Непотребна главоболка awaits!
Кој е тој што ќе си ги троши живците со 14 годишно дете за да прави игра?
Освен ако е друго дете со слични цели во животот.
Да не се разочараш ама повозрасни луѓе тешко да ќе следат во ова. Освен ако имаш нешто стварно добро и убедливо, што најверојатно го немаш, пошто тешко се прави.
Имам пробано, со Phaser, со Stencyl, со Pushbutton и нешто малце во Unity3D. Саде идиоти се меткаат, џоа еден куп пари ќе направат со клон на Флапи Брд.
Јунити е озбилен и стварно вреди знаење во него. Ако си добар и работа можеш да си најдеш понатаму.
Ама квалитетни игри што вработуваат и носат пари, е за тоа батко, има да заплачеш од работа и од тестирање и пробување дизајни. Башка, игрите што носат пари, не се шала. И развој на игра од играње игра ти е равно на „баби и жаби“.
Земи го Хартстоун на Близард за пример. Или на пример Хироус оф да Сторм. Ја играм од алфа верзија. Од алфа кога излезе има 3 години, а во пред-алфа дизајн беше мислам уште во 2011та. Значи имаш 7 години од тогаш и уште се развива.
Земи ја Старкрафт 2 за пример. Почетоците се од 2003та. Излезе 2010та.
7 години во развој. Сега сме 2018та, извадија уште две продолженија и сега вадат и ко-оп мод, двајца против ВИ.
За сам или тим од двајца-тројца, само веб игри или мобилни ми личат некако.
Еден да црта, друг звук, трет кодирање. Така некако.