Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Честитки за Фетел. Извозе без грешка од почетокот до крајот. Сигурно малку се загрижи кога излезе "SC" но сепак повторно беше неприкосновен. Според мене Фетел е најголемата закана за Батон. Баричело е тука некаде но сепак мислам дека Фетел е во подобра форма а и на "Ред Бул" повеќе им лежат наредните трки. Сепак Батон се уште има убедлива предност.
Замислете на наредната трка Батон да не заврши во бодиви а Фетел да победи и да му се доближи на 6 бода. Ќе се гине на последната трка:). Сепак да не предвидуваме ќе видиме што ќе се случи за 2 недели во Бразил.
 
Секој чест за Фетел,заслужува да оди во подобар болид...Во иднина се надевам на повеќе успеси..
 
И покрај победата на Фетел сепак мислам дека 16те бодови на Батон предност се премногу и ќе ја освои титулата.

Според мене Батон не заслужува ни Т од титула, но ете го искористи тоа што на првите трки имаше убедливо најдоминантен болид со кој било кој возач ќе победеше. Од тогаш не може погоре од 7мо место да се пласира (освен во Монца 2ро место со помош на тактиката), а и пола сезона веќе е постојано зад Баричело.

Фетел е многу поталентиран од него, но неколку негови грешки го чинеа барем 10на бодови кои ќе го направеа многу конкурентен во последниве 2 трки.

Сепак ако победи на наредната, а Батон излета ќе гледаме интересна борба на новата стаза во Дубаи.
 
^ Големи планови има Тојота за 2010та. Ги шитнаа Трули и Глок, а се поврзуваа со Кубица (кој веќе ги откачи) и Кими Раиконен. Ма да чисто сумњам Ајсмен да ја прифати нивната понуда, колку и да е примамлива ..
 
Кими си кажа дека ако останува во Ф1, ќе оди само во тим со кој ќе може да атакува на титулата... По Ферари, единствен е Мекларен. Така да или Мекларен или ќе вози рели :)
 
Кими си кажа дека ако останува во Ф1, ќе оди само во тим со кој ќе може да атакува на титулата... По Ферари, единствен е Мекларен. Така да или Мекларен или ќе вози рели :)
Или Ред Бул,кој шо ќе имаат наши мотори (мерцедес)и големи планови за 2010...Можно е да бидат Brawn II во изненадувањата,како се менуваат закониве,секој може да отиде на врвот или на дното...Тапа работа:jaj:
 
Или Ред Бул,кој шо ќе имаат наши мотори (мерцедес)и големи планови за 2010...Можно е да бидат Brawn II во изненадувањата,како се менуваат закониве,секој може да отиде на врвот или на дното...Тапа работа:jaj:
Red Bull има договор со Webber и Vettel, така да ако Кими заврши таму, некој од нив треба да добие отказ...

Башка некако несигурни ми делуваат, ако Мекларен нема доволно финансии да го исплати Кими, ред бул има појке :tapp:
 
Фелипе Маса : Не верувам да се вратам годинава.
http://www.formula1.com/news/headlines/2009/10/10071.html

По инцидентот во Јапонија и здобиената повреда и исекотина на левата нога, Тимо Глок нема да настапи во Бразил.
http://www.formula1.com/news/headlines/2009/10/10075.html

Преку организирана програма на ивенти во Абу Даби ќе се прослави првото тамошно ГП, на почетокот од наредниов месец.
http://www.formula1.com/news/headlines/2009/10/10074.html
 
Aко Мекларен нема доволно финансии да го исплати Кими, ред бул има појке :tapp:
Не дека нема McM финансии,туку мислам дека не сака да му плаќа голема плата...Па сега Кими може да бира дали јака плата-слаб тим(RBR),или одличен тим,помала плата(McM):wink:
-Бидејки Кими нагласи дека сака шампински болид за 2010 сезона,јас мислам дека ќе ги одбере Мекларен...
 
Добро бе никој не гледаше? Ветел 16-ти, Батон 14-ти, Баричело на пол позиција :vozbud::vozbud::vozbud:

Сакам Баричело да му ја дрпне титулата на Батон, а тоа да се случи има огромни шанси.

Слаб викенд за Мекларен само 17 и 18 место.

п.с. погодете кој е последен.... т.е. не се мачете, стадардно е тоа откако се повреди Маса.

повеќе
 
Јас гледав,ама подобро да не гледав...катастрофа за McM...Сепак честитки до Баричело,мнооогу сакам тој да биде шампионот...
 
Жими таквово формула.Чекам цел ден,се радувам ќе гледам и доаѓа тоа у 7 саат до 8:30 неможеа прва сесија да извозат.Па втората до 9:20 и се изнервирав си излегов надвор.Утре очекуем фани рејс,посебно ако врне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom