Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе ја тестирам вашата меморија , знаење за филмовите и брзина на гугл пребарување.
Многу сакам да знам :
1 . која е класичната музика во Barry Lyndon ?
2 . која е класичната музика во Dogville ?

Стегам лајк на 10 мислења од членот што ќе ми најде видеа или само (точни) имиња на композициите :)

Вториот го немам гледано, за првиот е Хандел - Sarabande (можеби мислиш на таа од Шуберт, ќе ги постирам двете видеа)..

За вакви композиции не треба Гугл, си имаат место во секој мој уред што вади звук.
 
Кога сме кај музиката, баш вчера гледав добар филм со прекрасна музика и феноменална кинематографија, и можеби најкретенскиот лик што воопшто сум го видел...
The Cook the Thief His Wife & Her Lover

Ќе ја тестирам вашата меморија , знаење за филмовите и брзина на гугл пребарување.
Многу сакам да знам :
1 . која е класичната музика во Barry Lyndon ?
2 . која е класичната музика во Dogville ?

Ај види дали се овие тие што ги бараш од Dogville :)

http://www.youtube.com/playlist?list=PL5F6049041F64CDBB
 
Го гледав MiB 3 и од аспект шо очекував од него ,тоа и беше. Забавно сај фај филмче кое ми врати некои спомени од детсвото кога беше хит кецот.

Го гледав и Прометеј,без некои преголеми очекувања дека ќе биде нешто не видено и како за возврат добив солиден филм чиe продолжениe(или продолженија) би го гледал(и се надевам дека ќе го/ги имат). Иначе фалеше некој елемент и во приказната и во тензијата(премалку напнати сцени) за филмов барем делумно да ја достигнит славата/култноста/рандум епитет на Alien/Aliens .
 
бре се сериозни луѓе во темава.
па што сакате од MiB? Супер филмче си беше.
Демек некој паметен ќе испадне ако каже дека филмот не бил паметен и дека бил за опуштање мозок.
Па во главном сите филмови се за опуштање мозок. Дури и тие што те тераат да размислуваш за одредени работи пак ти го опуштаат мозокот од обичните проблеми и те тераат да размислуваш на нешто сосема друго.
 
Не бе, јас си кажав како што е, тоа што кажав дека е stupid fun не го прави лош филм, онака лабав филм со доста интересни - cool моменти, не е филмиште ама вреди да се изгледа.
 
Не бе, јас си кажав како што е, тоа што кажав дека е stupid fun не го прави лош филм, онака лабав филм со доста интересни - cool моменти, не е филмиште ама вреди да се изгледа.
Не мислев баш на тебе само :)
Последнава недела 5-6 коментари имаше за филмот како бил ок ама само како филм за опуштање мозок а освен тоа не бил нешто ептен посебно.
Па стварно не знам кој гледа филм со цел да си го измори мозокот..
 
Dark Shadows - типичен Бартон стил, ама нешто му фалеше ептен. Како само да изнафрлале сцени, ми немаше душа и никаква кохезија. Неколку елементи беа крајно непотребни, на пример блоуџоб сцената, ќерката, крајот тотално предвидлив, романтичниот заплет премногу исфорсиран. И иако Деп го почитувам како актер, а Х.Б.К. ја обожавам, ваквата постојана комбинација станува премногу монотона.
 
на пример блоуџоб сцената
8c5MT.jpg
 
Импресии да очекуваме? :)
Догвил е супер филм и незаборавно искуство поради тоа што цел филм е сниман во студио како театарска претстава, а јас не знаев дека е таков, немав поим ни за што е ни како е. Испадна одлична алегорија и се занимаваше со интересни филозофии. Далеку подлабок од последниов на Триер, Меланхолија, а и многу повеќе ми се свиѓаше Догвил во однос на него.
Исто многу ми се свиѓаше трансформацијата на ликовите, а тука да ја споменам и глумата - перфектна. Крајот исто така, ме остави без зборови.
Само имам замерка за времетраењето што беше 3 саати, еден момент изгубив концентрација, не можам да се сетам што сцена беше, ама не е важно, мислам дека можеше да биде пократок и пак да го долови ефектот.

On the other hand, се уште имам негативни емоции кон Триер како режисер.
 
Гледај го и вториот дел од трилогијата, Manderlay. Не мора во скоро време, ама барем стави си го во watchlist. Не е толку добар колку првиот, ама тоа не значи дека е лош, и плус пократок е. Третиот дел, Washington, мислам дека никогаш нема да биде сниман. За жал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom