Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека колегата сакаше да каже дека дури и да се платени исто по час работа, мажите во просек ке имаат повеќе прекувремена работа.
Ова важи за речиси сите професии така што на крај искача дека мажите заработуваат повеќе.

Ова важи и за Скандинавските земји како наједнакви.
Тоа, плус одговорностите.
 
Ајде, почнаа да се мешаат и циклуси и цели недели во месеците како не сме биле способни за било каква одговорност. Која игнорантност, ко со жени да немате збор склопено или живеено некогаш, треба стварно да се засрамите од таква глупа изјава.

Јас, или било која друга жена, за тие ствари што ги трпиме и сме ги работеле со кетонали, бруфени, вие сите ќе плачете по мамичка. Мрш таму.
 
Не е само физичка болка или физичка сила во прашање. Севкупно жената честопати е многу посилна од нејзиниот партнер, колку и да не сака некој да признае. На ова непризнавање влијае и домашно васпитање (кое со генерациите гледам се намалува) и она што се перцепира од школо и медиуми.
Пред некој ден излезе информација што све (не се стереотипи) глупости се напишани во некои учебници по социологија за однос маж жена и за други општествени односи. Реагирано е истите да се повлечат.
Што се однесува до платите и јас одамна не верував дека за исто место исти квалификации има разлики во плата. Сметав дека, ако носи повеќе профит за газдата, не му значи полот ништо. Во разговор со сопругата увидов дека има и такви позиции и тоа не се малку. Некоиеси предубедување од газдите, не знам до што е.
Ако работите и функционирате заедно (ова за жал касно доаѓа у глава) во семејството, нема да станете папучари ко што вели учебникот по социологија, него ќе имате големи шанси да доживеете дијамантска свадба во хармонија здрави и заедно and beyond. Валда добро се изразив.
Тоа што некогаш (хехе, најчесто) се инаетам на темиве као жените се за у кујна, не значи дека тоа и го правам: требало Миле контра да ме наречат :D

На жена можам само да и се поклонам што све мора да трпи посебно во вакви држави :cuc:
 
Како бе вака сите знаете жени што се помалку платени од мажите, за иста позиција, за потполно исти одговорности, и никогаш не гледам да излезат со жена (име презиме), маж (име презиме) - работат исто, имаат ист стаж, земаат различна плата.

Јас еве во мојата скромна кариера сум променил фирми, сум имал прилика да ги знам платите на мојот тим, и никогаш ама баш никогаш никој менаџер не кажал - овој ќе зема помалку оти е жена, овој ќе зема повеќе оти е маж, ниту пак земале помалку.
Платите на сите зависеле од тоа: за колку се испазариле на сам почеток, колку пари правеле за фирмата со својот труд и одговорност.

Имате државни институции, иста приказна, кога има оглас никаде нема пишано ако е жена ќе зема 20 000, ако е маж 25 000.
Во полиција/специјални единици, дури и физичките тестови и побарувања (висина) се помали за жените, се со цел да има разновидност. Иако во реална ситуација, криминалецот нема да ги праша дали се жена или маж.
 
Во државни фирми плати се даваат според звање, позиција. Зборам за приватни фирми. Газдите кажуваат (одобруваат) кој колку ќе земе плата, зголемување и слично. Јас како вработен не сум знаел кој колку зема пошто за тоа баш не ни збориме. И да е иљадарка, зашто да има разлика не ми е јасно.
Еве и друг пример за дискриминација. Во здравствена ординација одев со години. Лекарот имаше помошник женско лице. Едно време ја снема, ми кажаа дека ја отпуштил оти забременила. Оттогаш не стапнав таму, ми се згади.
Автоматски споено мислење:

Конкретно за учебникот и науката што ни ги пласираат преку т.н. образовен систем
 
Последно уредено:
Жените работат повеќе часови од мажите. Учат повеќе и се многу поодговорни па и сопртени од мажите. Ама не се храбри, помалку ризикуваат а има и разлика во физичките карактеристики па и психички. Плус и тука е фактор на социјални карактеристики, домашни работи и "женски" професии или се помалку или воопшто не платени.
 
Никој не негира физичка сила. Психичка, зависи од човек до човек, иако и таму се жените во предност.
Само да ги прочиташ некои вакви банални и глупи изјави, па и да мораш во реалност да комуницираш со мажи од праисториско време, ти треба добра психа.
 
Помалку се храбри од мажите и повеќе ги подведуваат емоции. Тоа е голема разлика. Не е правило но многу сигнификнатна статистичка тенденција.
 
Во државни фирми плати се даваат според звање, позиција. Зборам за приватни фирми. Газдите кажуваат (одобруваат) кој колку ќе земе плата, зголемување и слично. Јас како вработен не сум знаел кој колку зема пошто за тоа баш не ни збориме. И да е иљадарка, зашто да има разлика не ми е јасно.
Еве и друг пример за дискриминација. Во здравствена ординација одев со години. Лекарот имаше помошник женско лице. Едно време ја снема, ми кажаа дека ја отпуштил оти забременила. Оттогаш не стапнав таму, ми се згади.
Автоматски споено мислење:

Конкретно за учебникот и науката што ни ги пласираат преку т.н. образовен систем
И јас зборував за приватни фирми, еден ден немам работено во државен сектор.

Нека пријавуваат, и ако имаат правен основ да си тужат. Претпоставувам била на договор со определен рок, и не и го продолжиле, што не е коректно во никој случај, и ако може да се докаже правно треба да си тужи.
 
Психички се различни мажите од жените и машката психата носи повеќе пари. Тоа е факт и научно докажано.
 
Жените работат повеќе часови од мажите. Учат повеќе и се многу поодговорни па и сопртени од мажите. Ама не се храбри, помалку ризикуваат а има и разлика во физичките карактеристики па и психички. Плус и тука е фактор на социјални карактеристики, домашни работи и "женски" професии или се помалку или воопшто не платени.
Од каде ја изваде статистикава?
Поуредни, поодговорни, и погрижливи можеби се, ама не би се согласил дека работат подолги часови, особено не ако имаат деца.
 
Како бе вака сите знаете жени што се помалку платени од мажите, за иста позиција, за потполно исти одговорности, и никогаш не гледам да излезат со жена (име презиме), маж (име презиме) - работат исто, имаат ист стаж, земаат различна плата.
Poveketo luge ne se otvoreni za svojata plata i taa informacija spaga vo intimni podatoci, kako i za individuata taka i za firmata.
Vo nekoi firmi i vo dogovorot pisuva zabraneto spodeluvanje takva informacija.

Vo sekoj slucaj ako ne gi racuname bonusite, samo osnovicata, definitivno postojat mesta koi im plakaat pomalku na svoite zenski rabotnici, ne treba odma da se iskluci taa moznost.
 
Епа како ги споредивте платите ако не се отворени?
 
Од каде ја изваде статистикава?
Поуредни, поодговорни, и погрижливи можеби се, ама не би се согласил дека работат подолги часови, особено не ако имаат деца.
Бројам и домашна работа и тоа е труд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom