Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа извадил боловање ради психички замор, агентот негов пријавил дека играчот е под стрес и нема да тренира. :pos:
Какви кревки балерини почнаа да го играат спортов.
Тоа се тие цигански работи што ги зборам...сите синдикалци, штрајкувачи во последно време, ако не ме пуштите нема да играм, нема да тренирам, бла бла..преголема моќ имаат во рацете агентите на играчите, ги условуваат клубовите, додека пак на клубовите економскиот аспект му е пред спортскиот(многу логично), така да место да го бетонира на трибини (и ако видат играчите дека ќе седат на трибина цела сезона, може да сменат став подоцна), клубовите најчесто се решаваат да ги продаваат играчите испод цена што му била првично зацртана
 
Еве им замена на Барса за Нико Вилијамс.
Таман има уште некое место во болницата на Барса.
Почнав да верувам дека најбитен услов да играш у тимот е да имаш добра историја на повреди. Или да си потенцијален инвалид.
 
  • Хаха
Reactions: ob1
Стратегијата им е "збунити противника". Купија и продадоа по 100 души овие 2-3 лета, па веќе никој не знае кој им е во тимот. Се спремаат во прво коло Сити да играат против Дисаси и Бадиашил, кога во одбрана излегуваат со Адарабиојо и тоа детето од Бока. :D

Таман и дресовите им се такви.
 
Јас не можам да разберам шо се случи со Галагер, поверно ми е дека играчот не беше задоволен и си побара трансфер отколку дека не се уклапал во тимот.
 
Јас не можам да разберам шо се случи со Галагер, поверно ми е дека играчот не беше задоволен и си побара трансфер отколку дека не се уклапал во тимот.
Ај не прави филмови сега божем Галагер е некој мега јак играч. Нула техника, слаб во посед ама куче и трча како хиена, агресивен. На сите ни е криво пошто е Челзи дете и од градинка игра таму ама фудбалски нема да осетиме, Лавиа ако остане здрав и Енцо има да се чеша каде ќе игра, така ми изгледа работава.
 
Ја разбира ли некој трансфер стратегијата на Челзи?

Каде ги најдуваат овие пари Челзи 1милијарда потрошија во последниве две години 700м во зијан од трансфери и продолжуваат да трошат ФФП што беше тоа.Шега на страна навистина добар играч само колку ќе остане здрав е главно прашање.
 
И 10 милијарди да фрлат џабе им е кога клуб им е како work and travel моментално. Одиш сезона две да направиш пари и нови познанства. Направија имиџ на неозбилен клуб.
 
Ај не прави филмови сега божем Галагер е некој мега јак играч. Нула техника, слаб во посед ама куче и трча како хиена, агресивен. На сите ни е криво пошто е Челзи дете и од градинка игра таму ама фудбалски нема да осетиме, Лавиа ако остане здрав и Енцо има да се чеша каде ќе игра, така ми изгледа работава.
Пишав јас и во фан клубот ич не го имам гледано, во карактеристики ако можи да им се верува на статистиката дефанзивно е многу добар 7 гола и 7 асистенции за играч на негова позиција се супер бројки.
Плус капитен и дете од клубот, тоа ти е исто како Атлетико од Коке да се ослободи кога беше во прајмот.
Борбен играч, таков бара Симеоне, да гини за секоја топка а и со дисциплината "убо" стои :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom