Овој одлепил!
ЕКСКЛУЗИВНО СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ТЕМИ
Фуере: Немате докази!
Амбасадорот на ЕУ во земјава останува на лошата практика да биде креатор на политичките односи во Македонија, а не набљудувач и советник за евроинтеграцијата каква што е неговата функција. Фуере останува симпатизер на СДСМ со забелешки за тужбите за клевета и навреда на ВМРО-ДПМНЕ, но со разбирање на оние од социјалдемократите. За бугарското негирање на македонскиот идентитет вели "немате докази", иако постојат пресуди за дискриминација од Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Изборите во март се оценети како клучни за европската перспектива на Македонија. Кои се вашите очекувања?
- Секако, овие избори се круцијален тест за капацитетот на Владата, државните институции и за земјата, воопшто, да демонстрира дека може да организира слободни избори без нерегуларности, без заплашувања, насилство на кое сведочевме во јуни минатата година. Понекогаш премногу се фокусираме на денот на изборите, но имаше нерегуларности и во изборниот процес, кампањата. Она што се случи минатата година беште нешто што не го очекувавме.
Во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР беше наведено дека на минатогодишните избори инцидентите беа главно од партиите на албанскиот блок. Како да се надмине ова?
- Јас вината не ја ставам главно кај албанскиот блок, бидејќи ако постои клима каде крајниот резултат е фокусиран на одредено подрачје, не може да ги обвинувате само тие кои се најактивни во таа област, туку да ги обвините партиите од целата земја. Затоа постои колективна одговорност, одговорност на сите политички лидери за тоа што се случи. Мислам дека тоа беше и суштината на извештајот и би било грешка да се дефинира дека она што се случи во јуни се однесува на една многу мала група, малцинство, ограничено на мала територија од земјата. Како да се надмине? Во основа лидерите и партиите треба да ги направат сите напори и не само на национално ниво, туку и на локално, за да се избегне она што се случи во јуни и да сфатат дека ова е последна шанса на земјата да демонстрира дека има капацитет во следните неколку години, бидејќи следните избори се 2012. Навистина и политичките партии, Владата, мора да преземат се. Го поздравувам фактот што се подготви, акциски план, што е направена измена во Изборниот законик, планот за обезбедување за време на изборите, но ова не е доволно. Плановите се добри, но секогаш може да тргне и во погрешна насока ако нема конзистентни напори.
ПОЛИТИЧКА ПОДДРШКА
Кога говориме за внатрешно-политичката сцена постои впечатокот дека ја поддржувате левицата, поточно социјалдемократите, без разлика дали се на власт или опозиција. Зошто?
- Не знам од каде доаѓа оваа перцепција. Јас ја имам слушнато од многу ограничеен број на извори и јас навистина се обидувам да сфатам на што се базира, бидејќи ако ги анализирате моите изјави во последните неколку години ќе видите конзистентност во тоа што го нудиме, предлагаме. Тоа е дијалог меѓу сите страни и дека само преку тој дијалог и консензус се можни успешни реформи, а тие бараат вклученост на сите. Ние навистина сакаме да видиме исполнети услови за да препорачаме датум за почеток на преговорите, но тоа не го гледаме.
Но, не реагиравте на притисокот врз судството, лани имаше протести пред судот кога беше повикан Бучковски пред судијата, заканувачки изјави на Шеќеринска, како ќе ве апсиме еден по еден кога ќе дојдеме на власт. Зошто не реагиравте?
- Ние секогаш кога има обиди за непочитување на правото, секогаш реагираме, без разлика дали се партии од Владата или опозицијата, не правиме разлика од каде е изјавата, од која партија. Често ги прашувам луѓето кои зборуваат како Вас на овој начин, имате ли докази?
Доказ се изјавите...
- Изјави? Но никогаш не излегуват со докази, слично со критицизмот дека никогаш не сум рекол ништо позитивно за Владата, ова е целосно неточно. Ако само личностите кои го велат ова го погледнат веб-сајтот на делегацијата на ЕУ ќе видат - кога има добар прогрес ние го признавме, поздравуваме, но кога има грешки и не се успева да се исполнат обврските, моја одговорност е да потсетам.
И само зошто некој ќе каже критички коментар не значи дека таа личност ја претставува опозицијата и мислам дека тука е проблемот во атмосферата сега во земјава. Оние што ќе се осудат да прашаат без разлика дали се од цивилното општество или медиуми веднаш се осомничени, ако зборуваат за она што се однесува на политиката агенда, што е срамно. Затоа јасно во Европскиот парламент ја повикав владата да направи поголеми напори да го ангажира цивилното општество, исто така да обезбеди медиумите да можат да играат целосно независна улога. Ова е во интерес на Владата и затоа се уште ми е мистерија, зошто се уште има тешкотии да се сфати, да се прифати критицизмот.
Впечатокот доаѓа од фактите. И кога СДСМ и ДПА го напуштија парламентот, потоа на Владата веднаш и беше префлена вината за политичкиот дијалог...
- Не. Како прво ние силно протестиравме, јасно кажавме дека практиката на бојкот е целосно неприфатлива за демократските општества. И без разлика која партија ова го практикува, ние силно го осудуваме и во исто време критикуваме кога не се почитуваат демократските процедури, итните процедури во јули беа нешто што не е вообичаено во демократската практика. Зошто вакви итни процедури? На крајот, се разбира, првиот човек на парламентот сам призна дека беше грешка. Нашиот критицизам е непристрасен.
Истиот впечаток постои и воопшто за партиите од албанскиот блок. ОБСЕ лоцира одговорност кај нив, значи треба да се санира таа појава. Затоа како да се надмине тоа, а Вие велите колективна грешка?
- Да, зошто на крај имаме изборен процес кој сериозно влијае на имиџот на земјата.
Можеби треба "формула" за поголем притисок врз албанските лидери?
- Не, затоа што тоа ќе даде впечаток дека тие единствено се виновни, а вината е кај сите политички лидери, тоа мора да биде така, иако некои лидери генерално чувствуваат дека не се виновни, но со самото тоа што се политички лидери, тие преземаат одговорност. Да се биде лидер значи да се биде пример и тоа е за сите СДСМ, ВМРО, СДП, ДУИ, ДПА...
Само да кажам дека мислам дека е ова голем проблем за Македонија. Тој концепт на моќ, што не е концепт што го делат многу европски држави, поентата овде е кога некоја партија има мнозинство, таа паратија чувствува дека нема потреба да се консултира со политичките опоненти, дека може да прави што сака зошто има мнозинство. Тоа е вежбање на моќта, моќта треба да се користи мудро, на пример ние во Ирска кога се обидувавме да се вклучиме во ЕУ знаевме дека само со консензус меѓу сите ќе ја постигнеме целта. Ова недостасува овде дух на консензус и знаење дека само со заедничка работа, со разговор со противниците, може да се постигне крајниот резултат. Како што изјавив во Европскиот парламент, секогаш кога Владата се консултирала со останатите политички партии по однос на било кое прашање, не погрешила. Пример за ова е последната лидерска средба.
МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ
Се укажува на добрососедските односи, а Македонија слуша не само од Грција, туку и од Бугарија, негирање на македонскиот идентитет, значи не е само прашањето за името. Зошто Брисел не реагира, станува збор за непочитување за основно човеково право?
- Има недоразбирање овде, зошто луѓето го мешаат името со идентитетот. Идентитетот е нешто свето, сум го кажал ова многу пати, никој не може да ви го одземе и без разлика кое да е името на државата, идентитетот останува, секогаш е традиција итн. Јас верувам дека низ соодветен дијалог е можно да се надминат овие проблеми. Словенија има слични проблеми, не слични, со минатото, со соседите прават комисии и ние имаме со нашите соседи, и затоа продолжуваме да ја охрабруваме Владата овде да работи заедно со соседите да се најде компромис.
Да, но тоа е за името, но Ве прашувам за негирање на македонскиот идентитет...
- Но, кој го негира македонскиот идентитет?
Бугарија...
Тоа не сум го видел официјално. Бугарија е прва која ја призна земјата.
Мислам дека не зборуваме за официјална политика, имаше посета на бугарскиот премиер неодамна, има добра билатерална соработка, не мислам дека треба да се претерува.
Сметате дека нема ситуација Брисел да реагира?
- Нема официјална позиција, јас не сум слушнал Бугарија да негира, рекла бугарската влада нешто вакво?
Да има изјави од официјални претставници...
СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ
Зошто сега нагласувате дека треба да се подобри состојбата со слободата на медиумите, на говорот?
- Иста е причината за која зборувавме, за перцепцијата кога рековте дека подржувам една партија што не се базира на објективни оценки за нашата позиција. Само затоа што цивилното општество или некој натпис во весник е критички настроен кон политика на Владата некој ден, тоа не мора да биде оваа Влада може да биде било која, не мора да значи дека весникот е осомничен. Тоа е конструктивен критицизам. Тоа е најдобар начин да се јакне демократијата. Реков и во Европскиот парламент, Владата ќе излезе како победник ако дозволи независни медиии чии уредници и новинари имаат капацитет и можност да ја практикуваат работата слобода без политичко влијание и заплашување.
Но, за време на претходната владејачка структура предводена од социјалдемократите имаше најмногу кривични пријави против новинари за клевета и навреда, и актуелните постапки се од нив. ВМРО-ДПМНЕ ги повлече сите кривични пријави. Зошто сметате дека сега нема слобода на изразување?
- Жалосно е ако доаѓа до тоа од која и да е партија. Гледам нешто необично, мала можност индивидуи да критикуваат, дури и професори да се сметаат за непријатели. Тоа е тажно, зашто покажува недостаток на политичка зрелост во земјата, дека не може да се има индивидуално мислење и мислам дека е во интерес на земјата да промовира атмосфера на независно мислење.
ЕУ ПРОШИРУВАЊЕ, ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА
Колку проблемите во светот, новонастаните кризи на Блискиот Исток, гасната криза веќе е надмината, може да влијаат да се занемари проширувањето на Европската унија?
- Дефинитивно не, зошто проширувањето останува формална политика на ЕУ. Затоа инсистираме на реформите овде, затоа што е во интерес на Македонија да ги постигне стандардите за неа, за граѓаните, не затоа што ние ги сакаме. Исто сум убеден и верувам дека ќе се заокружи ратификацијата на Лисабонскиот договор и ќе продолжи проширувањето.
Ќе има ли одлука македонските граѓани да патуваат без визи?
- Ако реформите продолжат во позитивна насока, како во последниве месеци нема причина зошто да не биде така. Македонија е лидер во регионот според остварувањето на реформите во контекст на визна либерализација, а ова го напоменав и пред Европскиот парламент.
Кога ќе се донесе одлуката, во првата половина на годинава кога претседава Чешка или во втората половина за време на шведското претседателствување со ЕУ?
- Мислам подоцна (за време на шведското претседателствување), бидејќи експертите од Унијата работат и гледаат што е постигнато и нивната работа ќе се зокружи во април. Потоа ќе треба и извештај на ЕК.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C84C16AD9E59704F95261028526B5AB1