Фан клуб:Вардар!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам ќе се собереме добра бројка па може да пробаме и да навиваме зашто да не, ЦПБ нема да бидат присутни колку што знам забрана имаат... :))
 
Комити, дали ова значи дека планирате да навивате во кошарка? Ако можи нека ми одговори некој оти не сум во тек!
 
Комити, дали ова значи дека планирате да навивате во кошарка? Ако можи нека ми одговори некој оти не сум во тек!
Ништо организирано, а Комити немаат ни најавено присуство. Туку повеќе симпатизери може да се собереме и да си навиваме нешто слично како преклани пред да паднеме у втора лига...
 
Комити, дали ова значи дека планирате да навивате во кошарка? Ако можи нека ми одговори некој оти не сум во тек!
Не би требало. Многу е тешко да навиваш во 3 спорта, фудбал,ракомет,баскет.... Термини ќе се поклопуваат на утакмици, а и ептен заморно е....
 

Инаку првенството старува во сабота. Вардар гостува кај најтрофејниот Работнички.
Мечот е од 18 часот. Најверојатно ќе присуствувам на мечов, а сигурен сум дека ќе има барем уште 50-тина симпатизери на Вардар. Сабајлето играме дерби во фудбал со Работнички, па ќе си имам двојна програма :D
A да не си грешка, мајсторе?
Се надевам ќе се собереме добра бројка па може да пробаме и да навиваме зашто да не, ЦПБ нема да бидат присутни колку што знам забрана имаат... :))
Како бе може да имаат забрана?! Од кај ги вадите информацииве???
Комити, дали ова значи дека планирате да навивате во кошарка? Ако можи нека ми одговори некој оти не сум во тек!
НЕ! Од кај извади таков заклучок???
 
A да не си грешка, мајсторе?

Како бе може да имаат забрана?! Од кај ги вадите информацииве???


Хахаха на Металург мислев :D
Фала на поправка:)

Инаку мислам дека ЦПБ имаа бојкот само за суперкупот, во сабота ќе си навиваат!
 
Искрено не знам од кај ми е информацијата но мислам мој другар ми рече дека немало да се иде, мање битно тоа ние не идеме ни за Работнички ни за ЦПБ само ВАРДАР !! :)
 
Има нешто официјално дали Вардар го доби службено натпреварот или на крај Работнички ќе бидат победници?
 
Нема ништо официјално, сепак мислам дека Работнички ќе ја добие 20-0...
Сите знаеме какви се односите КК Вардар-федерација:tapp:
--- надополнето: Oct 15, 2011 6:25 PM ---
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=1598
--- надополнето: Oct 15, 2011 6:29 PM ---
Наредниве денови ќе се реши али Вардар сигурно нема да ја добие...
Еве малку пошироко за случајот...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=1599
 
Вардар и официјално доаѓа до првата победа годинава. Сосема оправдано вардар го доби дуелот на зелената маса.
Работнички-Вардар 0-20!
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3EE3A87F20FFAB44B7241AD0CEF34A0A
Гази стариов:icon_lol:

Наместо во играчите кои се загреваа пред средбата и самите се прашуваа дали ќе се игра дуелот, откако управата на Работнички донесе пари, сите очи на теренот беа вперени во почесниот претседател на KK Вардар 2000, Владимир Воиновски. Тој сметаше дека неговиот тим не треба да игра и цврсто остана на одлуката.

- Вардар бара исклучиво почитување на прописите на МKФ. Во федерацијата си постојат Правилник за натпреварување и Пропозиции. На Здружението беше донесена едногласна одлука дека кој нема да ги намири долговите, нема да игра. Беше даден и дополнителен рок. Вардар ги исполни обврските, долговите претходно ги имавме платено, сега си плативме котизација. Работнички во дадениот рок не ги плати ни долговите ни котизацијата. Сега носат кеш, што е кривично дело. Ако примите пари во готовина од правно лице, тоа е кривично дело, и ние ќе пријавиме кај органите на МВР - беше објаснувањето на Воиновски, кој ја врши функцијата почесен претседател на клубот кој експресно се врати во Првата лига.

Овој несакан настан спроти почетокот на јубилејниот 20. шампионат се случува по нецел месец од големиот успех на македонската репрезентација на ЕП во Литванија. Очигледно е дека клупската е далеку зад репрезентативната кошарка.

- Нема Македонец кој не го поздрави успехот на репрезентацијата. Од тие 12 што играа на Евробаскетот, шестмина се поранешни вардарци. Лани Федерацијата н` исфрли од прва лига, откако службено ни одзедоа бод, 48 дена по поднесувањето жалба. А, ние баравме да играме, ништо повеќе. Вардар е првак во конкуренција на играчи до 20, 18 и 16 години, но тоа не се цени. Kаде е иднината на македонската кошарка - прашува Воиновски, според кого, дописното вонредно собрание не постои во законите, и тоа исто така претставува кривично дело злоупотреба на службена должност и фалсификување документи. Викендов клубовите по писмен пат се изјаснуваа дали се за промена на правилото за задолжителен настап на млади играчи во првото полувреме од натпреварите.
--- надополнето: Oct 17, 2011 9:53 PM ---
Ништо од Јане...
Еве го составот на Вардар за оваа сезона :

Дарко Радуловиќ
Филип Кралевски
Ангел Тасевски
Александро Ѓорѓиоски
Војче Лефкоски
Андреј Билјановски
Владимир Петровски
Владимир Готиќ
Александар Штерјов
Александар Стефановски
Владимир Георгиевски
Дарко Костески
Александар Костадинов
Мартин Давитков
Предраг Пајиќ

Од овие Петровски, Гојиќ, Давитков, Биљановски, Пајиќ и Лефковски се приклулчуваат од тимот кој лани беше младински шампион на Македонија.

Вардар е единствен тим без странци во лигата:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom