Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Пред една недела во Италија, Фиренца, двајца полицајци, на должност, од 40тина години, силуваа две пијани Американски студентки од 20 години. Овие пијани им се обратиле за помош, полицајците ги допратиле до дома и силувале.
Во италијански медиуми и јавност покрај мажи, има и жени, што велат дека девојките си го барале.

Чисто пример.
Глупоста не бира ниту пол ниту нација.
Нема врска ниту со мажи ниту со Македонци.
А сложен сум треба повеќе феминизам, едукација, култура..

Во „либерална“ Шведска знаеш како едуцираат за силување? Ги учат жените самоодбрана и советуваат да не се носат слушалки кога трчаат, на пример, за да можат да избегнат евентуален напад. И тоа е океј, ама никој не ги едуцира мажите да не силуваат и да научат дека треба да го респектираат зборот „не“, да го почитуваат барањето на жената, а не само да ја гледа како предмет. Знам дека Шведска е лош пример за многу работи што се поврзани со феминизам, ама оваквиот недостаток на едукација од овој тип е на глобално ниво.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
никој не ги едуцира мажите да не силуваат
секако дека ги едуцираат на консенсуален однос, исто како што ги едуцираат дека поинаков е кривично дело.
не претерувај сега.
Ги учат жените самоодбрана
реално нема ништо лошо во знаење на самоодбрана, и за мажи и за жени.

------------------------------------------------------------------------------------------

Навраќање на темата сексуални односи - пијанство, во Велика Британија секој однос во пијана состојба се смета за однос без консензус, т.е. за силување. За ГБ знам, а сигурно слични закони има и во други земји.
Ооопс :) Само комплет трезни мора да бидат, или на сокче.[DOUBLEPOST=1505603048][/DOUBLEPOST]
нормална појава да жена седне во ресторан сама да руча без повод
аман бе, зар ова е нешо чудно? незнам на мене ми е најнормално.. 21 век сме

да може да влезе во обложувалница да пие кафе и да пополни спортска без да има леви погледи
ој ој обложувалница како пример за еманципација..

да може да излезе од дома после 20 ч без да даде рефератно образложение зашто и каде иде
и ова ми е нормално. т.е. двата пола исто по ова прашање би требал да се однесуваат, зависно од околностите.

на жената не и е местото во авионот како пилот и војската (y)
ЗШ?

п.с. не ги спомна главните работи:
подеднакво: да зафаќа јавни функции, челни места, подеднакво учествува во пазарот на труд, подеднакво да биде застапена во СТЕМ полињата, наука, математика, инжинерство, информатика..
 
Последно уредено:
Во „либерална“ Шведска знаеш како едуцираат за силување? Ги учат жените самоодбрана и советуваат да не се носат слушалки кога трчаат, на пример, за да можат да избегнат евентуален напад.

Не ги советуваат да не се облекуваат како дрољи?
Пошто не сум слушнал некоја да е силувана зошто носела слушалки или не носела...

SWEDEN YES!

Се е ветер и магла, полицијата и медиумите ги кријат напаѓачите кои не се Швеѓани, за да не се појави "нетолеранција".
Системот работи против Швеѓаните, без разлика дали се мажи или жени.
 
секако дека ги едуцираат на консенсуален однос, исто како што ги едуцираат дека поинаков е кривично дело.
не претерувај сега.

реално нема ништо лошо во знаење на самоодбрана, и за мажи и за жени.

------------------------------------------------------------------------------------------

Навраќање на темата сексуални односи - пијанство, во Велика Британија секој однос во пијана состојба се смета за однос без консензус, т.е. за силување. За ГБ знам, а сигурно слични закони има и во други земји.
Ооопс :) Само комплет трезни мора да бидат, или на сокче.[DOUBLEPOST=1505603048][/DOUBLEPOST]
аман бе, зар ова е нешо чудно? незнам на мене ми е најнормално.. 21 век сме

ој ој обложувалница како пример за еманципација..

и ова ми е нормално. т.е. двата пола исто по ова прашање би требал да се однесуваат, зависно од околностите.

ЗШ?

п.с. не ги спомна главните работи:
подеднакво: да зафаќа јавни функции, челни места, подеднакво учествува во пазарот на труд, подеднакво да биде застапена во СТЕМ полињата, наука, математика, инжинерство, информатика..
... е како не спомнав , читај од почеток и све друго што спомнав овде во МКД не е вообичаено и ако се случи таа е чудна или нешто и фали ...
 
Ај идиотска работа. Ауу дно. Никој не ги едуцирал мажите да не силуваат. Па зар некој ги едуцира да го праат тоа ? Тоа е common sense секој нормален човек го знае тоа не треба да се едуцира за таква работа. Никој не е учен дека тоа е ок.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Во „либерална“ Шведска знаеш како едуцираат за силување? Ги учат жените самоодбрана и советуваат да не се носат слушалки кога трчаат, на пример, за да можат да избегнат евентуален напад. И тоа е океј, ама никој не ги едуцира мажите да не силуваат и да научат дека треба да го респектираат зборот „не“, да го почитуваат барањето на жената, а не само да ја гледа како предмет. Знам дека Шведска е лош пример за многу работи што се поврзани со феминизам, ама оваквиот недостаток на едукација од овој тип е на глобално ниво.

Да се едуцираат ? :pos:
За таквите има едно место - затвор, дури ни таму не се "едуцираат".
Цел концепт ви е смешен.

Жената ја гледале како предмет ?
Интересно.

Да те прашам нешто; како една просечна згодна џенцка гледа еден просечен момак наспроти подобро ситуиран момак (кој може да биде коњ и да ги гледа жените како предмет) ?

Одговорот го знаеме сите, честа појава е тоа овде.
Сепак јас мислам дека повеќето џенцки не се такви за разлика од "феминистките" кој ги стават сите мажи во еден кош.

Јас кога завземам страна во некоја дебата на идеолошка основа, претходно добро го имам анализирано она за кое „противникот“ се залага, за да знам на што се противам и дали се противам. Ти рипаш како некоја западњачка квази феминистка и очигледно не знаеш што точно мисли другата страна(иако веќе досадна си станав и самата на себе да побторувам), ама битно контраш од инает.

"Анализирано"
Б б б... бајас.

...феминизмот како појава до нормална граница ( но НЕ хистерично со газење на другиот посилен пол, т.н. лејзбејски феминизам) го оправдувам, лично се залагам за завземање високи функции, директорски и министерски места, како и можност да биде нормална појава да жена седне во ресторан сама да руча без повод, да може да влезе во обложувалница да пие кафе и да пополни спортска без да има леви погледи, да може да излезе од дома после 20 ч без да даде рефератно образложение зашто и каде иде и други ситуации во обичниот живот каде мажот доминира, единствено барем за мене на жената не и е местото во авионот како пилот и војската (y)

Високи функции; никој нема проблем да ги завземе некој успешен без разлика дали е машко или женско.

Сама да руча без повод; си седат жени сами и ручат, незнам ти ако живееш во Раборци таму нема ресторани затоа не си видела. Море не е тоа дека нема ресторани, нема жени. Нема луџе.

Обложувалница; слободно си одат и уплаќаат, еден тон знам. Во Раборци нема обложувалница, во Попчево има.

Треба да ви е јасно дека затуцаните ќе си останат затуцани ниту едукација, ниту господ да слегне на земја нема да се сменат (пр. од реалноста : сендвичарите).

Едноставно сменете го опкружувањето или man up (хехе), загарантирани ви се сите права и ич ама баш ич да не ви чуе онаквото дека некој кажал така - вака.
 
Последно уредено:
Во „либерална“ Шведска знаеш како едуцираат за силување? Ги учат жените самоодбрана и советуваат да не се носат слушалки кога трчаат, на пример, за да можат да избегнат евентуален напад. И тоа е океј, ама никој не ги едуцира мажите да не силуваат и да научат дека треба да го респектираат зборот „не“, да го почитуваат барањето на жената, а не само да ја гледа како предмет. Знам дека Шведска е лош пример за многу работи што се поврзани со феминизам, ама оваквиот недостаток на едукација од овој тип е на глобално ниво.
Во ,,либерална'' Шведска треба да прекинат со увоз на напалени мигранти од ,,либералните'' Авганистан и Сомалија!Нив зборот ,,не" ништо не им значи!
 
Не ги советуваат да не се облекуваат како дрољи?
Пошто не сум слушнал некоја да е силувана зошто носела слушалки или не носела...

SWEDEN YES!

Се е ветер и магла, полицијата и медиумите ги кријат напаѓачите кои не се Швеѓани, за да не се појави "нетолеранција".
Системот работи против Швеѓаните, без разлика дали се мажи или жени.

Како год да се облекла тоа не им дава никакво право да прават нешто против нејзина волја. Јас сум слушнала за некоја што носела слушалки и била на трчање, па ја силувале, во Шведска, затоа и го посочив како пример.

Другото е точно, ама тоа е за друга тема.

Да се едуцираат ? :pos:
За таквите има едно место - затвор, дури ни таму не се "едуцираат".
Цел концепт ви е смешен.

Жената ја гледале како предмет ?
Интересно.

Да те прашам нешто; како една просечна згодна џенцка гледа еден просечен момак наспроти подобро ситуиран момак (кој може да биде коњ и да ги гледа жените како предмет) ?

Одговорот го знаеме сите, честа појава е тоа овде.
Сепак јас мислам дека повеќето џенцки не се такви за разлика од "феминистките" кој ги стават сите мажи во еден кош.

Исто, го објектифицираат. И за тоа пишав мислење на темава и тоа ти беше присутен, ама кој да чита...

... е како не спомнав , читај од почеток и све друго што спомнав овде во МКД не е вообичаено и ако се случи таа е чудна или нешто и фали ...

Јас практикувам да седам сама, некако најубаво ми е. И во Мкд имам седено сама и тоа во кафана. :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Исто, го објектифицираат. И за тоа пишав мислење на темава и тоа ти беше присутен, ама кој да чита...

Значи обострано е?
Па што сте запнале со мантрата дека само жената е објект.

Феминизмот неможе да е решение за било какви девијантни појави и криминал.
Половата еднаквост е загарантирана, нема системска опресија, крај.

Ова како некој социјален инженеринг да е, така да е протнат феминизмот и другите SJW глупости за да не дефокусираат, да не се занимаваме со реалните општествени проблеми. (ова ко некој фолијаш да сум :pos:)

Мене жал ми е за жените (и за мажите, за секое човечко битие), мајките кои многупати сум ги видел на вести (видео прилог), самохрани, стари и болни кои живеат во беда, (некои и со деца кои имаат тежок хендикеп), на маргините, заборавени од социјалните служби и државата но пред се и од "феминистките" оти им чуе ваџајната. Радо би фестивалчиња и "работилници", ќе си пееме, ќе си играме, ќе мантраме жените зимаат помала плата (побиено многупати), ју кен тач ми евривер ексепт фор ма в џеј џеј ставајќи си титули на "активисти" а реалноста е дека се однесуваат како деца во градинка, во својата комфорна зона. Како се вика балонче :pos: ?

Се е мода, мода.
(И да, попларност по социјалните мрежи - потребата за валидација од страна на народниот трибун, демек вредиме нешто и посебни сме. Не го има тоа само кај феминизмот ама тоа е др. тема).
 
Последно уредено:
Значи обострано е?
Па што сте запнале со мантрата дека само жената е објект.

Феминизмот неможе да е решение за било какви девијантни појави и криминал.
Половата еднаквост е загарантирана, нема системска опресија, крај.

Ова како некој социјален инженеринг да е, така да е протнат феминизмот и другите SJW глупости за да не дефокусираат, да не се занимаваме со реалните општествени проблеми. (ова ко некој фолијаш да сум :pos:)

Позастапена е објектификацијата од машката страна. Колкав е процентот на силувани жени, а колкав е на силувани мажи?

Феминизмот не е решение за девијантни појави, ама е дел од решението. На дрвото има многу гранки.

Ќе ја развлекуваме друг пат, реновирам и чистам низ дома, морам да завршам пред стопанот да се врати од пат. Биди ми поздравен.
 
Да бе феминизмот е дел од решението за овие психопати...[DOUBLEPOST=1505638066][/DOUBLEPOST]
Ќе ја развлекуваме друг пат, реновирам и чистам низ дома, морам да завршам пред стопанот да се врати од пат. Биди ми поздравен.

Абе гледај фудбал, Јуве игра у 12 и пол што си запнала да чистиш, после ќе се жалиш :)

Позз и кај вас.
 
Еве жена на пауза од работа, си седнува на ручек во ресторан. Што има чудно?
...значи не реков нема такви случаеви, но ако ставите процент на мажи кои после работа, после средба со другар, онака без веза без повод седнува и пие кафе или пиво, со процент на жени кои седнуваат со повод или закажување кога ЌЕ ИМА СЛОБОДЕН ТЕРМИН ОД ДОМАШНИ ОБВРСКИ со своите другарки, ќе има голема разлика, велиме жени со обврски, не девојчиња кои немат обрски и цел ден се по кафичи...

Да се едуцираат ? :pos:

Високи функции; никој нема проблем да ги завземе некој успешен без разлика дали е машко или женско.
Сама да руча без повод; си седат жени сами и ручат, незнам ти ако живееш во Раборци таму нема ресторани затоа не си видела. Море не е тоа дека нема ресторани, нема жени. Нема луџе.
Обложувалница; слободно си одат и уплаќаат, еден тон знам. Во Раборци нема обложувалница, во Попчево има.
Треба да ви е јасно дека затуцаните ќе си останат затуцани ниту едукација, ниту господ да слегне на земја нема да се сменат (пр. од реалноста : сендвичарите).
Едноставно сменете го опкружувањето или man up (хехе), загарантирани ви се сите права и ич ама баш ич да не ви чуе онаквото дека некој кажал така - вака.
...жена да добие некоја директорска или др „висока функција“ позади неа секогаш стои мажот( дали татко или вујко) без разлика дали партиски или бизнисменски стои машки пол кој ја гурнал напред, но жена нема шанса (процентот ич) да добие такво место со свои квалитети, како прво
како второ
, цела МКД е Раборци, така да тоа што сакаш да ме омаловажуваш каде живеам демек сум затуцана, тоа важи и за тебе драги мој, ако воопшто живееш во МКД, оти секоја педа на МКД во овој смисол е ист, никаде според тоа што го кажувам, нема како нормална појава, а може полошо и најлошо да има...
како трето, штом спомуваш едукација, а даваш пример за „сендвичи“ веќе јасно е колку си ти едуциран и од кого вон образовните институции,
и за крај, тука се сложувам, имаш право, треба да се смени опкружувањето, но во над 1 000 км од моменталнава локацијаи реално жената ќе ги има сите права на дело и како нормална појава споредбено со мажот!(y)
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
кога ЌЕ ИМА СЛОБОДЕН ТЕРМИН ОД ДОМАШНИ ОБВРСКИ
значи не е како ќе ја гледало општеството туку дека немала време.

жена да добие некоја директорска или др „висока функција“ позади неа секогаш стои мажот( дали татко или вујко) без разлика дали партиски или бизнисменски стои машки пол кој ја гурнал напред, но жена нема шанса (процентот ич) да добие такво место со свои квалитети,
Исто и мажот. Ова е повеќе критика дека општествово не е базирано на заслуга и квалитети туку на врски и познанства, отколку нешто со половите.
И мажите исто, ако не е негова фирма, сам газда, секогаш некој треба да го бутне.
 
Како год да се облекла тоа не им дава никакво право да прават нешто против нејзина волја. Јас сум слушнала за некоја што носела слушалки и била на трчање, па ја силувале, во Шведска, затоа и го посочив како пример.
Чекај чекај...
Викаш дека жените во никој случај не сносат одговорност за своите постапки?
Дали жените се безмозочни суштества кои шетаат наоколу, и ако некој ги силува, тие се изземени од секаква одговорност - затоа што немаат мозок?

Земи го следниов пример:
Ако јас одам по улица и се удрам во бандера, нема да биде бандерата крива, туку јас, затоа што не сум ја видел.
Бандерата не е крива затоа што е предмет, а од предметот не може да бараш одговорност.

Одговорноста произлегува од нивото на свест, што поголема свест - поголема одговорност, така да, од живите суштества само од растение не може да бараш одговорност.

Феминизмот е анти-женствена идеологија, која на жената и ги одзема сите предности и ја сведува на предмет.

Во контекст на муабетов:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom