И после ваквите провокации и негации , еве како добронамерно им враќаме ние :
Завчеравечер во околината на Скопје падна првата клапа на филмот "J.A.C.E.", копродукција помеѓу Грција, Македонија, Турција и Холандија. Филмот се снима на три локации: Грција, Македонија и Холандија, а ова е прва соработка од ваков вид помеѓу Грција и Македонија.
Младиот режисер Менелаос Карамагиолис од Грција, зад себе веќе има еден долгометражен филм и неколку кратки.
- Карамагиолис овојпат носи една приказна полна со интриги, љубов, омраза и контроверзи. "Ј.А.C.Е." (името на главниот херој) или "Just another confused elephant" е синоним за млади напуштени слонови, кои раснат без родителска поддршка, стануваат агресивни кон луѓето, другите животни и кон себе. Токму ова му се случува на главниот херој. Неговата приказна е модерна верзија на Твеновиот - Оливер Твист. Џејс е дете кое останува без родители, расне во туѓа земја и се бори да најде свое огниште. Дејствието започнува во 80-тите во Албанија, каде ја убиваат мајката на Џејс. Тој завршува во Грција, се вплеткува во мафијашки игри, но ова е само почеток на една човечка судбина..., велат од продукцијата "Гејзер филм".
Продуцентските куќи од двете земји се "Гејзер филм" Скопје, и "Блонди Атина". Главни продуценти од Македонија се Зоран Ристески и Данчо Чевревски.
-За извонредната сценографија чии потреби се навистина големи се грижи македонскиот сценограф Бујар Муча, додава Елена Павловска од "Гејзер филм"
Во филмот, покрај грчките актери, се појавуваат и нашите Амернис Нокшиќи, Адем Карага, Гораст Цветковски, Ајета Реџепи, Висар Етеми, Хајрула Рамизи, Сабедин Селмани, Лилјана Георгиевска, Мирсат Исени, Тамер Ибрахим и поп пејачката Дани Димитровска.
Филмот е финансиран од повеќе европски фондови, како и од нашето Министерство за култура, кое го поддржало уште пред три години. Од македонска страна, како што ни кажаа од продукцијата, се вложени околу 100 000 евра.
Во краткиот опис на сценариото не се спомнува Македонија.Можеби дејствието се одвива пред да биде измислена Македонија или пак нашиов новинар новниарот заборавил да праша дали Македонија воопшто се спомнува во филмот како суверена држава, можеби авторот ќе се огради на Македонија само како територија.
Па дури и она последното кое го болдирав, - вложуваме пари во нивните проекти.:sekss:
Честитки за соработката и добрососедските односи Македонијо. :kesa: