Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
^ Па бш затоа ќе се игра у Боговиње, зошто е апла двојка наместена. Не се прајте и вие будали, ка да незнаете кј живите.
И полаку со твоето размислуење не ти доликуе да вреѓаш ... несакам да навлагам у тоа ама ете Тетекс денеска победи 2 : 1,сеа целта на Брацо може да му биде Тетекс и само Тетекс чудо Вардар не не победи затоа може и не врне више....
 
Честито победа браќа, барем вие да се спасите кога ние веќе неможеме... :)
 
Чудo победивмо.....Ја реков бркменот ја наместил да тепа Вардар ама ништо голема победа за Тетекс :) И спремајте се за финале се ближи 24 :D
 
Глигоровски ја "запечати" срамната пролет на Вардар!
048416D01C16AF44B44654DCBAF1A759.JPG
Со далеку поизразена желба да стигнат до бодовите фудбалерите на Тетекс дојдоа до триумф над Вардар со кој за првпат во својата историја некогаш македонската фудбалска гордост се сели во понизик ранг на натпреварување
Триумфирајќи сосема заслужено над "братски" Вардар, фудбалерите на Тетекс вчера во Боговиње направија огромен чекор кон избегнување на баражот за опстанок во прволигашкото друштво, а на тој начин дефинитивно сместувајќи го најтрофејниот македонски клуб онаму каде и заслужува според изданијата на зелениот терен оваа пролет - на дното од македонскиот фудбал кое значи преселба во второлигашка конкуренција.


Со оваа победа речиси опстанавме и го избегнуваме баражот...Следно коло гостуваме кај Металург па за на крај го пречекуваме Пелистер...Во Скопје и да изгубиме, дома доколку победиме со Пелистер сигурни сме и повторно ќе гледаме прволигашки фудбал,уште нешто полека полека и купов да го земемо а утре свирка за Тетекс и Војводи за големото финале во One Place карта 50 ден. сите пари ќе се искористат за финалето во Прилеп...Па..... ДОЈДИ И ТИ !!!:)
 
Еве уште една добра најава за финалето

Иначе Војводи не заборавајте вечерва после 21:00 Свирка за Тетекс во OnePlace Или City Заедно со Т-Клан,Оки Доки и за прв пат настап на Хаос 1988 :) Карта 50 ден сите пари ќе одат за потребите на навивачката група Војводи за финалниот натпревар на Тетекс
 
Тетекс остана без лиценца
Годинава бранителот на куп-трофејот Тетекс од Тетово остана без лиценца за настап на меѓународната сцена бидејќи не ги исполнува критериумите пропишани според лиценцниот систем. Тетовци нема да играат на меѓународната сцена и да победат во финалето со Металург.

Вакви стандарди со национално лиценцирање ќе важат и за составот на домашната лига.
Незнам после ова колкав е мотивот на играчите за ова куп финале...Заспана управа имамо, ФК Три Чешме да ја имаја оваја шанса сигурен сум дека ќе добиеја лиценца..Жалосно :toe:
 
^^
Ова од денеска е или од порано што беше напишано?? Дај кажи го изворот, ка што знам имаме шанси за Европа само да се сределе некои документи...
http://ffm.com.mk/index.php?option=...1:-2011-&catid=55:--410-200&Itemid=97&lang=mk
Претпладнево во просториите на ФФМ се одржа пред конференција на финалистите на националниот фудбалки куп кој е закажан за во вторник во Прилеп со почеток во 16ч.



Претставниците и на Металург и на Тетекс изразија респект кон противникот и најавија неизвесно и квалитетно финале.

Тренерот на ФК Металург , Жикица Тасевски изрази желба , неговиот клуб да го освои првиот историски трофеј:

-Тетекс е квалитетен клуб, со искусни фудбалери како што е капитенот Захариевски кој има големо интернационално искуство, сепак сметам дека имаме одлична полусезона во која играме стабилно, квалитетно со форма во нагорна линија и затоа ја прифаќам улогата на фаворит. Досега имам финале со ФК Маџари како играч и со Работнички како помошник тренер, што значи посакувам трета среќа и победа на нашиот тим.

Игра на победа и голем мотив кај соиграчите најави и капитенот Мирослав Вајс кој шансата ја гледа во поквалитетните поединци и големиот професионализам кој владее на организациски план во клубот.

- И покрај проблемите што ги имаме во последно време , сепак сметам дека играчите се подготвени да го дадат максимумот, бидејќи вакви натпревари не се играат често. Наша желба и чест е да играме за нашите верни навивачи „војводи" и да го одбраниме трофејот истакна тренерот на ФК Тетекс, Тони Јакимовски.

Срѓан Захариевски , капитенот на Тетекс е еден од најискусните во обете екипи го игра 5. Финале и очекува „штофарите" да го дадат максимумот и да го освојат и вториот трофеј.

- Куп натпреварите се секогаш неизвесни и непредвидливи. Овојпат против себе го имаме Металург кој го сметам за олицетворение на клуб како што треба да биде организиран во Македонија и затоа сметам дека имаме тешка задача, но фокусирани сме на нашата игра, мотивирани сме и можеме да го изненадиме фаворитот- изјави капитенот на тетовскиот тим.

Натпреварот се игра на 24. Мај во Прилеп со почеток во 16ч. Според пропозициите во случај на нерешен резултат ќе се играат продолжетоци а потоа се изведуваат и пенали. Главен судија е Зоран Бошков. Натпреварот директно ќе го пренесува МТВ.
 
^^
Се е можно у Македонија :)
Ставајте сите потписи како мојот... да се рашири веста... идеемооооооооооооооооооооооо :)
 
Како што вчера ми реце еден играч на Тетекс Жаре рекол дека ќе добиеме лиценца :helou:
 
се надевам дека у вторник ќе се ослободим од работа и ќе дојдем.да се играше у скопје сигурно доаѓав ама вака тешко ќе биде.со носење на купот у прилеп ја усраја работава за многу људи.по педерска организација од ффм нити имало нити ќе има.
 
се надевам дека у вторник ќе се ослободим од работа и ќе дојдем.да се играше у скопје сигурно доаѓав ама вака тешко ќе биде.со носење на купот у прилеп ја усраја работава за многу људи.по педерска организација од ффм нити имало нити ќе има.
Ја па брат од трета смена директно...значи ќе бидем као полу жив цел ден:pos2: али јбг мора да се иде,само ме чуди глупациве од ФФМ како не напраеја да се игра од 11 сабајле..:tapp:
 
Денеска е првиот ден што ми е срам што сум член на Војводи. До вчера јасно ги напаѓавме Балистите како партиски слуги, а денеска Војводи се сретнале со носителот на ДПМНЕ во Тетово. До кај беше сега ДПМНЕ да помогне, доста не користат како џокер пред избори .... http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=12716
 
^ Војводи_те секој има партиски определби а тие што се знаемо за кој се збори тоа се друштво и едноставно се поддржувачи на таја партија...Ние ако смо се смееле за некоја навивачка група за партиска определба тоа е затоа што сите членови 18+ гласаат да речемо за одредена партија тоа му доаѓа како насилно гласање или пак со други зборови принудно... Туку не се сега тема паритеве и избориве кој ги шиша ,нека каже некој кога точно се тргнуе во Вторник за Прилеп...Уште нешто Тетекс мирно ќе го изигра последното коло затоа што им бега на бараж зоната 4 бода...Комплетно да му се посветимо на финалево....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom