Во последно време, на Фејсбук актуелни се многу страници за препродажба на различни работи, од патики, облека, спортска опрема, накит и т.н.
Најголем дел функционираат од типот на праќање на пратките преку компаниите за превоз на пратки(ГЛС, БрзаПратка,Карго и т.н.), кое е вашето мислење за нив?
Колку е сето ова легално?
Впрочем кога сме кај нив може да дискутираме и за многуте страни за интернет продажба што доста се актуелизираат оваа година(гардемода, 24купи, купиоддома, еКупи и т.н.)
Кое е вашето мислење, дали кај нас е застапен овој тип продажба или сеуште македонскиот менталитет не ни дозволува да купуваме нешто на невидено?

Шала на страна од МКД страниве сега за сега нема шанси да порачам нешто затоа што од лично искуство имав две не толку непријатни искуства. Едното беше на една фб страна за парфеми а другата за патики. И во првиот и во вториот случај кога побарав барем една live слика да ми прати (не цела фото сесија) од производот што го сакав, одговорот беше: ,,-Па ете ја на фб ја имаш, истата е" а сликите сироти ,,позајемни" од други сајтови или директно од чичко google. Ништо чудно од фб страничкиве некој ден да се добие