Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
plazata u ohrid brat hahaahahahahahahahahahahahahahajsuohasuhaduhahahahahahahahahahahahaa

Јас повеќе ја преферирам Андон Дуков. :icon_mrgr:

Сега видов @Hm_Hm, за хрватската се работело.
Не сум некој оптимист, којзнае дали тоа е права средина за него. Имаат и некои проблеми нерешени со играчи, не се засилија како што треба, врел костен во рацете на Мрмињо.
 
Дарко Велковски и Бобан Николов ништо чудно таму да завршат сега.
 
Сега видов @Hm_Hm, за хрватската се работело.
Не сум некој оптимист, којзнае дали тоа е права средина за него. Имаат и некои проблеми нерешени со играчи, не се засилија како што треба, врел костен во рацете на Мрмињо.

Најдобриот нивен фудбалер само што заврши во Хајдук.

Треба да ги тргне од последното место, иако за него е проблем што сега нема некој како лани што уште од старт се знаеше дека ќе испадне.

Но веројатно едно три-четири екипи по квалитет се послаби од Горица, па има со што да работи.
 
Да, за Калик и мислев. Имам резерви бидејќи уште не знам кој му е стилот на Мрме. А знам дека Горица преферира т.н модерен фудбал, отворен, што е можно понапаѓачки.

Ајде, нека му е со среќа. Ќе ги крене до седмо место сигурно, далеку од најлоша е Горица во првенството.
 
Милан го договориле Malick Thiaw ќе има официјално утре.
@Uli Hoeneß @Staufer дали имате претстава за каков играч се работи?
Да те не лажа не го следев Шалке лани во втора. На прв поглед млад играч со потенцијал ама повеќе не можам да кажам.
 
Важно драма направија. Демек отпор, не сме ние било кој, ние сме Ајакс

Епа вие сте Ајакс, ама постои и Манчестер Јунајтед, јебига.

Антони е играч со голем талент, опасен техничар и дриблер. Цената е таква каква што е, залудно да зборуваме веќе. Дали ќе успее прво со физичкиот аспект на лигава да се избори, останува да видиме.
Претпоставувам сега дека Ајаксе плати околу 30 милиони за Зијеш.
 
Колку што знам, Манчестер беше подготвен да ги плати овие пари. Ајакс го промени ставот, велејќи дека не сакаат да го продаваат Антони по ниедна цена.

Ако сакале пред навивачите да добијат некаков кредит, да креираат некаква лажна слика за отпор и принципиелност, во ред. Траеше тоа некоја седмица повеќе и еве ги легнаа на брашното.

Како Дортмунд што прави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom