FPV racing во Македонија.

Член од
11 август 2013
Мислења
6
Поени од реакции
5
Здраво,

FPV racing или First Person View тркање е хоби, во кое што се составува мал мулти-коптер со димензии до 25см и брзини до 140км/ч. Со аналагона камера пилотот гледа каде лета преку FPV очила која дава слика од аналогната камера и се навигира низ различни препреки како капии, врати, пилони и слични објекти. Исто е како видео игра, само без симулирана гравитација :cool: До сега кај нас се одржани неколку трки меѓу кои и еден World Cup во Прилеп. Оваа година ќе има многу настани од овој тип и се покануваат сите кои сакаат безпилотни летала да ни си придружат на Facebook. Групата служи како хаб за ентузијасти каде што сите си помагаме кој колку може со знаења, искуства и делови, а кога е убаво времето правиме настани и летаме колективно на локации како Стенковец. Еве како изгледа целото хоби снимено со GoPro https://www.youtube.com/watch?v=vOPy7pMhE5o&feature=share
 

Kajgana Shop

На врв Bottom