Followers - следбеници или следачи?

Како е правилно?


  • Вкупно гласачи
    101

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Има и такви што студираат на информациски технологии, па врска немаат од IT :LOL:
Не алудирам на тебе директно Вокерка, јас онака, само колку да потенцирам дека поимите кои се користат во IT светот немаат целосно исто значење со поимите кои се користат во македонскиот литературен јазик. Ако следбеници означува некаква приврзаност, тогаш тоа е поимот кој го бараме. Ама од друга страна и „следачи“ ми звучи сосема во ред и соодветно, иако некои тврдат дека до сега ваков збор „не постоел“. Збориме за луѓе кои ја следат мојата активност на форумот...

Можеби не постоел, едноставно затоа што немало потреба да постои. Едноставно, вашите професори на факултет никогаш не следеле некого на интернет форум. Зачленете ги на Кајгана. Не е страшно секогаш кога има потреба да се роди и нов збор. Бројот на зборови не е ограничен колку што знам.
Многу точно.

Зборовите во македонскиот јазик треба да се зголемуваат, а не да се намалуваат заради коментари како „не постои таков збор во нашиот јазик“. Еве, всушност ѕирнете го видеото, излагање на професорката Јакимовска. Ги доловува нашите проблеми.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Гласав за „следач“ оти немаше друга опција, ама пак ќе го спомнам „набљудувач“ како подобар избор, според мене. Овде не преведуваме значење (follower = следбеник), кое е скоро секогаш речничко, и најчесто нескладно со извесната јазична ситуација, туку смисла, која секогаш произлегува од контекстот. Во нашиов контекст, оној којшто е наш follower, не само што следи што се случува на нашиот профил, туку во суштина ги набљудува случувањата - тоа ќе биде смислата на англискиот збор.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.359
Поени од реакции
4.882
Тапа ви е темава жими се.. И двете понудени зборчиња се точни,но секое се користи во различни ситуации.. Во овој случај се следбеници..
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Има и такви што студираат на информациски технологии, па врска немаат од IT :LOL:
Не алудирам на тебе директно Вокерка, јас онака, само колку да потенцирам дека поимите кои се користат во IT светот немаат целосно исто значење со поимите кои се користат во македонскиот литературен јазик. Ако следбеници означува некаква приврзаност, тогаш тоа е поимот кој го бараме. Ама од друга страна и „следачи“ ми звучи сосема во ред и соодветно, иако некои тврдат дека до сега ваков збор „не постоел“. Збориме за луѓе кои ја следат мојата активност на форумот...

Можеби не постоел, едноставно затоа што немало потреба да постои. Едноставно, вашите професори на факултет никогаш не следеле некого на интернет форум. Зачленете ги на Кајгана. Не е страшно секогаш кога има потреба да се роди и нов збор. Бројот на зборови не е ограничен колку што знам.
Се согласувам со твојов коментар, Acid. Времињата бајаги се изменија -- еден лингвист мора да следи што се случува со јазикот, бидејќи јазичните промени денес (во сите светски јазици) се случуваат со динамика која никогаш во историјата не била забележана. Професорите (и лингвистите) неможат веќе удобно да седат во своите фотелји и само да теоретизираат за јазикот, исклучени од супер-динамичната реалност. Времето на таквите "armchair linguists" е поминато. Тие мораат да следат во кои насоки се движи македонскиот јазик во сите негови форми (вклучувајќи го и "текстањето", "е-јазикот", македонските варијанти на net lingo, netiquette, и сл.) Денешните изучувачи на јазик мораат да следат како зборуваат новите генерации, кои се идните потенцијални лексички и граматички промени, итн. Немора да постираат на Кајгана, ама многу ќе им биде од полза да читнат понекој коментар.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
Има и такви што студираат на информациски технологии, па врска немаат од IT :LOL:
Не алудирам на тебе директно Вокерка, јас онака, само колку да потенцирам дека поимите кои се користат во IT светот немаат целосно исто значење со поимите кои се користат во македонскиот литературен јазик. Ако следбеници означува некаква приврзаност, тогаш тоа е поимот кој го бараме. Ама од друга страна и „следачи“ ми звучи сосема во ред и соодветно, иако некои тврдат дека до сега ваков збор „не постоел“. Збориме за луѓе кои ја следат мојата активност на форумот...

Можеби не постоел, едноставно затоа што немало потреба да постои. Едноставно, вашите професори на факултет никогаш не следеле некого на интернет форум. Зачленете ги на Кајгана. Не е страшно секогаш кога има потреба да се роди и нов збор. Бројот на зборови не е ограничен колку што знам.
Sledachi e OK.
Ova se vika zboroobrazuvacki formi vo mak. jazik,ic ne e strasno,toa go pravat poetite,pisatelite za da ja zadovolat dikcijata... (pr."Nebidnina") ili site ostanati lugje so m`ka :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Многу точно.

Зборовите во македонскиот јазик треба да се зголемуваат, а не да се намалуваат заради коментари како „не постои таков збор во нашиот јазик“. Еве, всушност ѕирнете го видеото, излагање на професорката Јакимовска. Ги доловува нашите проблеми.
Јас сум за следачи, ако е уште актуелно прашањето.

Оф топик:
вокерка, фала за видеото. Јас мислев дека на тедекс луѓето зборуваат за својата најголема страст.
Вакво апатично предавање одамна немам чуено. Со сета почит на титулите на госпоѓата Јакимовска, но да зборуваш на јавна трибина за македонскиот јазик НА СКОПСКИ ДИЈАЛЕКТ - тоа не оди! Исто како да ја слушам ИваННа од на знам која емисија.
Кога ќе го научиш правилото, може да си играш со исклучоците.
Се согласувам со нејзините ставови, ама и таа реагира во стилот „На зајакот вика -уш, кучето вика - држ“. Нема да зборувам повеќе, оти овде темата е друга.
Има ли тема за тедекс?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom