Некои тимови ми ствараат одбивност само заради некои минати времиња и подоцна и кога некој нов возач ќе дојде во нив, и него почнувам да го мразам. Таков беше случајот со Ферари (заради Шумахер) се додека Алонсо не дојде во Ферари. Тогаш станав неутрален кон нив, па така денес од најомразен тим некогаш ми стана најомилен од овие четирите „гиганти“ во моментов. (Иако знам дека се тешки ќутуци за стратегии и сл.)
Е, ист таков е случајот со Мерцедес - пак заради Шумахер (и заради Тото Вулф). После почнав да го мразам и Хамилтон само зашто возеше во Мерцедес. Сега исто и Расел, ептен ми е антипатичен. Ама многу ми е мило за Антонели! Ем што е млад, ем што е крајно симпатична појава и одличен возач. И ептен ми е мило што во првата сезона во која се натпреваруваат за титулата, тој ќе ја освои, а не Расел.