот сојуз” инхерентно е неправеден и способен само за одреден вид редистрибуција на капиталот: “од населението кон општествената буржоазија, мултинационалните компании и локалниот општествен капитал. Одржувањето на осетливата рамнотежа меѓу тие три партнери, во принцип укинува било каква можност на сериозно разрешување на прашањето на редистрибуција. Споредувајќи ги моделите и шемите на општествената нееднаквост во Латинска Америка и Источна Азија,
Денес е сосема очигледно дека последните децении нееднаквоста на распределбата на светскиот капитал станува уште поголема: во осумдесеттите години од 84 неразвиени земји, 54 доживеале паѓање на домашниот општествен производ по глава на жител; во 14 земји тој пад изнесувал околу 35%; според податоците на годишниот извештај на Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП, 2001), повеќе од 1,2 милијарди луѓе (нешто помалку од четвртина од светската популација) живее во апсолутна сиромаштија или со други зборови има приходи помали од 1 долар дневно, а 2,8 милијарди живее од само два пати поголема сума (УНДП, 2001: 9).3 Според извештајот на Светската банка за 1995 г. групата сиромашни земји во кои спаѓа 85,2% од светската популација поседува само 21,5% од светскиот капитал, а групата богати земји во кои живее 14,8% од светската популација поседува 78,5% од светскиот капитал. Просечно африканско семејство денес троши помалку отколку што трошело пред 25 години. Според Светската Банка, африканскиот континент е единствен на кој меѓу 1970 и 1997 г. производството на храна опаднало
Нееднаквоста растела толку забрзано и во толку голема мера што е потполно оправдано би било да помислиме дека последните неколку децении елитата се спротивставила на редистрибуцијата на капиталот, со што завршил периодот на ограничена демократизација на капиталот зачнат по Втората светска војна. Во извештајот за 1999 г. Програмата за човечки развој- ги имаме овије податоци-1997 г. 20% од светската популација од најбогатите земји поседувало 86% од светскиот бруто производ, а најсиромашните 20% на светот само 1%. Според извештајот од 2001 г., 79% од корисниците на интернет биле концентрирани во најбогатите делови од планетата кои сочинуваат една петтина од земјите во светот. Таквите нееднаквости покажуваат колку сме всушност далеку од општеството на глобалните информации. Обемот на електронските информации во Сао Паоло, едно од глобалните општества, е поголем отколку во цела Африка. Обемот на корисниците на електронската мрежа во Латинска Америка е скоро ист колку во градот Сеул (УНДП, 2001: 3).
Во изминативе 30 години драматично се зголемила нееднаквоста во дистрибуцијата на капиталот меѓу земјите. Разликата во приходите меѓу 5-те најбогати и 5-те најсиромашни земји во 1960-та година изнесувала 30:1, а 1997 74:1.(е сакаа 30% бдп за оружје ЕТЕ ИМ)
Кога станува збор за општествената глобализација, неолибералниот консензус дава основа да се намалат платите во името на развојот и економската стабилност; за да се постигне тоа, нужна е либерализација на пазарот на работа која се постигнува со намалување на цената на работата, со забрана за прилагодување на платите кон зголемување на продуктивноста и трошоците на животот и со укинување на законот за минимална плата .поентата би билоа спречување на: “инфлациониот удар како последица на зголемување на платите”. Намалувањето на куповната моќ на домаќинствата која произлегува од таквата политика се разрешува со излегување на странските пазари. Така, економијата се дестабилизира, поимот потрошувач е заменет со поимот граѓанин, а критериумот за вклучување во светскиот систем не е веќе правото на тоа вклучување, туку состојбата на платежна способност. Сиромашните се платежно неспособни (вклучувајќи ги и тие потрошувачи кои ги пречекориле границите на дозволеното задолжување). Во борбата против сиромаштијата пожелно е да се усвојат мерки кои ќе имаат улога на надомест и со кои ќе се намалат ефектите на исклученост од светскиот систем, но не и да се укине самата исклученост, бидејќи таа е неизбежна (според тоа и оправдана) последица на развојот заснован врз економскиот пораст и глобалната конкуренција. Неолибералниот консензус на земјите кои го сочинуваат јадрото на светскиот систем наметнат им е и на периферните и полупериферните земји по пат на контрола на надворешниот долг кој го спроведуваат ММФ и Светската Банка. Новата глобализирана сиромаштија не е резултат на недостиг од човечки и материјални ресурси, туку на невработеноста.. Според податоците на Светската Здравствена Организација, во сиромашните земји се јавуват 90% од вкупниот број болести во светот: истовремено на располагање им е 10% од средствата на глобалниот износ кој се троши на здравјето; на една петтина од светската популација не & се достапни современите здравствени услуги, а на половината од светската популација ни основните лекови. Здравството веројатно е област во која нееднаквоста се гледа на најшокантен начин. Според последниот извештај на Програмата за хуман развој во 1988 г. 968 милиони луѓе не можеле да си дозволат вода за пиење, а 2,4 милијарди (малку помалку од половината од светската популација) ни основната здравствена нега: 2000 г. 34 милиони луѓе се заразени со ХИВ - од тоа 24,5 милиони од подсахарскиот регион (УНАИДС, 2000: 6); 1998 г. 12 милиони деца (помали од 5 години) умреле од излечивите болести (УНИЦЕФ, 2000). Сиромашната популација претежно била погодувана од маларија, туберкулоза и дијареја.
Налет мислам очигледна е нееднаквост меѓу сиромашните и богатите земји, меѓу обогатите само четири го имаат исполнето условот, т.е. својата морална обврска од домашниот бруто производ да издвојат 0,7% за помош на загрозените.
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И НАЦИОНАЛНАТА ДРЖАВА
Новата меѓународна поделба на трудот, заедно со новата “пропазарна” политичка економија, предизвика и битни промени во меѓународниот систем, политички вид на модерниот светски систем. Хегемонистичките држави, сами или преку меѓународните институции кои се под нивна контрола (пред сè мултилатералните финансиски институции), од една страна ја ограничуваат политичката автономија и ефективниот суверенитет на периферните и полупериферните држави, применувајќи досега невиден притисок, иако способноста на овие последните да се спротивстават или преговараат е многу различна. Од друга страна, постои сè поголемо тежнеење кон склопување меѓудржавни спогодби (Европска унија, Северноамериканска спогодба за надворешна трговија, Меркосул). Во Европската унија спогодбите се одвиваат по пат на здружување или заеднички суверенитет. И последна, но не најмалку битна работа е фактот дека Обединетите нации го изгубија своето централно значење како повластено место за економски, општествени и политички иницијативи. Со јакнење на меѓусебните односи на државите и транснационалната практика ослабена е способноста на Обединетите нации да го насочуваат или контролираат протокот на луѓе, добра, капитал и идеи, како што тоа некогаш го правеле.
Влијанието на меѓународниот контекст врз регулативата на националните држави е инхерентно на модерниот меѓународен систем, но тоа не е нов феномен. Со Вестфалскиот договор за мир (1648) воспоставени се токму такви односи. Не е ново ни тоа што меѓународниот контекст тежнее да има посебно силно влијание врз правната регулатива на економијата, за што сведочат разни проекти за стандардизација и унификација на економските закони на кои во 20-иот век работеле специјалисти за споредбено право и кои биле применувани од меѓународните организации и националните влади. Како што самите имиња на проектите кажуваат, меѓународниот притисок постојано тежнеел кон воспоставување едноличност и стандардизација.
П.С ова е едно мое ревју на книгата емпајр од хардит
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.