Мартин$
Модератор
- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 5.234
- Поени од реакции
- 148
Произведен глушец отпорен на рак
На американскиот Универзитет Кентаки, истражувачите произвеле глушец отпорен на рак. Зафатот бил направен на основа на откритие на професорот на радиациска медицина на Британскиот колеџ, Вивек Рангнекар и истражувачи кои во простата нашле ген кој го сузбива туморот именуван како “Пар-4“, пренесува Блиц.
Истражувачите откриле дека овој ген ги убива ќелиите на ракот, но не и нормалните ќелии. Постојат многу малку молекули кои се борат против канцерогените келии, што овозможува да се применува во терапија. Кај глувците кои што биле родени со овој ген не се развивале тумори, тие растеле нормално и немале дефекти.
Професорот Рангнекар рекол дека “Пар -4“ бил оригинално откриен во простата, но тоа не било ограничено само на простата. Генот бил изразен во секој тип на ќелија, вклучувајќи ги и канцерогените ќелии на простата.
Рангнекаровиот тим го унапредил истражувањето за потенцијална тарапевтска користа на генот, го внел во јајце на глушец. Потоа била оплодена сурогат мајката.Следните генерации го имале овој ген.
Импликациите на луѓето би можеле да бидат со трансплантација на коскена срж “Пар-4“, молекулите потенцијално да се искористат за борба против ракот кај пациенти без отровни и штетни споредни ефекти на хемотерапија и радијациска терапија.
Професорот Рангнекар истакнал дека е потребно уште многу да се работи пред ова истражување да биде применето врз луѓе, но се сложил дека тоа следен логичен чекор.
Ова научно истражување било објавено во списанието “Истражување на канцерот“.
Вакцина може да заштити од рак
Американските научници создале вакцина која во тестовите спроведени на животни, успешно создава заштита од рак.![]()
Научниците од Универзитетот во Џорџија, каде што постои центар за проучување на карциномот, синтетизирале вакцина која успеала да активира силен имунитетен одговор на канцерогените клетки во животинскиот организам.
"Кај глувците забележавме многу силни антитела и докажавме дека ваквиот одговор е функционален - овие антитела можат да ги убијат канцерогените клетки".
Вакцините најчесто се користат за да делуваат превентивно односно да го подготват имунитетот да препознае и нападне одредени вируси или бактерии. Но вакцината која овие американски научници ја развиле е терапевтска вакцина која го тренира имунитетот да се бори со постојната болест.
"Моравме да создадеме вакцина која на нашиот имунитетен систем не му дозволува да се бори со ништо друго, освен карциномот" изјави еден од научниците. Значи целиот систем се бори со канцерогените клетки со цел да ги уништи.“
Мобилните предизвикуваат тумори во мозок
Користењето мобилни телефони повеќе од 10 години дава конзистентна слика на зголемен ризик од барем два типа на тумори на мозок. Ова е заклучокот на шеснаесет истражувања од седум земји – САД, Финска, Шведска, Данска, Велика Британија, Германија и Јапонија.![]()
Мобилните телефони се како радио. Тие емитираат ниски нивоа на микробранова радиофреквентна енергија во моментот кога се користат. Емитираат и кога се на стенд бај, но со уште помала јачина. Користењето на мобилен телефон го приближува изворот на зрачење до мозокот и ова може да доведе до апсорпција ја релативно големи количества на електромагнетна енергија.
Повеќе години се води дебата за штетноста на мобилните телефони. Додека мобилната индустрија од разбирливи причини ги убедува корисниците дека оваа технологија е безбедна, скорешните истражувања го тврдат токму спротивното.
Истражувачите од Одделениото за Онкологија при Универзитетската Болница во Шведска извршиле ревизија на шеснаесет објавени студии кои ја истражувале можната поврзаност меѓу користењето на мобилни телефони и стапката на мозочни тумори. Во нивниот заклучок се вели:
„За акустична неурома и акустична глиома (два типа на рак на мозок), целокупниот ризик е зголемен кај целата група. Зголемувањето е особено забележително кај случаите на ипсилатерална експонираност (тумор на онаа страна од мозокот каде што вообичаено се држи телефонот при разговор)... Овие резултати имаат сигурна биолошка издржаност, бидејќи е откриен највисок ризик од тумори во најекспонираниот дел од мозокот, користејќи период на доцнење кој е релевантен во карциногенезата.“
Зголемен ризик од акустични неуроми
Акустичните неуроми се неканцероген тумор што се развива на нервот што го поврзува увото со мозокот. Овој тумор обично се развива бавно. Растејќи притиска врз нервите што се одговорни за слух и рамнотежа. Стандардно се отстранува со радиохирургија.
Знаците и симптомите на акустични неуроми вклучуваат губење на слух, најчесто постепено (понекогаш и нагло), обично само (или повеќе) од едната страна, зуење во увото, вортоглавица, губење рамнотежа, укочување и отрпнување на лицето. Туморот може да го притисне и мозокот, а во ретки случаи и да порасне доволно голем за да претставува закана по животот.
![]()
Зголемен ризик од глиома
Истражувачите исто така откриле дека ризикот од глиома значително се зголемува со стажот на користење мобилен телефон.
Глиома е тип на примарен тумор на централниот нервен систем (ЦНС), кој никнува од глиалните клетки. Најчесто се појавуваат во мозокот, но можат да го зафатат и ’рбетниот мозок или било кој друг дел од ЦНС, како што се оптичките нерви. Глиомите можат да бидат бенигни (бавнорастечки) или малигни (брзорастечки).
Терапијата за глиоми и шансите за преживување зависат од типот, големината и локацијата на туморот, како и од возраста и целокупното здравје на пациентот. Често се третира со комбиниран пристап кој вклучува хирургија, радиотерапија и хемотерапија.
Симптомите зависат од локацијата на туморот. Мозочна глиома може да предизвика главоболки, мачнина и повраќање. Доколку е на оптичкиот нерв, може да дојде до губење на видот. Глиома на ’рбетот може да предизвика болка, слабост или укоченост во екстремитетите.
Во врска со глиоми и мобилни телефони, истражувачите заклучуваат дека „земањето предвид на десетгодишен или поголем период на доцнење дава конзистентна слика за поврзаноста меѓу употребата на мобилни телефони и малигните мозочни тумори, особено глиома од висок степен.“
Што да се прави?
Студијата сепак не вели дека употребата на мобилни телефони предизвикува тумори во мозокот, туку дека долгогодишното користење може да го зголеми статистичкиот ризик од појава на определени мозочни тумори. Иако оваа проблематика е далеку од разјаснета, за хеви дјути корисниците на мобилни телефони веројатно е паметно да користат слушалки, со што би ја оддалечиле антената од мозокот.
извори: netpress.com.mk и idividi.com.mk
На темава се што има за ракот и други вакви заболувања...и мислам во насловот грешка направив (‘‘генетски заболувања‘‘):shame:

