Гејминг новости

  • Креатор на темата Креатор на темата Dylan Dilon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 ноември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
1
Возраст
30
Здраво, сакам да ви претставам една страна која ќе биде наменета за собирање и изведување на сите Гејминг новости, исто и активизам преку самиот Форум. Доколку сте во можност погледнете и искажете ги вашите критики, што би требало да подобрам, како ... Било какви критики се добродојдени.

Web: http://www.gamespot.con.mk/
Forum: http://www.gamespot.con.mk/forum/index.php
 
Како прво смени го името пошто инаку нема долго да ти стои страната пред да ти ја блокираат за авторски права.

Инаку страната е ок али битен е контентот.
 
си можел некој друг домејн да ставиш .com или .mk а не овој комплициран, исто не копирај никогаш други туку биди си уникатен, исто ти треба боље лого, и мртвава боја смени ја со некоја пожива портокалова пример или црвена, најди и некој темплејт подобар овој е многу генерички, исто не ти се преведени стварите, не е review на игри туку ривјуа на игри итн. Отприлика тоа.
 
Уште од самиот почеток, јас не би ја отворил оваа страна, прва причина е тоа што е хостирана на бесплатен хостинг со бесплатен домејн (con.mk) од едноставна причина што на ваквите хостинзи најчесто има непосакувани процеси кои може да се активираат во позадина. Изгледаат аматерски и луѓето нема да имаат доверба.

Ако навистина сакаш да се занимаваш со ова одвои 2000 денари и земи си хостинг и top level domain, нормално ако си добар.

Ова не е хејт, само сакам да ти помогнам. Бидејќи и јас првпат почнав со con.mk и знаам добро како е, (уште пред 5 години) но пред се тоа беа тест-ови потоа
 
Последно уредено:
не ти се преведени стварите, не е review на игри туку ривјуа на игри итн.

Е ама го преведе :aplauz:
Подобро да пишува review отколку ривју зашто не постои збор "ривју". А преведено на македонски би било рецензии на игри.

Иначе се слагам околу критиката за името, gamespot може да биде само ако е мак. верзија на официјалниот gamespot.com.
 
Може и ривјуа да се искористи зошто повеќето луѓе го знаат и го употребуваат место рецензии.
 
Е ама го преведе :aplauz:
Подобро да пишува review отколку ривју зашто не постои збор "ривју". А преведено на македонски би било рецензии на игри.

Иначе се слагам околу критиката за името, gamespot може да биде само ако е мак. верзија на официјалниот gamespot.com.
Употребата на странски термини во македонскиот, поправилно е да се изведе така што терминот ќе биде напишан, како што звучи кога е прочитан.
Што значи, „ривју“ е поправилно од „review“, ако више се користи збор кој не постои во македонскиот јазик.
Иначе да, „рецензија“ е најдобар збор.
 
Употребата на странски термини во македонскиот, поправилно е да се изведе така што терминот ќе биде напишан, како што звучи кога е прочитан.
Што значи, „ривју“ е поправилно од „review“, ако више се користи збор кој не постои во македонскиот јазик.

Јасно ми е све тоа ама во случајов имаме збор кој постои во македонскиот јазик, затоа реков. Ривјуа на игри е некако глупо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom