Burning days ми беше мачење, некоја заморна алегорија што сака да е сфатена срриозно. Ќе пишам тука за да не се враќам кај Германија - гледајте го Head-on на Фатих Акин
My Prostitute Love (1968)
Камерата и атмосферата на Ориентот направија преубаво отворање после кое имав некакви очекувања. Остана само на неуспешната љубовна приказна на Халил и Сабиха, ескорт девојка која се откажува од работата за да биде со него. Откако завршува ханимун фазата, дознава тајна што ќе ја оддалечи од саканиот. И тоа, саат време „го сакам, не, не го сакам ама го сакам”. Кога самопрогласената кралицата на мелодрамата вели дека е премногу...
5/10
The Small Town (1997)
People who don't know the past can't see the future.
Првиот долгометражен филм на Нури Билге Џејлан ги одредува стилот и темите кои подоцна ќе се надополнуваат во текот на неговото творештвото. Бавно философско четиво за човечките слабости, сиромаштијата, богатството на духот и темите кои отсекогаш го окупирале човек - смртта и минатото.
My Father and My Son (2005)
Септемврискиот воен преврат од '80та остава силен белег врз животот на Садик. Некои нешта треба да се кажат пред да е предоцна, колку само трагедијата може да обедини. Има делче од Cinema paradiso, делче од Children of heaven и своја посебна магија (тука пред сѐ мислам на ретроспективата и фантазијата на детската перспектива). Прекрасен филм за растењето и простувањето. Не треба ни да спомнам за потопот од солзи, тоа се подразбира.
8/10