Фејсбук патетика

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip89
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Filip89

Македоникус
Член од
1 март 2007
Мислења
528
Поени од реакции
4
Возраст
35
Се сеќавам уште во средно која ука бука се правеше околу оние сошл сајтс. Идев по холовите и се што слушав беа дегенизми како профил, слики, коментари, френдови, френдици, лајкови, го адна ме адна и таканатаму. Девојката што ми пријде тој ден (иако имав само едно обично здраво на пола уста со неа) директива ме праша “Имаш фејсбук“?. Јас онака зачуден немав поим што е тоа фејсбук, освен што сум слушал неколку пати од другари и ми светна дека е онаа популарна страна на нет со раја од цел свет, и отсечно реков “не, немам“. Реакцијата на девојката беше прајслес. Едноставно можеше да се спореди со реакција кога на некој ке му кажеш дека некој близок му починал (пу пу не дај боже) или како на рекламата за мастеркард. Трагедија човече што немам фејсбук. Може ќе си речете уфф бе деген како можеш да немаш фејсбук (иначе дешафката е пред некој 5 години) или што не и кажа дека имаш хај5, ама и тоа немав, немав ништо бе, ништо освен стариот мсн кој си го користев чат пат. И она ми рече “ју бетер мајк ван“ (учев во странско школо) и така ладно си отиде. Него да ги оставиме приказните на страна, што ми е поентата и мотивацијата за пишување на овој текст? После гледање на филмот “The Social Network”, каде што нели се прикажува како е креаиран фејсбук, инспириран сум да напишам два-три реда што јас мислам за фејсбук.
Седам на факс во бифе и гледам луѓе на фејсбук (скратено фб, колку мангупски звучи) се испоџапале по тоа компјутерите како леб и млеко без пари да даваат. Па уште пишуваат статуси “на предавања“ или на “или на факс, досадноо“ (без навреда на тие што имаат напишано барем еднаш), кој пусти предавања кој црни факултет, од кога на факултет се иде само да се дреме на фејсбук?! Не, моментот е кога внесуваш пасвордот и чекаш онака да ти се покаже почетната страна (посебно ако си гуштер на фб) и прво што гледаш е френд рикуестс а второ она што е нотификејшнс и двете со црвено, бреј бреј бреј, што повеќе тоа подобро, се радуваш (вклучувајќи ме и мене) како мало дете на шеќерно стапче, момент вреден милиони. Ги триеш рацете и не знаеш од кај да почнеш. Идеме на валл, или волл, таму каде што се наоѓаат сите мали идиотски постови кои немаат смисла ама баш никаква. Крај со крај не се гледа. Кој пишал братт како еее, позз, кај си ма ти?, јадам кобасици и си уживкам, се туширам, хепи сум, сега сум сингл и сум најсреќна, и ред други глупости кои на луѓево им изгледаат сосем нормално. А најјако е “inbox срце, имам нешто да ти кажам”, демек нема друг начин на споделување инфо освен инбоксот на фејсбук. После приватност имале луѓето, да имаат али кој паметен ја зачувува за себе. Мангуп си ако кажуваш во секој момент кај си бил, што си правеел, со кого/ја си се е... До кога со тие извртени вредности. Младинава забегува.



Понатаму, ако имаш многууу пријатели и многуу слики и многууу коментари (главните на фб) е тогаш си од оние што киснат на фб тоест фб адиктс. Што повеќе на фб повеќе шанси за френдс, повеќе френдс повеке коментс, повеке коментс повеќе се итн. Да продолжиме со нашата иронија, има и такви шо бараат љубов на фб. Да да бараат сродни души, (со извинение за тие што си нашле) и курвичиња и бештии кој кај нив горе доле имаат некоја шанса. Изгубени во сфемирот последна надеж да ебнеш нешто на фб..колку само добро звучи а?? Па и затоа е креиран (барем така рече Марк Зукерберг во филмот). Идете издркајте се еднаш полесно ќе ви биде. Де бре луѓе од кога фб стана калакурница?? Од секогаш било, е, и ќе биде. Се додека ги има таканаречените пчелички (девојки кои летаат од цвет на цвет, заслепени од големината, плодноста и ексклузивноста на цветот, без компас кај тераат) кои се сликаат во секое ВЦ во градот, во секој кревет и пред секој радијатор, ќе има и фб калакурница. Повеќе шанси имаш да прашаш некоја на кафе на фб и да ти каже да, отколку да ја прашаш каде било на друго место. Абе бесмислени работи, продукт на модерното информациско општество кое полека но сигурно не претвара во имбецилис пензис инвалидис.



Продолжувајки понатака, има и хроници што поминуваат повеќе од 8 саати на ден (да, да има и такви) се за итен преглед и со потецијално тешко заболување, бидејки ако едноставно калкулираш еден месец по 8 саати тоа се 240 саати, за 12 месеци тоа ти се 2880 саати или еднакво на 120 дена, или еден семестар на факс. И после три години активно користење фејсбук автоматски си Дипломиран Фејсбук Пациент по лајкување, коментирање, јадење бурек, чатување и постирање, отсек-манијачење (за мажите). Му доаѓа нешто како новинар, што сепак не е лош занает (не во нашата држава, кај нас се е наопаку). Ова ако учиш по новата програма кредит трансфер систем, али ништо не си само со првиот циклус на студии, мора специјализација. Немој не ме радуј, со вакви факти кои до хрониците едноставно не допираат (нема ни потреба нека скапаат на фб), треба алармантно да се размисли и да се просветли разумот и рационалното мислење. Него проблемот е во главата, не таа горната, долната (за машките се однесува). Ќе слушнеш чаршиски муабети како некој ковнал некоја во рекордно брзо време а ја запознал на фејс, па ќе слушнеш дека некоја прифаќала секој и за паричка се дупсала, и одма мотивацијата и слепилото за фејсбук се поголеми. Јебига долна глава мисли горна за жал поретко, и мислат дека ако го заурдат малку после бачило ќе отвараат, епа драги мои тоа не иде така, за бачило треба многу прскање и многу канти поликолор.


Повеќето ќе мислат (логично) дека овој текст е напишан од некое исфрустрирано копиле кое неможе да легне некоја или од некој гиик со наочарчиња и нема што да прави па пишува глупости, но за жал не е така. Едноставно работите се така какви што се, а фејсбук е генијално креирана социјална мрежа, али јебига кај нас лесно се забегува. Ај доста лафам, идам малку на чат на фејсбук, а вие драги мои останете ми така ;)
 
Леле, 65та тема за фејсбук. Имате теми, не мора за секое нешто нова да отварате. Клуч додека не се спои со соодветната тема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom