Фридрих Ниче

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување
Ниче не само што го дискутира трансвреднувањето на целокупноста на вредностите, туку неговите дела според мене, всушност се создадени баш за таа цел - да постигнат баш таков крај. Неговата филозофија ја создава улогата на еден негативен дијалектик спротивставен на тезата поставена од модерната либералистичко-христијанско робска моралност. Неговото испитување и анализирање на сите филозофии се проширува дури до филозофијата која што тој самиот ја создал.

Додека неговите сопствени погледи водат природно кон нихилизам тие не треба да се сфатат безусловно туку напротив -- да бидат искористени како точка на лансирање за еден трансцендентален систем на вредности, кадешто синтезата на овие два пристапи е единствениот начин да се врати значењето на традиционалните вредности на благородништвото, силата и борбата со декадентноста на модерното општество во кое што живееме.
 
"Vistinskiot maz posakuva dve raboti vo zivotot: opasnost i igra . Zatoa mazot ja izbira zenata kako najopasna igracka "
:wink:
 
Ниче не само што го дискутира трансвреднувањето на целокупноста на вредностите, туку неговите дела според мене, всушност се создадени баш за таа цел - да постигнат баш таков крај. Неговата филозофија ја создава улогата на еден негативен дијалектик спротивставен на тезата поставена од модерната либералистичко-христијанско робска моралност. Неговото испитување и анализирање на сите филозофии се проширува дури до филозофијата која што тој самиот ја создал.

Додека неговите сопствени погледи водат природно кон нихилизам тие не треба да се сфатат безусловно туку напротив -- да бидат искористени како точка на лансирање за еден трансцендентален систем на вредности, кадешто синтезата на овие два пристапи е единствениот начин да се врати значењето на традиционалните вредности на благородништвото, силата и борбата со декадентноста на модерното општество во кое што живееме.

Ај објасни го болдот, не сфатив каков е тој систем на вредности.

Иначе, не сум навлегла во делото на Ниче, ама ми текнуваат 2 работи за него. Прво, рекол "Бог е мртов", мислам дека во смисла на тоа дека човекот не треба да дејствува хумано, правилно само поради страв од некојаси виша сила, туку напротив, треба да постапува добро само затоа што тој така сака.
Второ, теоријата за постоење на надчовек е безвезна, води само кон преценување кај некои индивидуи што си немаат благе везе од животот.
 
Ниче го разоткрива цврстото непријателство на црквата кон науката, кон напредокот на човекот како совршена творба на природата, кои се стремеле кон трезвен допир со реалноста. Затоа што кога човек учи, напредува, упатен е во тајните на природата, пропаѓаат свештениците и нивните богови. Здраворазумското поимање на причината и последицата го водат човекот на вистинскиот пат, кон височините. Просветлениот, научниот човек, се откажува од понижување на духот и телото, не е повеќе склон кон валкање на душата со небулозни обвиненија, казни и вечности.

Према него христијанската волја за уништување, во име на Бог, е насочена против здравјето, убавината, успехот, духот, светоста на душата, против самиот живот. Затоа Ниче. јасно и отворено, ја објавува "смртта на Бог".
 
Премногу сигурно и самоуверено е да се тврди дека Ниче го мислел ова или она, посебно кога се дебатира неговиот однос кон религијата, затоа што за некои филозофи да бидат разбрани во нивниот недостаток на луцидност е неопходно да им се познава животниот пат.Човекот не може да тврди за себе, а не за некој како Ниче, уште помалку на форум.
Не за друго, смешно е, што би се рекло нели небулозно.
 
Тишина!
Ја знам Ниче шо сакал да каже!

Нешто Хитлер ова она нешто нацисти

Нели?
 
Ахам.Додека пукал балончиња со мастиката и го гледал Kung Pow.
 
Премногу сигурно и самоуверено е да се тврди дека Ниче го мислел ова или она, посебно кога се дебатира неговиот однос кон религијата, затоа што за некои филозофи да бидат разбрани во нивниот недостаток на луцидност е неопходно да им се познава животниот пат.Човекот не може да тврди за себе, а не за некој како Ниче, уште помалку на форум.
Не за друго, смешно е, што би се рекло нели небулозно.

Ничеовиот однос кон религиите е кристално јасен, неговиот животен пат само ќе го замагли согледувањето на суштината на неговата философија, која се покажала како кобна за оној кој не се ни обидел да ја разбере, да ја асимилира, кој ја разбрал површно или го разбрал и прифатил само она што нему му одговара за лечење на сопствени фрустрации наметнати од како вика тој "збирштината".

Зарем форумот не служи за дебата? Разменување на мислења и ставови? Зарем Ничеовата мисла не го заслужува тоа? Зарем вистината што ја изложува е толку страшна?
 
Очигледно не знам јасно да се изразувам, јас немам апсолутно ништо против идеологијата на Ниче, напротив, она со кое не се сложувам е да се селектира размислувањето од искуството, тоа само по себе е непотребно дисекцирање на делото и да беше целосно јасно каков однос има Ниче кон религијата одамна неговите разработки ќе беа по пола страна во учебник во кои ќе беше опишуван како типот што дружел со Вагнер и зборувал со коњи.
 
Се извинувам што сум те разбрал погрешно:smir:. Да, во право си, можеби не е целосно јасно каков однос Ниче има кон религијата.
Јас го гледам како верник, на кого преку к*р му е од очајот на постоечките религии и толпата како производ на истите.:toe:
 
Тоа е прототип, исто како со алергиската реакција која се појавува кога има преголем концентрат од материјата, така и човек кој што е свесен за своето постоење и доволно разумен да препознае апартура за мелење „мозоци“ ќе почне да ја мрази и презира иако му е вкоренето да верува во неа.
 
Ај објасни го болдот, не сфатив каков е тој систем на вредности.

Се работи за систем на вредности кој што настанува со комбинација на два или повеќе системи за да формира еден нов систем на вредности, притоа надминувајќи (и природно отфрлувајќи) ги останатите системи. Далеку од совршен во овој случај, меѓутоа и далеку поинтересен од повеќето системи на вредности кои што сме ги сретнале досега.

Не знам каква друга информација би можел да ти кажам овде осврнувајќи се кон суштинската природа на трансценденталниот систем на вредности, но ако сакаш да прашаш поспецифично прашање, слободно повели. =)
 
Премногу сигурно и самоуверено е да се тврди дека Ниче го мислел ова или она, посебно кога се дебатира неговиот однос кон религијата, затоа што за некои филозофи да бидат разбрани во нивниот недостаток на луцидност е неопходно да им се познава животниот пат.Човекот не може да тврди за себе, а не за некој како Ниче, уште помалку на форум.
Не за друго, смешно е, што би се рекло нели небулозно.
Па што е философијата ако не основа за развивање на свои размислувања? Ако философијата не е за дебатирање, што е? Ако философот не образложил некоја своја изрека, паметно и корисно за тебе(мене/секој) е да размислиш зошто го рекол тоа и да заклучиш нешто што е во согласност со твојот здрав разум.
Понекогаш испаѓа дека твоето толкување на таа изрека е поздраворазумно од она на философот. Философите не се богови. :wink:
 
Со единствената разлика која што менува многу, јас мислам дека Ниче рекол во споредба со Ниче мислел, никој од нас не е Ниче за да каже што тој мислел, може само да мисли дека тој мислел тоа и тоа, за да не се навреди поимот. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom