Формула 1 сезона 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата bavarec_oh
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
Ајде бе не зборувајте џабе... Кој реално би се судрил, наместо да ја заврши трката? Башка побрз беше и од Кими, и од Кубица, така да ке имаше интересна битка, згора на тоа имаше и повеќе гориво затоа излезе последен... Ке беше сосема поинаков расплетот да не се чукнеа, ке гледавме доста бркање за прво место. Вака Кубица ја имаше чиста патеката пред себе и нормално дека си победи раат.
 
Еј нели се кажуваше дека и во Финска ке се гради трка како домаќин Кими Раиконен... а?
 
Ако го слушате Миленко за се.... Далеку ке стигните. Инаку трка во Србија се гради од пред 2 години, ама до никаде не е... Можаби ке се изгради којзнае.
 
Дечки викендов се вози големата награда на Франција... Штета што имам работа утре и нема да ја гледам. Ајде, еве го пласманот.
1. Кими
2. Маса
3. Хамилтон
4. Алонзо
5.Трули
6.Хејки
7.Кубица
8. Вебер
.
.
.
13.Хајдфелд

Не заборавајте дека Хамилтон е казнет и ке старува 10 места наназад, зад Хајдфелд.

Очекувам коментари за текот на утрешната трка.
 
Хамилтон стартува 10 места поназад така да утре трката ќе ја почне од 13 место.
 
Kaznjen je i Heiki 5 mesta unazad zbog blokiranja Vebera. Takodje kaznjen je i Rosberg 10 mesta unazad.

Ocekujem zanimljivu trku i nadam se da ce Alonso da se popne na pobednicko postolje, Reno je sve bolji i bolji.
 
На Кими да не му се расипеше ауспухот ќе си довозеше до прво место. Добро е 1-2 победа на Ферари, Маса прв во генерален пласман. Не беше баш интересна трката, повеќе дуели имаше за 8-9-10-11 место отколку напред.
 
поинтересно ќе беше ако кими беше прв. поблиску ке беа со бодовите и на наредната трка ке се ресавасе кој ке биде прв.
 
Дечки сеа баш ми текна и гледам нема ништо пишувано за денешната трка која можеби сите ја подзаборавивме поради финалето во Вимблдон. Како и да е денеска се возеше на Силверстоун под многу тешки услови, на моменти како и река да имаше на теренот но на моменти како и беше идеална патеката. Хамилтон победи, кој водеше речиси од стартот на трката без повеќе проблеми со една возача грешка. Втор беше Ник Хајдфелд, Бмв стануваат се подобри и подобри, и на трето место беше за изненадување Рубенс Баричело кој поради многуте излетувања со стрпливо возење стигна до подиумот. Интересно е дека Кубица не зема бодови поради излетување, Раиконен заврши четврт иако имаше две големи грешки, а за маса незнам што да кажам 7-8 грешки направи и заврши 13.
Генерален пласман:
1. Хамилтон 48
2. Раиконен 48
3. Маса 48
4. Кубица 46
 
Интересна трка заради дождот. Последниве 2 - 3 години, интересна трка може да гледаме само кога врне, инаку нема абер од ниедно претекнување. Како и да е заслужена победа на Хамилтон, а ме изнервира Маса со неговите 100 излетувања.
 
Како домаќин на ова гранд при,очекувана победа на Хамилтон,иначе добра беше трката иако имаше излетувања
 
Заборавивте да напоменете дека само Хамилтон, Хајдфелд и Баричело останаа во ист круг, додека сите останати имаа по 1 и повеќе круга заостанување. Доколку трката имаше уште 10-15 круга, можеби сите освен Хамилтон ке ја завршеа трката со 1 круг помалку. И немојте некој да речи дека Хамилтон е слаб шофер за на дожд.
 
Фан сум бил отсекогаш за Кими Раиконен минатата сезона немаше ич среќа но еве дојдее и неговите 5 минути да стани шампион ...
Сега како што знам се израмнети бодовите со Хамилтон Кими и Хајфилд ако не се лажам ...
Интересно ке биде на оваа трка што иде исто и на Баленсија а поинтересно ке биде на ноќната трка ... :vozbud:
 
Штета што немам интернет дома, па викендов не ке можам да коментирам што како ке се случува со трката во германија. Ке видиме како ке бидне, се надевам на конечна 1-2 победа на Мекларен на домашното Гранд при :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom