Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Значи според твојов муабет швајцарските играчи треба да се најскапи.
Ако швајцарската лига е на ниво и способна да акумулира добивка поголема од другите лиги, тогаш 100% да!
 
Ливерпул не може, ниту Сити можат сами како клуб, Донев вика зашо сме против трошење, ама никој не е, барем не додека се трошат пари кој клубот ги спечалил ама тоа така не функционира кај Челзи и Сити, кога газдите на клубови се пуштени да прават што сакат без ффп еве кој е исходот, 250м за два играча, оди парирај им после...
Секако. Арсенал не земаа сега кредит за да можат да трошат летово?
Кронке ако реши да дава од свој џеб и направи тим за титула, а ако не се лажам има повеќе пари од Абрамович, ќе се буниш и нема веќе да ги следиш?
 
Аа па Абрамович со негова картичка плаќа :D
Инаку мене лично, пластика не пластика, повеќе ми се допаѓа стилот на Абрамович и арапите него на ГЕјзери, Кронке и останати прекуокеански евреи!
Луѓето решиле да се забавуваат со фудбал, бујрум ага, да видиме кој колку може да вложи, ако е маж! Јес да пазарот се одлепи од реалноста, ама реално, што е реално денеска?
 
А што ќе му е уствари Грилиш на Пеп?
Покрај Mаерез, Феран Торес, Стерлинг, Фоден и Бернардо Силва?
Плус тоа што му се враќа и Џек Херисон од позајмица што беше во Лидс и извади подобра статистика од Грилиш минатата сезона.

Значи без Грилиш, ако остане Херисон во Сити (не знам дали лидс има некоја клаузула или планира да го одкупи) тогаш ќе има 6 играчи што можат да играат/се крила. Не сфаќам, стварно.
Исто ме интересира и Џек Херисон колку пари ќе отиде во Лидс, ако уопште го пуштат да си иде.

Не го сфаќам ќелавото...
 
Шампионскиот тим секогаш се подобрува максимално што може, само така се станува сериски победник.

Иначе има некое време муабети дека Бернардо сака да си оди, а во приказната за Кејн исто беше спомнато дека се отворени Стерлинг да го дадат.

А и играч ко Грилиш ќе го подобри секој тим, нема што многу да мислиш однапред. Ако имаш шанса, зимаш.
 
Ги начекал арапиве како си ги цеди овој Пеп мастермајндов :D :aplauz:
 
Шампионскиот тим секогаш се подобрува максимално што може, само така се станува сериски победник.

Иначе има некое време муабети дека Бернардо сака да си оди, а во приказната за Кејн исто беше спомнато дека се отворени Стерлинг да го дадат.

А и играч ко Грилиш ќе го подобри секој тим, нема што многу да мислиш однапред. Ако имаш шанса, зимаш.
Нешто слично ко Интер :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
А што ќе му е уствари Грилиш на Пеп?
Покрај Mаерез, Феран Торес, Стерлинг, Фоден и Бернардо Силва?

Па затоа што Грилиш е подобар од сите овие овде набројани. Плус ниту еден од овие не му е директна конкуренција, Грилиш е повеќе AMC отколку крило.
 
Па затоа што Грилиш е подобар од сите овие овде набројани. Плус ниту еден од овие не му е директна конкуренција, Грилиш е повеќе AMC отколку крило.
Де Брујне е 10ка. Една од најдобрите 10ки во Европа во последниве неколку години.
Во ниту еден случај Грилиш не е подобра опција од КДБ.
Многу хајп има околу Грилиш. Чист пример за overhyped играч е. Да, класа си е, одлично крило/10ка. Нема збор за тоа, ама па 100 милиони се ту мач за него.

Шампионскиот тим секогаш се подобрува максимално што може, само така се станува сериски победник.

Иначе има некое време муабети дека Бернардо сака да си оди, а во приказната за Кејн исто беше спомнато дека се отворени Стерлинг да го дадат.

А и играч ко Грилиш ќе го подобри секој тим, нема што многу да мислиш однапред. Ако имаш шанса, зимаш.
Се сложувам.

Бернандо ако не се лажам игра најчесто 10ка или десно крило а грилиш 10ка или лево крило. Кејн од друга страна ми е логичен избор за Пеп, со Габриел единствен класичен шпиц не иде шампионски тим. Треба Агуеро да се замени летово а Кејн е одличен избор.
Мене тоа и ме буни, имаш огромна дупка - немаш 9ка а при 6 крила да фрлаш 100 милиони на Грилиш. Освен ако маестро пеп не планира да ја тера и следната сезона со лажна 9ка па пак да си попие блам во ЛШ покрај фрлени 100+ милиони 4та? година по ред. :)

Грилиш е топ играч, сакам да видам како ќе се снајде во голем клуб каде што ќе биде под тон притисок. Да видам што ќе покаже. Ама брат 100 милиони се многу за ова до сега што го има покажано.
Башка 26 години полни во септември. Уште нема осетено Европа, уште нема дадено 20+ г+а, буквално уште нема направено ништо во неговата кариера.

не ме сфаќај погрешно, одличен играч е и ми се свиѓа како се понаша и на топка и без топка. Само мислам дека премногу е исфорсиран. 100 милионски играч не смее да има таква статистика. Талентот му е тука, борбеноста му е тука, ама уште треба да се докаже и да покаже што знае и што може.
 
60-70 мил најмногу.
Астон Вила не сакаат ова лето да го продадат и затоа му е одредена таа сума, па кој го сака нека плати.
На Сити приоритет им е Кејн или Халанд.
 
Секако. Арсенал не земаа сега кредит за да можат да трошат летово?
Кронке ако реши да дава од свој џеб и направи тим за титула, а ако не се лажам има повеќе пари од Абрамович, ќе се буниш и нема веќе да ги следиш?
Арсенал троши пари на свој грб, нема долгови. Челзи колку дужи на русинот, милјарда, две?
Секако дека Абрамович тип газда е потребен за клубот да биде амбициозен во денешниот фудбал ама пак зашо не се размислува дека треба да се промени начинот на кој работат клубовите и вакви расфрлања како на Сити, Псж и Челзи да бидат ограничени, да има баланс.
 
Ако Сити ги земе и Кејн и Грилиш, нападот ќе им изгледа вака:

Марез, Де Брујн, Грилиш

Кејн

А како резерви ги имаат Фоден, Стерлинг, Бернардо Силва и Феран Торес.

Нема никаква потреба да се гледа кој игра во среден ред или во одбрана, има да им даваат по 6 гола на сите.
 
Последно уредено:
Сигурно ќе продадат двајца од Стерлинг, Марез и Бернардо.

Грилиш, Кејн, Фоден
Де Брујне, Родри, Гундоган
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom