Фудбалски правила

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Веб-сајт
www.demirhisar.gov.mk
Еден пост ме испровоцира да ја отворам темава.

Нема врска кој... во секој случај ќе биде една интересна тема во која ќе бидат ставани правилата на фудбалската игра.

Ајде малку, теорија :)

Лекција 1: Офсајди


Офсајд
1.jpg

Еден играч ја додава топката до свој играч кој е зад последниот во одбраната (без го сметаме голманот). судијата треба да покаже офсајд


Чиста позиција

2.jpg

Играч ја додава топката до друг играч кој не е во офсајд, а трет играч е во офсајд но, не делува врз играта. судијата не треба да покаже офсајд.


Чиста позиција
3.jpg

Одбрамбениот играч на Сината екипа ја враќа топката до голманот или друг играч. Тоа го пресекува играч од Црвената екипа кој е последен зад одбраната (без го сметаме голманот). судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
4.jpg

Додавање од аут на играч кој е последен зад одбраната (без го сметаме голманот). судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
5.jpg

Голманско нафрлање до играч кој е последен зад одбраната (без го сметаме голманот). судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
6.jpg

Изведен корнер кон играч кој е последен зад одбраната (без го сметаме голманот). судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
7.jpg

Еден играч ја додава топката до свој играч кој е зад последниот во одбраната (без го сметаме голманот) но тој се најдува зад централната линија. судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
8.jpg

Еден играч ја додава топката до свој играч кој е во иста линија со последниот во одбраната (без го сметаме голманот). судијата не треба да покаже офсајд.

Чиста позиција
9.jpg

Играч шутира кон голот а друг играч е во офсајд но, не делува врз играта. судијата не треба да покаже офсајд.

Офсајд
10.jpg

Играч шутира кон голот, додека друг играч е во офсајд и делува врз играта (може да му попречи на голманот да ја виде топката, или да ги спречи одбранбените играчи да интервенираат). судијата треба да покаже офсајд

Офсајд
11.jpg

Играч шутира кон голот а друг играч е во офсајд но, не делува врз играта во дадениот момент. Ако топката од голманот, или стативата се одбие до играчот кој бил во офсајд претходно, судијата треба да покаже офсајд

Чиста позиција
12.jpg

Еден играч ја додава топката до свој играч кој е зад последниот во одбраната (без го сметаме голманот), но топката е вратена наназад. Судијата не треба да покаже офсајд.

Наскоро, нови лекции...
 
Мислам дека 5-во не ти е точно!
Затоа и ја отворив темава.... за да се научат БАШ таквите правила кои помалку или повеќе се непознати кај тие кои играат или следат фудбал

Сите правила се ТОЧНИ, без исклучок на 5то.

еве и нешто за помош....

Анимација, за офсајд правилата....

[media]http://www.dynamic-thought.com/Offside.swf[/media]
 
Правилото со реден број 10.

Неееее судијата виде, ама овие се правила од новата верзија на ФИФА. Судијата уште користи Фифа 86... бета верзија, тогаш овие правила ги немаше.
Затоа НЕ БЕШЕ ОФСАЈД.

Олд Скул 4 ЛајФ!!!!:pipi:
 
Ги знам правилава бе :pipi:

И џабе голот на Трезеге, кога не им донесе победа :toe:
 
Тоа 6-тото, мислев и од корнер е офсајд, ама еве не било...
 
Лекција 2: Димензии

Кои се димензиите на еден фудбалски терен?

Знаеме во Македонија во подолните лиги може и да е на некоја ливада 10 метри широка на 60 долга... но сепак тоа е против правилата на фифа:)

Еве како треба да изгледаат тие димензии:

f_terenm_0e7e18c.jpg
 
Ако знае некој, малку е ова техничко правило ама има врска со фудбалов...
Ако играч играл во ЛШ есента, и зимото замине во клуб кој игра во УЕФА Куп, дали би смеел да настапува во Куп на УЕФА за новиот тим? Ако знае некој, плис нека каже:)
 
Играчот е регистриран во Европските купови(ЛШ/Уефа) со друг клуб и нема право на настап со новиот клуб во тој куп.
 
Интересна тема!
Ај јас да прашам нешто, во случајот 11 колку што знам офсајд е само ако при шутот е во недозволена позиција играчот што ја прифаќа одбиената топка ако истиот истрча по шутот не е Офсајд така?

Друга работа е за димензиите, тие што ги даде се точни но сепак за меѓународни натпревари теренот треба да е со димензиите од 100 до 110 метри за должина и 64 до 75 m за ширина
 
Шестото правило судиите многу ретко го почитуваат.
Неколку натпревари што ги гледав викендов беа полни со многу такви изведени корнери па судијата свиреше офсајд.
Инаку браво за темава:)
 
Лекција 3: Судии

Што значат знаците со рацете (или знаменцето) на судиите. Разликуваме 11 различни положби кои имаат свое значење:

1.jpg

Индиректен слободен удар

2.jpg

Предност (и покрај што имало фаул, игра со рака...)

3.jpg

Замена

4.jpg

Офсајд

5.jpg

Аут

6.jpg

Жолт картон

8.jpg

Црвен картон

7.jpg

Слободен удар

9.jpg

Офсајд на блиската страна на линискиот судија

10.jpg

Офсајд на средината од теренот

11.jpg

Офсајд на далечната страна од линискиот судија
 
Интересна тема!
Ај јас да прашам нешто, во случајот 11 колку што знам офсајд е само ако при шутот е во недозволена позиција играчот што ја прифаќа одбиената топка ако истиот истрча по шутот не е Офсајд така?
Да точно така. Играчот може да биде во офсајд ако е во недозволена позиција ВО МОМЕНТОТ на ударот од соиграчот. Се покасно не е офсајд.
Друга работа е за димензиите, тие што ги даде се точни но сепак за меѓународни натпревари теренот треба да е со димензиите од 100 до 110 метри за должина и 64 до 75 m за ширина
Точно и тоа. За интернационални натпревари е земена некоја средина од тоа што е дозволено на останати натпревари. Бидејќи сепак различно би играла екипа која тренира на 90м х 45м од екипа на 120м х 90м. Затоа за меѓународни е земена таа златна средина :)

Шестото правило судиите многу ретко го почитуваат.
Неколку натпревари што ги гледав викендов беа полни со многу такви изведени корнери па судијата свиреше офсајд.
Инаку браво за темава:)
Немам забележано и не верувам...

Сигурно беше така? да не беше Играчот А изведува корнер до Играчот B кој додава до Играч C (кој е во офсајд)?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom