Ова е тотална глупост. Кога жена игра против жена, еден медиокритет игра против друг и нормално добиваш 50/50. Кога жена игра против маж, медиокритет игра против сличен медиокритет (во случајот) но поради поголемата варијација во различни когнитивни способности, дел од мажите имаат предност. Генералниот фитнес е квадратна функција од варијансата.
Како знаеш дека разликите се поради когнитивните способности?
Ако жените играат со машки кои имаат иста вештина, тоа значи дека нивните вештини се споредени со ист референтен стандард , не се машките „просечни“ според стандард за машки, а женските „просечни“ според стандард за жени. Во случајот кога имаат исти вештини, тоа значи дека она би требало да има 50% winrate и со мажи и со жени кои ја имаат истата вештина. Но магично, перформансот ѝ опаѓа со машки. Не може когнитивните способности да ѝ опаѓаат со машки, а не со женски, ако емоционалните фактори се константни, земено дека другите фактори се контролирани (колку е уморна и сл.). Ако има варијација во когнитивните способности, а све друго исто, нема да имаат иста вештина. Во вештината, удел имаат и когнитивните способности. Ако некоја жена е на исто ниво со некој маж, или имаат исти когнитивни способности, или он има поголеми когнитивни способности, ама она компензира со знаење и други фактори, или она има поголеми когнитивни способности, ама он компензира со знаење и други ствари. Во таков случај, пак ќе имаат 50/50 winrate у партии. Ако она наеднаш губи од мажи повише отколку од жени, очигледно е дека некој ситуационен фактор влијае на нејзиниот перформанс. Афекции флуктуираат со ситуациони фактори, а тие влијаат на когнитивниот перформанс. Има многу докази дека афективните фактори влијаат на когнитивниот перформанс, посебно на внимание, краткотрајна меморија и работна меморија (страв, анксиозност, тилтање и др.). Не мислиш дека е возможно жени да имаат поголем страв од мажи, помала желба за компетитивност од мажи, кон мажи и сл., па тоа да влијае на перформансот? Не знам зошто тоа би ти било чудно? Веќе има доста докази за разликите во афективниот апаратус меѓу мажи и жени (жени имаат поактивна амигдала, се помалку агресивни и во просек, помалку компетитивни, во просек имаат повисоко ниво на согласност у големата петка и др.).
Ако не се слагаш, елаборирај зошто.
Не знам процентиве од кај ти се извадени, ако се од памфлетов од Барселона, тука нека остане, ако не се, образложи ако сакаш. Особено за ова со компетитивноста. Тоа ли пишуваат каталонциве? Дека потсвесно/несвесно жени ни попуштаат у шах?
Проблемот со тебе и многу други како тебе (од двете страни) е тоа што ти не сакаш стварно да ја дознаеш вистината, туку сакаш да ги гледаш работите кои ти ги потврдуваат претходните верувања што ги имаш ради различни емоционални причини. Не паѓај у дупката на земање политичка позиција за научни теми. Научните теми се покомплицирани од „жени се поглупи од мажи пошто мрзам феминисти“ и „мажите се свињи, жените се опресирани“.
Вака ако си ставаш раце на очи кога некој ти приложуе некој труд, џабе муабет. Не можеш по наслов да извлекуеш заклучоци, у случајов погрешни. Тие проценти се од тестови од „памфлетот“. Не знам како си замислуеш дека ги прават тие студии, дека ги лажираат резултатите, седат неколку души и си измислуваат проценти? Не функционираат така научни трудови. Научните трудови ја опишуваат методологијата, начинот на тестирање и кои се можните толкувања на резултатите без разлика на тоа која е политичката позиција на истражувачите, ти може да ги видиш резултатите, па ако знаеш наука, сам да ги извлечеш можните заклучоци, без да ги читаш тие на истражувачите. Оваа студија покажува една од можните причини за разлика у перформанс кога мажи и жени имаат иста вештина. Не ги кажуе сите причини. Првото што го помисли, е дека студијата сака да каже дека „жените ни попуштаат“ за да брани некаква феминистичка агенда. Не ни попуштаат потсвесно, туку потсвесно не осеќаат компетитивност кон мажи како кон жени. Не ради патријархатот или слично, најверојатно ради инстинктивни инклинации кон мажите. Жени сакаат да се бондаат со машки и да се љубат, а не да се тепаат.
Све додека замижуеш пред секој доказ што не се уклапа со твојот светоглед, секогаш ќе имаш право. И сегде ќе гледаш образци што се уклапаат со твоите ставови. Селективно ќе ги забележуваш. Така прават сите кога стануваат цврсто уверени во нешто, умот има фантастична способност да ни го мења светот во склоп со нашите уверености. Една од најголемите инхибиции во критичкото размислување се
предрасудите на потврдување кон кои сите сме склони. Истово го праат и милитантни феминисти, марксисти, религиозни фанатици и секој што си го базира идентитетот на својата политичка позиција пошто све тоа почнува да му има емотивно, лично значење. Не ти е чудно што феминистите од онаа страна, исто се уверени во стварноста на нивните верувања како и ти што си алт рајт? Можда е можно и ти да грешиш како и они? Но како би знаел ако не ги читаш работите што не се уклапаат со твоите позиции, непристрасно и објективно? Разумно е, више ако оформуваш ставови, да ги земеш сите информации што се „за“ и „против“, а после да формираш заклучок, колку и да сакаш да замижуваш. Ако априорно тргаш со „не го читам 'памфлетов'“, џабе зборуеме, ти не мора да поставуваш прашања на кои сакаш одговор овде, ти више го знаеш одговорот. Све знаеш.