First Else Mobile Phone

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Компанијата Else Mobile го претстави својот мобилен телефон кој е производ на двегодишната работа и е базиран на платформата Acces Linux 3.0.

else.jpg



Else Mobile го започнале развојот на мобилниот телефон од нула и користеле колку што можеле повеќе свои технологии, како што е графичкиот енџин а оперативниот систем. Како подлога на оперативниот систем се користи Acces Linux Platform 3.0 што денес е вистинска реткост.

Според покажаното на презентацијата на телефонот, уредот на Else Mobile може без проблем да им конкурира на великаните на денешницата.




Директорот на компанијата Елдад Еилам го претстави телефонот за кој смета дека ќе го промени начинот на интеракција помеѓу луѓето и нивните гаџети. Еилам тврди дека сите производители се обидуваат да ги навикнат корисниците на нивните производи, додека Else ќе се прилагоди кон корисниците. Интерфејсот на уредот е прилагоден за управување со десниот палес, а секоја опција која корисникот ќе ја одбере е поврзана со другите на логичен начин.

Процесорот на овој уред е TI OMAP 3430, ист како кај iPhone 3G s. Екранот е со резолуција од 854 х 480 пиксели, а телефонот е опремен со камера со резолуција од 5 мегапиксели. Производителот најави 32GB меморија во телефонот.

Почетокот на продажбата се очекува од вториот квартал на наредната година.

www.else.bz

Извор: Кајгана

Вака телефонот ми изгледа доста добар и привлечен. Има јак интерфејс. Повеќе информации за телефонот имате на веб страната.
 
Дури да стаса вакво нешто кај нас, ке овенеме!

Иначе имам го гледано до сеа на Јутуп и добро изгледа, само шо брзо ке го отфрлат нели како Андроидот шо го ставаат после Ајфоно!
 
интересно изгледа а колку ќе биде функционално ќе видиме
 
Полош интерфејс немам видено. Толку збунувачки е.
Ама ај, да не судиме книга според корицата.
 
Back
На врв Bottom