Флексибилен карактер

  • Креатор на темата Креатор на темата Болиглава
  • Време на започнување Време на започнување

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Секој човек со своите размислувања, ставови е повеќе или помалце определен и наклонет кон различни личности и појави. Индивидуално различно. Приспособувањето кон било кој може да биде со различна “тежина”.Прашањето во врска со насловот ми е: каква личност сте вие, дали се приспособувате со другите лесно, прифаќајќи нивни навики и особини или си терате по свое така што воопшто не се трудите да смените некоја своја особина(лоша или дотогаш што сте ја сметале за добра).
Дали мислите дека оваа карактеристика на флексибилност се споредува со лабилност на личноста и нејзиниот карактер?
Лично, личностите што ми значат ме прифаќаат како личност со овој карактер, но секогаш отворам можност да се сменам ако на дотичната личност која ми значи и смета некоја моја особина секако до граница на моето ЈАС. Не планирам да станувам друга личност.:)
 
Да се менувам заради други најчесто ми нема смисла,велам најчесто зошто не знам што ќе ме снајде у животов и за кого ќе треба некогаш да се сменам.Што значи,си терам по свое,па кој прифати-прифати,кој не...па има уште милиони луѓе на планетава :)
И истото и јас го правам,не барам никој да се смени заради мене,ако личноста доволно ми значи гледам да се усогласам со карактерот и навиките на истата со минимални промени.
Ако не ми одговара нечиј карактер не ни имам желба да бидам блиску до личноста која го поседува,а не пак да ја терам да се менува за мене.У глобала и мразам промени од било каков тип,преферирам ако нешто ми оди убаво да ми остане така.

И секако,флексибилноста на карактерот што се јавува кај секоја индивидуа во никој случај не може да се спореди со лабилен карактер,од причина што,самите епитети си ја кажуваат бе причината :)Флексибилниот се уклопува,што значи со најмали можни промени но сепак се постигнува согласност помеѓу две личности,едноставно се навикнуваш на нешто(во случајов некој)нов во твојот живот.Лабилниот се променува,и тој карактер кој колку толку го стекнал го изопачува заради други,дали со цел да се умилкува или приближи до некој,или со сосема друга цел,не е важно,моментот е промената.
 
Флексибилноста е позитивна особина која што треба да ја поседува секој, но секако границата помеѓу флексибилноста и умилкувањето е толку невидлива и тенка што многу често неможеме ни да ја одредиме и ја преминуваме...постојат луге кои што посетуваат помала доза на флексибилност и луѓе кои што поседуваат поголема доза на флексибилност, (овие вторите) тоа се оние кои што ги спомнав дека ја преминуваат границата, луѓе кои за да ни се допаднат ни се умилкуваат со надеж дека ке ни се допаднат на тој начин....јас лично несакам од мене да се бара да се променам за да му се допаднам на некој па следејќи ја изреката "Не прави им го на другите она што несакаш да ти го прават тебе" не поставувам такви барања на никој, едноставно ги прифакам луѓето такви какви што си се со своите мани и недостатоци.....водена од малата доза на флексибилност :pipi:
 
Се вежба тоа погоре подолу, на исто рамниште да не го тупам сега со стручни поими :). Ако сум расположен можам да зборувам на било која тема не ми претставува проблем. Флексибилноста не е лабилност не е погазување на зборот туку е начин на испитување фрекфенција кај другите :).
 
Јас сум флексибилна личност. Ама многу лошо е ако таа флексибилност друг ја искористи на начин на кој би те повредил тебе.
Е сега, јас не дозволувам да ме повреди сигурно некоја личност која ништо не ми значи. Значи, се приспособувам на луѓето кои ги сакам.
Но, најпрво пред се настапувам со своето ЈАС, а кога ќе се отфрлам од своето ЈАС како себично ЈАС, покасно, ако имам потреба за тоа, е тогаш можам да уживам во бесмислената, како што треба и да биде - взаемна лојалност/врска.
 
Флегматичниот човек има бавни емоционални реакции,неговите емоции се слаби а и нивното траење им е кратко.Тие луѓе се слабо подвижни-мрзеливи,слабо осетливи,мирни,сталожени и тн..Јас лично за мене не спаѓам во оваа група на особини на личноста.:)
 
Се во свои граници. Во главно имам свои ставови и мислења кои немам никаква пречка да ги кријам или потиснам за да угодам на нечија друга субјективност. Се случувало и некои мои коментари да ги проголтам и да не се попалам многу околу некои теми или муабети за кои иако имам свој став, рамнодушноста и моменталното расположение може да ме потиснат во моментот. Толерантен сум по карактер, во строга нормала, знам да сослушам, но не и да прифатам се и сешто што се пркоси со моето .. Посебно не кога знам јас сум во право.
 
Back
На врв Bottom