Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
До сеа сите играчи што си отишле од Баерн биле пуштени со некој џентлменски договор да си заминат, како во случаите на Крос, Тијаго и сл.
Ова со Левандовски е класична Барса тактика, набуцкај го играчот да се раскара со тимот за да можеш да го земеш поевтино.

Нема погнасна екипа од Барселона што се однесува до купување на играчи, буквално сите играчи им се купени на ист начин.

Ова е инат од Баерн и се најдоа затечени пошто не ни имаат обезбедено замена а овој глупакот Левандовски јавно почна да треска глупости. Можеле убаво позади затворени врати да се договорат уште зимоска ако сака да си иде за Баерн да најде замена.

Баерн требало да го испоштува Левандовски. А зошто Левандовски не го испоштува Баерн? Да ќути и да не лупета јавно а со тоа да ја спушта преговарачката моќ на Баерн. Ги доведе у независна ситуација сега и се надевам Кан ќе биде инат до крај и нема да го пушти по цена која не е кажана од самите Баерн.
Однесувањето на Левандовски е последица на тоа што од Баерн не го известиле што планираат со него во иднина, а преговараа за Халанд.
 
Однесувањето на Левандовски е последица на тоа што од Баерн не го известиле што планираат со него во иднина, а преговараа за Халанд.
Oд кај знаеш дека преговарале за Халанд?

А што да го известат Левандовски кој има уште една година од договорот и ако добро се сеќавам, Баерн беа отворени за продолжување.
 
Да го земеја Халанд ќе му ја покажеа одма вратата. Вака ни угоре ни удолу. Лева сака 2 години плус Баерн нуди една.
 


televisa%2Bpresenta.jpg
 
Oд кај знаеш дека преговарале за Халанд?

А што да го известат Левандовски кој има уште една година од договорот и ако добро се сеќавам, Баерн беа отворени за продолжување.
Е општо познато е веќе сето ова, од кај знаеш :D

Сити, Реал и Баерн преговараа со Халанд. Од Баерн немало никаква комуникација со Лева за тоа кои им се плановите за него и дали ќе му се нуди нов договор. Како играч кој има толку многу дадено за клубот, се навредува и одлучува да си оди уште летово, а сето тоа го изнесува јавно.
 
Ау па не дека е младич на 19 па да се навредува, нормално е и тоа дека Баерн треба да мисли на иднината.
 
Е општо познато е веќе сето ова, од кај знаеш :D

Сити, Реал и Баерн преговараа со Халанд. Од Баерн немало никаква комуникација со Лева за тоа кои им се плановите за него и дали ќе му се нуди нов договор. Како играч кој има толку многу дадено за клубот, се навредува и одлучува да си оди уште летово, а сето тоа го изнесува јавно.

Абе Дноев, какви ти се овие срања?
Општо било познато? Од кого општо, дома мајка ти ти соопшти?
Од кај знаеш Баерн со кого преговарале, од кај знаеш дали немало комуникација Баерн - Левандовски? Кој си ти, Брацо или Кан? Или Ана, жена му?

Дај опрај се со Твитерот, ебате беља. Форсираш теми (од твитови), колку да се најдеш на муабет нешто.
 
Oд кај знаеш дека преговарале за Халанд?

А што да го известат Левандовски кој има уште една година од договорот и ако добро се сеќавам, Баерн беа отворени за продолжување.

Понудено му е продолжување на договор, сега дали две годишен или едногодишен договор, не знам. Колкава плата исто така не знам.
Можеби Донев и Игорче може повеќе да ти кажат за тоа.
 
Понудено му е продолжување на договор, сега дали две годишен или едногодишен договор, не знам. Колкава плата исто така не знам.
Можеби Донев и Игорче може повеќе да ти кажат за тоа.
Го зимате за релевантно интервјуто на тој неговиот агент каде вика дека саат време на состанок му збореле за времето и за рандом ствари а воопшто за договорот?

Според мене мислев дека се малце престроги према Лева, увек бил фер со нив овие години додека тоталира таму ама па и ова што Барселона веројатно буцка работа не треба да се игногира, тотален срам се за вакви работи, сме виделе во повеќе наврати.
 
Го зимате за релевантно интервјуто на тој неговиот агент каде вика дека саат време на состанок му збореле за времето и за рандом ствари а воопшто за договорот?

Оној Захави е поумрен и попокварен агент од Мендес и Раиола (RIP) ЗАЕДНО.
Ни буква не е за верување, искрено.

Коман му беше клиент и исто имаше тегавење за продолжување договор. Го отпушти, веднаш продолжи со Баерн.
 
Ама во заграда РИП што пишал. :pos:

Зашто да не, човеков имаше фер однос со Баерн (Румениге посебно) секогаш, мислам дека и Gravenberch му е последен дил пред да почине.
 
Зашто да не, човеков имаше фер однос со Баерн (Румениге посебно) секогаш, мислам дека и Gravenberch му е последен дил пред да почине.

Ако бе Стелт, прав рисјанин, во тој дух.
За умрениот, само добри работи.
 
Го зимате за релевантно интервјуто на тој неговиот агент каде вика дека саат време на состанок му збореле за времето и за рандом ствари а воопшто за договорот?

Според мене мислев дека се малце престроги према Лева, увек бил фер со нив овие години додека тоталира таму ама па и ова што Барселона веројатно буцка работа не треба да се игногира, тотален срам се за вакви работи, сме виделе во повеќе наврати.

Пин Захави ти е провокатор и лажов.
Кингсли Коман го шитна него, си зеде друг агент и го продолжи договорот со Баерн без проблем.
Кимих, па тој сам преговараше со Кан и Брацо за условите за продолжување на договорот, и го продолжи секако.
Се продолжија договорите и со Горецка, Милер и Ноер.

Едноставно е, Лева сака можеби промена на средина, а и ги сфатил премногу лично муабетите дека Баерн ги потпрашувале агентите на Халанд, плус Пин Захави претерал прераскажувајќи му дека Баерн се врти околу Халанд. Ги извртел малку работите.
И на последното продолжување на договорот на Лева со Баерн, имаше проблеми со Захави и со претерувањето на испревртени кажани зборови во јавноста каде што сакаше притисок и проблеми да прави преку медиумите.
Во тие преговори тогаш, Брацо и се имаше скарано со Захави.

А тие 2 години криза со короната, ги погоди и Баерн финансиски многу.
Тоа од Лева ги изненади во Баерн, а бидејќи има договор до летото 2023, со тоа сакаат да имаат доволно време за да соберат некој нов напаѓач, а и знаеме дека кога станува збор за напаѓачи, Баерн секогаш имале предобри напаѓачи и тука досега не утнувале.
Но, сега во овој момент сигурно не може да си го дозволат Лаутаро Мартинез или Дарвин Нуњез за 80 мил.евра.
Мислам дека на крај сепак ќе попуштат од Баерн, и дека ќе го продадат летово. Насила сигурно нема да го држат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom