Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
На денешен ден пред точно 60 години се “роди“ ФК ТЕТЕКС, гордоста на Тетово и симболот на македонизмот. Живеј вечно !!!

Тетово е град со најстара фудбалска традиција во Македонија.
Фудбалскиот клуб Љуботен беше формиран во далечните дваесеетти години од минатиот век и заедно со сплитски Хајдук беа најстарите клубови во СФРЈ.Во редовите на овој клуб продефилираа бројни тетовци кои меѓу населението ја всадија љубовта кон овој спорт и предонесоа фудбалот набрзо да стане најважната споредна работа на светот и во Тетовско.
Во 1953 година,само две години од постоењето на Волнарскиот комбинат"Тодор Циповски-Мерџан" познат како "Тетекс" , на 18 февруари 1953 година , по иницијатива на Андро Јанковски,тогашен комерцијален директор на Комбинатот и познатиот спортски работник и вљубеник во фудбалот Александар Апостолов,во рамките на Комбинатот беше формиран Фудбалскиот клуб ТЕКСТИЛЕЦ. Формирањето на Текстилец , кој ова име ќе го носи до 1961 година,кога ќе биде преименуван во ФК ТЕТЕКС, беше условено од потребата,како што беше тогаш речено , за развој на спортот меѓу работниците. Иницијативата ќе биде прифатена со задоволство, а Љуботен, најстариот тетовски фудбалски клуб и еден од најстарите во Македонија, ќе добие достоен ривал кој со текот на времето ќе ја надмине славата на својот постар брат.
Педесеттите години од дваесетиот век беа години на процут на фудбалскиот спорт во градот под Шар Планина.Дуелите меѓу месните ривали Текстилец и Љуботен секогаш привлекуваа голем број на гледачи на стариот градски стадион кој тогаш беше нов,ограден со зидови и со изградена бетонска тибина во 1952 година.Тоа беа вистински спортски настани за градот и околината,кои беа предмет на разговори долго пред тие да се одиграат и долго време потоа.Единствено речено градот живееше со фудбалот и за фудбалот.Симпатизерите на фудбалот во Тетово се поделија на два табота, а меѓу екипите се разви здрава конкуренција која неминовно водеше кон повисок квалитет во играта..

183657_147459988651432_918217_n.jpg
 
За многу године нека е, живеј вечно!!
Малку ретро:

ФК Пирот - ФК Тетекс (Втора Југословенска лига)
47783_10200244784834380_195142960_n.jpg


ФК Тетекс - ФК Црвена Звезда
421790_10200244794874631_276884793_n.jpg


ФК Текстилец (1953)
319563_231594453571060_181955589_n.jpg
 
Значи конечниот список за пролетниов дел:

Голмани: Јорде Георгиевски, Ванче Манчевски и Дејан Силјановски.

Одбрана: Драган Наумовски, Егзон Бејтулаи, Игор Кралевски, Владимир Секуловски, Влатко Дробаров, Никола Карчев, Александар Крстески и Златко Ристов.

Средина: Дарко Мицевски, Роберт Лазаровски, Блашко Николовски, Александар Урошевиќ, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Никола Петковски (?), Мирослав Јовановски, Мартин Блажевски и Иван Настески.

Напад: Филип Петковски, Драган Начевски и Генц Исени.

Болдираните са тиа што дојдоа оваја зима.

Епа со ваков тим ако не успеемо да останемо у лига, нека ида у пи*ку матер свите!
 
Metalurg - Teteks .. prognoza?
Мислим дека ќе им извадимо бод мора со појаките екипи да ваѓамо бодоој ако сакамо да се спасимо
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 20:08 ---
А кој ќе видиш падна шкендија па зашто да не падне и металург ? :)
 
Metalurg - Teteks .. prognoza?
Абе сега зависи од тоа колку е уигран тимов, има баеѓи нови играчи, па ќе видимо како ќе биде. Ама секој бод е важен у пролетниов дел, таке да мора да се земе макар бод од утакмицава.
Металург има добар тим, ама знаемо свите дека игра многу килаво, па ја сум оптимист дека може да им парирамо.
 
Мислим дека ќе им извадимо бод мора со појаките екипи да ваѓамо бодоој ако сакамо да се спасимо
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 20:08 ---
А кој ќе видиш падна шкендија па зашто да не падне и металург ? :)
Памтете ми го муабетов....ќе ги утепате Металург !! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom