C
confusion
Гостин
50 милиони евра за Палмер во нивни книги вреди многу повеќе, мислам дека @vidooq објасни кај нас во фан клуб, Пеп не му дава многу шанси плус игра на позиција на Фоден, така да..Што прават овие Сити бе, знам дека не се пропуштаат 50 милиони евра за Палмер, поготово што нема изиграно апсолутно ништо, али после Фоден ова им е најперспективен играч.
А за Челзи не знам што да кажам, како лабаво си истураат едно брдо пари, човек да им позавиди..
Да не ве чудат вакви трансфери на Челзи и Сити, мислам дека со таа цел имаат толку огромни академии и се тепаат за секоја „млада нада“ затоа што во наредни години со нивни продажби ќе си балансираат книги.