Филтри

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
офтопик: Тотално не ми е јасно зошто на форумов воопшто не се прават групни нарачки. Носител може да биде некој од фациве како Принц или Ејсид за никој да не се сомнева. Ако се нарача преку фирма посредник, спор бродски шипинг за една заедничка пратка (пакет до 20кг) кошта $20. Повеќе луѓе ако се соберат и авионски шипинг не е прескап.
 
офтопик: Тотално не ми е јасно зошто на форумов воопшто не се прават групни нарачки. Носител може да биде некој од фациве како Принц или Ејсид за никој да не се сомнева. Ако се нарача преку фирма посредник, спор бродски шипинг за една заедничка пратка (пакет до 20кг) кошта $20. Повеќе луѓе ако се соберат и авионски шипинг не е прескап.
Рековме со Принц, не е проблем... На кој што му треба нека пише, ќе се собереме за пари, па ќе праиме нарачка.
Е сеа, секогаш постои можноста да не стигне, ама тоа е ретко :)
 
Eпа да отвориме една тема за ова, да видиме кој се е заинтересиран а може да се напишат и искуства со нарачките и слично. Јас лично само што нарачав апарат, филтри и додатоци ама ми фали еден монопод (и генерално често имам потреба да нарачам нови работи од различен карактер).

Принципот на работа би би бил: му даваме пари на носителот и тој нарачува за сите заедно.
Ако формираме група, може често да се нарачува и да се делат трошкови за: поштарина, шпедиција, лежарина итн. Добар дел од луѓево не знаат дека иста сума се плаќа за шпедиција и лежарина (во магацинот на аеродром Петровец) без разлика дали се работи за еден производ или за десетици производи (нормално во физичка граница на еден стандарден пакет). Дури и 2-3ца да нарачуваат заедно се заштедува убаво.

Можеме да одиме да купуваме се преку продавница како Амазон или можеби преку фирма посредник (која купува за нас различни работи од разни онлајн продавници и ги праќа наваму сите производи заедно). И едниот и другиот метод си имаат свои предности и мани. Да отвориме тема па да зборуваме таму.
 
Си нарачав од eBay, 58mm UV филтер, за колку време ќе дојде ќе видиме. А да, си нарачав и M42 адаптер.
 
Јас пред месец ипол порачав сет од ND филтри од едно место, и CPL филтер од друго. ND филтрите ми стигнаа после 3 недели од порачката, CPL уште го нема и утре ќе барам рефундирање на парите :/
 
Јас имав некое доларче останато на PayPal сметката, и затоа ги купив.. ако стигнат, стигнат... повеќе ми е за адаптерот него ли за филтерот :) Сега за проба, а понатака ќе земам оргинал Canon адаптер. Да присоберам пари на PayPal, и следно ми е комплет филтри, далечинско и некоја батерија... такви ситници. Со поголеми и поскапи работи не ми се ризикува.
 
Стигна M42 адаптерот, од овој продавач. Одлично функционира, следно нарачувам ист ама со потврда за AF, овој ми беше само за проба. Уште го чекам UV филтерот, од Кина споро идат ептен работиве. Ама битно стигнаа, може и таков дека е периодов. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom