па не продава ако кајгана форум само отвараш. Имаш ит форум каде што редовно копачи продаваат карти за багатела.
Нормално дека поисплатливо е на старо. Уште поисплатливо е комплет билд на старо.
Никој не вели дека картите на старо не функционираат. Поготово ако направиш добар дил со гаранција, тоа е бонбона.
Но прашањето е следно- дали би сакал во комплет нов билд (со "чекај да им го скинам целофанчето") да му ставиш карта која мајнала претходно?
Ако ДА, тогаш си гуд ту гоу!
Значи нема тука што да се дискутира.
Јас на пример пре би за нова, не знам, ете ...
Али на пример ако најдам на добра цена, и ако сметам дека картата не е од рерна извадена и ја можда би ставил половна.
Не знам како одат цените на половните картички. Пример од новите 40ки.
4080 е отприлика 1200-1400 нова. Не верувам да ја најдеш испод 500 -600 евра. Онака лупам, не сум во мк и не ги пратам цените.
30 сиријата рачунај уште повеќе имаат мајнано, а додуша и цените им се повисоки отколку на 40ките, што е стварно ментално.